Девојки, пред извесно време се фарбав на фризер со Revlonissimo 8.24 (Light Copper Pearl Blond). Дали некаде сте ја виделе низ продавнициве во Скопје таа фарба, и која цена е? Дај кажете ако знаете некоја соодветна замена за таа фарба, подостапна што е? Фалааа
Сите што сум ги пробала ми се горе долу исти, освен Garnier што е некако најкраткотрајна и бојата нема некој особен интензитет.
Јас со Гарние се фарбав два пати до сега ама многу брзо ми паѓа бојата. Од која фарба бојата стои подолго? Имам купено Сајос ама не ми е пробана се уште.
Не ти ја суши косата? Јас неколку месеци се фарбав, ама сува ми стои некако. Ишишав краток боб, сега ми фуфка пак да ставам од нејзе.
Да, ми ја суши косата повеќе од останатите фарби.. за жал. Ама гледам барем 2 пати годишно да вадам прамени на фризер со бланш, а останатите месеци да се фарбам , само со оваа фарба ја добивам посакуваната нијанса (колку расте коренот со фарбава добивам некоја беж боја )