Гледам дека доста нијанси од фарби на Лореал ги нема кај нас. Дали постои некоја страна од која може да се нарачаат?
Жени Кажувајте марка за фарбање на коса но да е костенлива боја.И да не е Miss Magic . Важно е да ми дава светлина и убаво да ми стои на глава. Фала однапред
Според мене најтрајни се боите на keune. И најмногу ми се допаѓа што не е течна фарбата кога ќе се помеша со хидроген.
Имам прашање, не сум се фарбала до сега, само сум се шатирала еднаш годишно, но сега забележав полно бели влакна напред на косава, и сега се мислам која фарба има најслаб хидроген дали е тоа 3%?? И каква боја се добива со 3 постотен хидроген, има ли послаб? Негде прочитав дека има и 1.5% хидроген? Ако се фарбал некој со овакви слаби хидрогени да препорача некоја фарба и да ми каже ако може каква боја се добива на косата? И дали е трајна фарбата колку време трае.
Фарбите по маркети најчесто имаат појак хидроген внатре во кутивчето, веројатно од 6% нагоре, зависи каква боја е во прашање, не знам. Јас се фарбам со Garnier S9 и најчесто си докупувам 3% хидроген од hairshop. Како емулзија е, Inebrya professional. Си вадам руси прамени и мојата природна коса е светла. Супер ми фаќа, не е платинум блонд туку бебешко руса и вадам прамени од сегменти само, не се фарбам цела сосе корен. Но, нема некоја разлика хидрогенот во однос на тоа колку ќе трае самата боја, туку има разлика во тонот што ќе го извади - ова конкретно кај руса коса (колку појак хидроген, толку е поголема веројатноста финалната боја да мава на жолто). Пиши што боја конкретно планираш да се фарбаш, па ќе се најде некоја комбинација.
Сама, без капа. По некоја моја логика бирам делови, според тоа што имам гледано како правела фризерката додека се средував на фризер.
Стануваат жолти во летниот период само, кога се изложувам повеќе на сонце. Се средувам со виолетов шампон тогаш. А бојата што ја добивам не е бела, ми излегува отприлика ко косата на Amanda Seyfried. Мојата природна коса е некоја нијанса потемна од таа боја, па ми се свиѓа затоа што не е некоја огромна разлика а сепак се гледа дека нешто е правено со косата и ми дава некоја димензија.
Pozdrav, predlog za crna boja za kosa, jas celo vreme se farbam so knna, nikogas nemam staveno farba, i nemam poim koja e podobra i da bide bez amonijak bidejki imam slusano deka od nego opagja kosata...
Немој со кна, мене ми паѓаше косата од кната Јас црна кога се фарбав , најдобри фарби ми беа Сајос и Палете делукс, нијанса blue black , одлични и трајни фарби
Здраво, барам фарба Evolution7.4, но ме можам да ја најдам баш таа нијанса, барав во Дм и Веро. Каде би можело да ја има?