јас еднаш си прашав во сдп, па ај сега и овде која фарба да ја земам за да ми испадне бојата убава и впечтлива тегет? ја користев на Палете, ама не ми дава таква ептен нијанса и брзо ми паѓа бојата. исто ја имам користено и на Кене, ама некако светлуцава тегет ми е Која ми ја препорачувате вие? и дали знаете каде се продаваат преливите за коса (кои се ставаат после фарбањето нели, за да добиеш нијанса)?
Тие даваат црвенкаст сјај само ако не е неутрализирана природната боја. Ако имаш потемен пигмент на влакното, значи црн, кога се бланшира за да се вади темниот пигмент, влакното добива портокалова до црвена боја. Ако таа боја не се неутрализира, кога ќе ја бојадисуваш косата, особено руса, добиваш црвенкаст сјај. Затоа, ако од бринети сакате да станете русокоси, правете го тоа на фризер.
Ne sum se farbala nikogas sega sakam da probam... Dali sum vo pravo ovie sto se na Palete i Garnier Color & shine bez amonijak se kolor samponi? vika deka pagja bojata za 6-8 nedeli, mene me interesira dali ke padne bas cela?? Mislam dali ke mi bide mojata boja posle tie 6-8 nedeli? Fala vi [mod-kirilica:3gs5hb1r][/mod-kirilica:3gs5hb1r]
Да ме интересира ова,Ве молам некој дали пробал Лореал Кастинг без амонијак ме интересираат ефектите. Исто по можност блондинка
eve eden sovet za blondinkite Garnier ubavi se sodzat razni masla sto ja hranat kosata,za za platinesta boja bas svetla bebesko plava e 101 super nijansa mene super mi faka so 9%hidrogen...pozzzz
L'Oreal Casting е колор шампон, не е фарба. Јас лично ги немам пробано, ама моја братучетка ги користеше. И даваат убав сјај и боја на косата, ама не трае долго. Инаку, мислам дека е малку прескап како за колор шампон.
eugen perma, јас бев фарбана бордо, и со едно фарбање се доби медова боја, со тоа што претходно ми ставија деколоризатор... не е битно тоа сеа, битно eugen perma се најдобри
Се фарбам плава веќе подолго време, можеби 4-5 години и повеќе. Имам појачано опаѓање на косата поради некои стресови но мислам дека полека се стабилизира, особено откако почнав со терапија. Е сега да не бидам многу офф топик, сакам да почнам да се бојам со фарба за коса без амонијак (инаку да не се фарбам некако ми е нон сенс бидејќи имам МНОГУ седи влакна). Ме интересираат L'oreal Casting 900 и Gаrnier HerbaShine 900 Природно имам светлосмеѓа коса, и имам доста седи, и не знам како би ми фатило, не мора да е многу светла плава, но барем да е медиум плава. Има ли некоја од вас искуство со некоја од овие две бои, или пак дали има плавуши што се боите со послаби бои без амонијак?
Јас се фарбам со Гарние 111, добра е ама многу бргу паѓа. Да си прашам јас нешто, сакам да се фарбам кафеава, ама махагони кафеава со сјај, која фарба ми ја препорачувате. Инаку се фарбав до сега плава, а сакам отприлика ваква боја да добијам
Ме интересира дали слушнала некоја од вас за New Classic Color фарба за коса, пошо таква ми дадоа у КИМ Бисер демек била Igora Royal а нигде не и пишуе такво нешто... ?!
Јас се фарбам со Палете и сум задоволна бојата на косата ни енијанса потемна од природната. Палетето ми е и убава и ефтина со оглед на тоа дека имам многу долга коса е фарбам со 2 фарби
Девојки ако се фарбате со Палете и гарниер и еволусн одма сменете ги косата брзо ке ви се оштети ке ви стане како метла и нема да имате убава боја како што посакувате,јас се фарбам со фарбите на ревлон кои се премногу добри,косата не ми е очтетена ама бас ич бојата ми стои 5 месеци значи никогаш не ја фарбам надолу за то период само коренот го фарбам тие 5 месеци ни нијанса не се менува,каква е на сликата таква и излегува што не е и вообичаено за др фарби,450 ден.е носе изплака што ако е скапа барем ке си имате неоштетена коса со преубав сјај и боја!!!!исто така добри се фарбите и на диксон која за разлика од ревлон(50мл) грамазата и е поголема и е 120 мл и е исто така добра не ја оштетува косата и поевтино ке си поминете а ке имате убава боја 500 ден се и фарбите на глис се премногу добри така да послушајте ме нема да зазалите!!!!позз
Имам за Ревлон убави работи слушано ама една е 450-500 ден а мене 2 ми требаат и не ми се даваат 1 000 ден сега сум потрошена од празнициве
Јас мислам дека Гарниер се убави фарби за наш стандард. Не се премногу јаки, не ја оштетуваат скоро воопшто косата. Зависно од природната боја и пигментот, знаат да фатат многу приближно на сликата или пак малку потемно. Испирањето е релативно, но мислам дека скоро сите фарби на пазаров се испираат релативно брзо. Гарниер има одлична цена, просечни 130 денари за Color Naturlas и просечни 240 за Nutrisse.
Јас немам испробувано многу фарби, ама дефинитивно најдобра е Ревлон. 400 денари е и ја порачувам од кај фризерката, а бојата си стои неколку месеци и воопшто не ми е оштетена. Долго време неможев да си најдам убава нијанса, пошо со другите фарби се некако црвенкаста ми излегуваше, а Ревлонот има многу поубави нијанси и ми е баш како природна.