јас ги користам и двете...ја видов првотт пат по правецот на часовникот а после кога се загледав и го сменив правецот...значи ги употребувам и двете браво за мене....
ако се важи тоа тогаш и јас двете а тоа ли з начи ако успееш да го смениш правецот на девојката? дека и двете страни ги користите?
цитирам...вака пише под сликата...... Доколку се концентрирате и се задлабочите во анимацијата, можете да го промените правецот на движење. Ако успеете да го смените правецот, значи дека умеете да промените и дел од себеси. Обидете се! Незнам така јас мислам немам поима.....
Еве уште едно од Мотика. За да дознаете, само погледнете ја анимацијата и одговорете на прашањето: На која страна се движи вагонот? Ако вагонот се движи десно – кај вас повеќе е развиена левата хемисфера од мозокот, која е одговорна за вашите јазични вештини. Оваа хемисфера го контролира говорот и способноста за читање и пишување. Исто така вие лесно меморирате факти, имиња, датуми и сл. Информациите во левата комора се обработуваат последователно по етапи, па така левата полутопка е одговорна и за логиката и за анализата, како и за препознавањето на броевите и математичките симболи. Ако се движи лево – вашата десната хемисфера е поразвиена. Десната хемисфера е специјализирана за обработка на информации кои не се изразуваат само со зборови, туку и со симболи и слики. Таа ни овозможува да мечтаеме и да фантазираме. Со помош на десната полутопка можете да измислувате различни приказни. Таа е исто така одговорна за способноста за музички и визуелни уметности. Десната хемисфера истовремено може да обработи повеќе разновидни информации. Таа е способна да го третира проблемот како целина, а не со примена на анализа. ПС. Исто така успеав и на оваа слика да и го сменам правецот а мајка ми неможеше.
Јас мислам дека и ова се менува, прво ми испадна левата хемисфера па десната и 90% сум сигурна дека ја менува насоката.
И двете ги гледам со десна и никако не ми се менуваат, ама на тој тестот од Лолипоп и јас исто од 18 можни, 18 ги одговорив како личност што повеќе ја употребува левата мозочна хемисфера..
Морав сама да се цитирам јас и на двата теста успеав да ги сменам лесно, а за да проверам да не е измама го гледав со мама. Кога мене ми се менуваа на мама не и се менуваа. Значи не се менуваат автоматски. Затоа јас ги постирав тука.
Ова со девојката го знам одамна и и двете движења можам да ги правам. можам да сменам движење за 2-3секунди..се вежба..али сепак мислам она движење што Првично ке го видите, зборува за која половина ви е развиена..мене левата ке да е..и други тестови го потврдиле тоа..