Здраво.За која фарба се работи.Не ми отвара.И дали сеуште се фарбаш со фарбиве.Како си задоволна длаи ја сушат косата.
Женски да ве прашам нешто, јас имам така светло кафеава коса ама косата од сонце ми има некои портокалови нијанси , портокалов отсјај. Која кафеава фарба да ја ставам за малце да го затемнам портокаловото , ама да не ми стане плус портокалова?
Ајде бринети помагајте. Природна нијанса ми е темно кафено но фарбана сум плава, ама она баш плава сива бела... значи редовно ставам бланш . Но сега ми текна нешто да си ја вратам кафеавата па да ми препорачате добра фарба, марка и број за да добијам вваква некоја боја без црвено портокалови сјајови
Јас го постигнав тоа со loreal excellence фарбата. И за чудо не ми паѓа бојата со миење. Малку е поскапа (550 ден), ама мн сум задоволна. Ако сакаш можам да ти пратам слика од пред и потоа во ЛП.
Здраво. Дали можеби знаете која цена е Butter color na Subrina? Ми рекоа ја имало во тинекс. Исто ако некоја од вас ја користела нека пише искуство. Фала ви. Поздрав.
Треба да се советуваш со физерот/фризерката да ти препорача фарба со графит. Дел од фарбите, не знам како одеа точно (зависи и брендот), пример 7.1 или 8.1 имаат графит и се направени со таа намена. Имаат сиви тонови во нивниот состав и ги покриваат природните жолти\портокалови пигменти.
И мене ме интересира дали паѓа бојата. Неколку пату сум ја пробала Garnier но по две миења нијансата се сменува. Добра фарба, светло кафена што трае?
Здраво, ја осветлив косата со спрејот од ДМ пред 2 месеци ,но ми рекоа дека бил поштетен од фарбите и престанав да го користам. Ми се осветли доста ,накај жолтеникаво ми е,сега сакам да ја исфарбам исто плава ,некоја препорака за фарба што не ја суши многу косата? ама да е до 350 денари фала