И јас слушнав многу пофалби за фарбите од Авон,си порачав денес и ќе почекам до петок да ми стигне па да пробам.
jas imav palete ali ic ne e ubava i zdrava za kosata....bojata e ok ali potoa po 3 nedeli pocna da mi pajga kosa
Ако зборуваш за едни понови, (не знам паковањето какво е, мислам дека тубата беше сива, тоа успеав да го видам додека фризерката ги мешаше ), тогаш имам одлично искуство со нив. Преубави се, воопшто не ја сушат и оштетуваат косата како другите фарби. Убаво мирисаат, нијансите се супер, даваат супер сјај на косата.... Барем јас имам добро искуство со нив, не знам другите. Е сега, малку се поскапи, ама затоа вредат за парите што ќе ги дадеш.
Јас бидејки сум блондинка сто фарби до сега сум сменила и сите ме правеа жолта во косата ,посебно на палете,вака на слика убаво изгледаат али бојата !!! Најубава фарба до сега ми е ЕКСПЛИЦИД АУРА,и еве до сега ја користам веке 6-7 месеци ја опраив бојата баш таква сребрена како што сакам да ми биде,а и не паѓа така брзо и не пожолтува. Така да блондинки,пробајте ја нема да зажалите
да да 410 денари е една во веро ги гледав . за мојава коса 2 би требале. али не ми е жал за пари за коса кога се работи ама ич
Не сум ги пробала од Авон, а читам дека ги фалите. Ако ја зголемат палетата на бои тогаш би ги пробала, вака не ми се допаѓа единствената црвена што ја има во каталогот, премногу е темна. Јас кажав и во друга тема, ќе кажам и тука, не рекламирам ама Сајос се навистина преубави фарби, околу 180 денари се, секој може да ги оддвои од џебот, ем пристапна цена ем убава фарба. Наместо да лупате по 500 денари за фарби јас ви ја препорачувам оваа.
А имаат добри нијанси на црвена? (Не сум црвена , ама ќе бидам наскоро, па ме интересира ). Зашто, кога го гледав каталогот во Веро, нешто немаше голем избор на бои, ако добро се сеќавам...
Ќе се цитирам самата себе си, бидејќи бев скептик во однос на трајноста на бојата.Еве неколку пати ја миев косата и фарбата верувалеили не уште стои и плус бев плавуша претходно, така да со посветла основа, бојата брзо се одмива. Значи, фарбата докажа дека е квалитетна и веќе не ја менувам.
Имаат. Јас сум црвена и сум презадоволна. Имам постирано слика во "Бојадисување на косата" каква ми е бојата и сум јас лично на таа слика ден-два по фарбањето. Еве оваа фарба земи ја. Мислам само две нијанси дека имаат на црвено. Е сега нели, нормално дека ако си била предходно црна фарбана потемно ќе фати, или нема да фати ич, ама мислам дека на воопшто не бојадисана коса до сега ќе фати перфектно. Јас бев и бланширана предходно со црвен бланш некои 3 недели пред да се исфарбам со таа фарба и многу ми се допаѓа бојата што ја добив, Една година пробував да ја добијам со секакви фарби, имам користено и Субрина, Палете, Палете делукс, оние социјалките Бјути, и последно пред да се исфарбам со Сајос користев 2-3 пати Гарниер. Ниедна не ми се погоди како таа, конечно по една година фарбање и 2-3 бланширања ја добив бојата што ја сакав.
Фала на информациите Моментално сум темно кафеава, и ми досади, ќе се фарбам црвена. Не многу светло, нешто вакво како оваа нијанса, можно е да ја земам баш оваа фарба од Syoss. Прво ќе ја осветлам косата со деколорант, ме виде фризерката, рече дека нема да треба многу да посветлува и да се оштетува за да се добие убава нијанса, зашто користев фарби без амонијак, тие многу побрзо паѓаат од другите, па нема да имам голем проблем со осветлување на косата. Барем така ми кажа. Те прашувам ова за бојава, зашто пред 9-10 години бев црвена, се проверив дека супер ми стои , само што многу ме нервираше што сјајот на сите црвени фарби што ги користев (а појма немам кои ги користев тогаш, одамна беше) многу брзо паѓаа после фарбањето, и косата ми добиваше некоја не баш многу убава цигла боја. Има сега некоја црвена фарба, од било која марка, која барем малку подолго стои на косата? Да го има оној убав сјај и убава црвена боја како после фарбањето? Иста е работава со црвените фарби како од моето дамнешно искуство, или има нешто подобро и поквалитетно во денешно време? Секој совет е добредојден, фала ви однапред црвенокоси феминки!!
Лореал гарниер,тие се добри фарби за коса,плус новите што се без амонијак така да не ја оштетуваат косата многу многу.
Јас ја купив во Космо 290 денари е(кафените)се таа цена,црвените мислам дека се поскапи само.А хидроген нема внатре треба да си купиш нахнадно.Има од Кене мислам дека 50 ден.го платив. Поздрав.
Фала на информациите Моментално сум темно кафеава, и ми досади, ќе се фарбам црвена. Не многу светло, нешто вакво како оваа нијанса, можно е да ја земам баш оваа фарба од Syoss. Прво ќе ја осветлам косата со деколорант, ме виде фризерката, рече дека нема да треба многу да посветлува и да се оштетува за да се добие убава нијанса, зашто користев фарби без амонијак, тие многу побрзо паѓаат од другите, па нема да имам голем проблем со осветлување на косата. Барем така ми кажа. Те прашувам ова за бојава, зашто пред 9-10 години бев црвена, се проверив дека супер ми стои , само што многу ме нервираше што сјајот на сите црвени фарби што ги користев (а појма немам кои ги користев тогаш, одамна беше) многу брзо паѓаа после фарбањето, и косата ми добиваше некоја не баш многу убава цигла боја. Има сега некоја црвена фарба, од било која марка, која барем малку подолго стои на косата? Да го има оној убав сјај и убава црвена боја како после фарбањето? Иста е работава со црвените фарби како од моето дамнешно искуство, или има нешто подобро и поквалитетно во денешно време? Секој совет е добредојден, фала ви однапред црвенокоси феминки!! [/quote] Дури сега го гледам мислењево. Да знам за цигла бојата, и мене од другите фарби што ги користев ми паѓаше брзо бојата особено, значи потенцирам од срањето наречено Палете. Како бакарна боја добивав после неколку миења и маки мачев со бојата, која конечно успеав да ја добијам со гореспоменатата фарба. Еве од тогаш уште не сум фарбана, немам време, а богами ни пари моментално, а бојата уште си стои. значи не сум фарбана еден месец сигурно. сега малце е потерана на коренот нормално, ама бојата воглавно стои.
^ Офи мајка ми се фарба црвена со Палете (hI6 мислам дека порано се фарбаше) ама повеќе ја нема по продавнициве, види можеби ќе ја најдеш некаде, а многу беше убава бојата, даваше некој сјај така не ја правеше како исушена и мртва косата.