Бидејќи ми се пиеше какао а ме мрзеше да отидам в кујна и ѕвонев на мајка ми, која беше во дневна за да ми направи таа.
најмрзелива работа што ја направив е ме мрзеше да испаднам на табла на училиште па се направив глува кога наставничката рече да излезам. (а до некаде и не ја знаев задачата) Но за среќа во одделениоте има математчари а нема мрзи како мене..
Со сестра ми имаме кревет на два спрата. Креветите со поставени во форма на буквата Г Спојлер Т.е. вака Јас сум на вториот спрат, а далечинскиот беше на првиот спрат. И јас се закачив со нозете за мојот кревет и од горе се испружив со рацете до долниот кревет за да ги до земам далечинскиот затоа што ме мрзеше да се симнам по скалите до доле
Преморена, ме мрзело да облечам пижами и да си легнам да спијам па така во тренерки или фармерки сум лежела на кревет.
Освен тоа што од време на време има денови кога буквално ме мрзи да станам од кревет и што компјутерот го уклучувам исклучиво со нога, посериозни напади на мрзи немало.
Пред една недела си лежев во соба под топлите кебенца и гледав тв арно ама сакав да сменам програма не ми работи далечинското и ме мрзеше да станам дз менувам од тв и пишав порака на сестра ми кос беше доле на прв спрат да се качо да ми смени програма
На вакво време, најмногу ме мрзи да влезам да се бањам. Па се канам по пола саат, па влечам греалки во тоалет, полнам када... После па мака ми е да излезам. И вечерва, ме мрзеше да излезам.
Кога ме мрзи а често ме мрзи нешто на земја што е паднато дали некој предмет или облека исклучиво ја фаќам со ногата поточно со прстите од ногата и ја зафрлам наназад и го земам тогаш во раце.Ме мрзи да се наведнам и тоа најмногу ја нервиа мајка ми ехх ми вика годините да ти ги имаммрзата да ти ја немам ќеркооооо hahahahahaa
Со золва ми сакавме да пиеме нес , арно ама ме мрзеше да станам и да направам стана она да направи .. после пола саат канење
Земав да јадам и кога завршив и се јавив на мајка ми и и викам кога ке се вратиш од работа те чека масата да ја собереш
- Дремам под туш 2-3 саати затоа што ме мрзи да излезам, и после им чури на сите што нема вода, па хаос се дешава по дома. - Ја гасев струјата со папуча, а ми беше над глава и требаше само да станам. - Ми се случува да прекинам на пола реченица кога имам многу за раскажување. - Кога немам миени чаши по дома, пијам чај од тегли. Ритуал ми е тоа. - Константно си гладувам кога седам пред лаптоп, иако кујната ми е на неколку чекори. - Кога со денови не излегувам никаде, знам косава да си ја оставам мрсна до бесвест и така да си шетам по дома. - Еднаш имав напуштено час, за да идам дома да спијам. - Ако ме мрзи да викнам по некого дома, им пишувам пораки. Најчесто на мајка ми. - Ми се има случено со автобус да одам до последна станица, зашто нормално дека ме мрзеше да станам. - Имам една лоша навика во врска со добиеното, ама ај ќе си ќутам. - Ѕвонеше некој на врата и не му отворив. Се надевам ќе ми текне уште нешто.
Ме мрзеше да си земам пепељара па фино ги извадив 10-те преостанати цигари од кутијата и си тресев во неа . Ме мрзеше да го ставам телефонот на полнач ( и онака беше пред цркање ) и го оставив празен цели 2 дена . Ме мрзеше да барам друго масло во маркет , па го зедов она што го видов најблиску до мене . Моментално ме мрзи да станам да ги тргнам алиштата што ги ставив да се сушат на термо ( грејно тело , не знам дали има друго име ) .
Ме мрзи да одам во тоалет .. Да ги предиплам алиштата во шкафот на мм ( ќе биде 3 пат во една недела ) . Да си направам кафе