@Momichka како ти фаќа 7.1 бојата? Јас ја користам истата нијанса од други фарби, некогаш не фаќа сивкасто, на портокалово оди.
@kristina.k тоа ти е од нашата природна пигментација. точка .1 е графитот кој дава сивкаво на косата, да го загуши портокаловото. Треба да се фарбам неделава. ќе се потрудам да не забравам ви сликнам. @srekice жалам ама не знам за плава.
Igora Royal Color Creme, Wella Koleston Perfekt me или Evolution би ја препорале за нијанса 7.1? Веќе се фарбам со нијансава ама од друга фарба, но забележувам дека ми е прејака, т.е ми ја суши косата, па сакам да сменам. Бидејќи не знам кој процент на хидроген го има во фарбава што ја користам, сакам да купам посебно 6%. Мислите ќе биде доволен?
Искрено кај мене и никоја фарба не трае повеќе од две недели. Не знам дали е до косава или до фарбите? Да се чуди човек. Ма да до костата ќе да е, дива е веќе дека ми е голем дел побелена. Сега нешто се премислувам, се мислам дали да ја бланширам дома, да ја дооштетам де и да ја исфарбам со 8.1. Имаш искуство со посветлава нијанса? Или која од наведениве фарби би била подобар избор според тебе? Фала
На бланширана коса ја имам ставано 7.1 и на не бланширана. Исто е. 8.1 ако не е бланширана само ќе ја пожолти косата и тоа пробав Каква сакаш да ти биде а каква ти е сега?
Ако ти е само за одржување на бојата и 3% е доволен. Ама и со 6% можеш. Од еволушн не сум задоволна, игора ги фалат многу ама немам искуство, последен период користам колестон и ја препорачувам. Да се бланшираш сама дома ако немаш искуство е ризик да се направиш жолта или портокалова, што со тонер нема да се покрие. Ама ако си на мерак за бланширање, можеш на инстаграм да погледнеш видео некое на Brad Mondo и Hair Buddha често даваат совети за околу тоа како правилно да ја бланшираш косата дома.
@wannaBeMomma И јас не гледам некоја огромна разлика од бланширана и не бланширана со нијансата 7.1. Затоа и мислев да одам посвето со бланш. Моментално имам некоја светло кафеава, медова, дарк блонд значи сите на мене. А сакам да добијам некоја среден ладен блонд. Значи не екстемен блонд. Колку помалку да ми се познаваат седите влакна. Можеби некој ден да одам и до некоја сива и да престанам да се фарбам. На пример, од ова До или еден ден до Вака ми е убава само една недела косава и то од ко ќе ја офарбам и две миења трае, после тоа почнува да паѓа фарбата и над ушите и долната страна ми се потемни а од горе ми е посветла и не е рамномерно, па ме нервира. Бланш уствари мора во секој случај, кога ќе размислам. @Yowannty фала за препораката за фарба. Во иднина ќе ја пробам.Да се имам предходно сама дома бланширано.Со бланш некој без амонијак, демек да не ја оштетува косата и дава само мал лифт. Од една до две нијанси. Портокаловото вриштеше за сите пари, точно. Ама ми се јави некоја желба за промена. Кога разумно ќе помислам, дома сама нема да можам да ја остварам намислава. На физер опцијата у дојчланд ми е 300+ еу. Поефтино ми е да платам лет и за викенд да си одам мк. Што веројатно и ќе ја направам . Фала женски
Девојки, препорака за убава црна фарба за коса? Ми се смачи од осветлен корен, црвен и кафеавкаст. Сакам убава црна нијанса, темна боја низ цела коса. Се изнагледав низ СК девојки со преубави црни коси
Само знај и со неа мака ќе имаш,еве јас сум жив пример за две недели белите почнуваат да ми се познават,нема фарба која не ја пробав,ама пак од друга страна многу често ја мијам,мрсна ми е многу
Aura velvet ton black 1 Еве ја мојава коса кога бев црна , се фарбав на 25 дена , немам бели влакна ама мене оваа фарба ми беше најтрајна во однос на паѓање на бојата
Препорачајте ми марка на фарба за темна кафеава. Се фарбам со гарниер со години ама последниве неколку пати не ми се допаѓа не знам зошто, многу ми свети и прелива. Сакам нешто по мат. И да можам да ја купам од маркет.
Не се фарбам јас, ама од она што приметив кај мајка ми Шварцкоф најмногу ми се допадна ама купена во странство. Овде квалитетот не е исти.