Би сакала во темава да зборуваме за тоа што според вас е успехот?. Поточно... Што сметате, кој е вашиот најголем постигнат успех на таа возраст на која сте сега? Дали е тоа пронаоѓање на добра работа без никакви врски или Запознавање со љубовта на вашиот живот и создавање заеднички живот?! Може вашиот успех е вашата зрелост итн итн. Дали сте задоволни на начинот на кој сте стигнале до тој успех и кој е тој начин? Дали истиот сте го постигнале сами или со нечија помош?
Мојот најголем успех досега е што научив Англиски јазик и што го засакав.До 5-то одделение несакав да слушнам за Англиси,многу го мразев.Но денес за мене е многу голем успех што научив многу и што го засакав јазикот...
Мојот најголем успех е што конечно почнав со цврст карактер да си ги донесувам одлуките! А притоа никој да не ми се меша во решението! Сега со зборови си ги бранам ставовите а не со викање!
Мој најголем успех е што успеав да се спознаам самата себеси мислам духовно и што си навлегов длабоко во психата,а и што ја најдов љубовта на мојот живот и уште еден успех е што имам голем талент за учење странски јазици па ке се трудам да научам многу за да ми стане уште поголем успех
Тоа што сум мајка, што ја минав разделбата со здрав разум, трезвено и на нозе, што продолжив со животов и не ми застанаа амбициите, што и се предавам на фотографијата, а таа ме прошета до Индија, и неколку европски земји, што издавам прв труд работам на втор, што градам сама и никој не ми помага, ни мајка ни татко иако ми фали тоа, што ги ценам луѓето, што сум јас без да глумам лудило и што Љубам!
Што сум родител на две прекрасни деца со кои бескрајно се гордеам. што сеуште сум жив и со полно срце љубов. Што конечно сватив дека професионалниот успех нема никаква врска со личната среќа. Е сеа уште малку време да си дадам и мислам дека ке бидам ОК.
Дека научив да станам сабајле силна и спремна за денот што ме чека, и тогаш кога сон немам фатено цела ноќ од грижа. Кога размислам, тоа е. А кога се осетив најуспешно, кога врескав во еуфорија, скокав како навиена играчка и го боксував воздухот над мене, е кога положив за возачка дозвола.
На мојата јубилејна година во големиот град, потполно сама , како на 15 така и на 25, храбра, ведра и секогаш подготвена за нови работни предизвици. На најдобриот избор на средно, на завршениот факултет, на моите две години работно искуство На тоа што успеав во се сама, без никаква подршка, без ничива рака подадена и во добро и во лошо. На тоа што сум подобра личост од оној кој ме создал.
Јас во моиве 16 години,досега најголемиот успех што сум го постигнала се двете претстави што имам глумено во аматерискиот театар на нашиот град.А сега во тек е веќе третата.На само 14 години го дадов мојот прв автограм . Тоа што јас вистински љубам.Тоа што се чуствувам повозрасна за разлика од моите врсници.
Моето семејство, правилниот избор на средно училиште, бидејќи веројатно без тоа образование и воспитание немаше да бидам истата личност која што сум денес и немаше да ги имам сите знаења кои ги имам денес, добиената стипендија, правнилниот избор на факултет...
Тоа што повторно застанав цврсто на нозе после смртта на татко ми,ракот на мајка ми (веќе е здрава),што и покрај тоа успеав да бидам првенец на генерација, што се запишав на добар факултет, што оддржав пријателства и што успеав да најдам дечко кој ме исполнува и ми го прави животот прекрасен покрај се'
Досега најголем успех ми е што стигнав до овде, до трета година на факултет и иако имаше тешко моменти не се откажав и нема да се откажам, ќе ја добијам дипломата наскоро. Друг успех ми е што ги надминав сите проблеми кои ме срушија но јас станав и застанав на нозе, станав посилна, станав ова што сум денес. Никогаш подобра не сум била.
Мојот најголем успех е ќерка ми. Ниту факултетот, ниту магистратурата и работата која ја сакав не можат да се споредат со тоа што станав мајка.
Тоа што станав подобра личност и од добрите и лошите искуства секогаш гледам да извлечам поука и да ,,ја научам лекцијата”.
Тоа што умеам да се соземам по доживеан неуспех и да продолжам со уште поголема сила. Кога ми била потребна помош, не сум се колебала да ја побарам, но знам кога и како да сметам на мојот труд и способности. Тоа што ги остварив целите во врска со моето образование и најдов работа во која многу уживам. Тоа што сакам и сум сакана.
Нај голем успех ми е тоа што успеав да пронајдам во што сум најдобра, учењето странски јазици, и срееќна сум што туѓите мислења веке ми се скоро небитни ( не знам дали ова се смета за успех но за мене е голема пресност)