1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој е крив?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 9 септември 2021.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.935
    Допаѓања:
    66.090
    Пол:
    Женски
    Кој е крив? Како стигнавме до тука, да горат живи луѓе во болница?

    Дали е народот крив што не реагира, дали е власта крива и политичарите со својата алчност? Корупција на секој чекор, се кинат казни со мито, сите сме свесни за состојбата. Сите сме свесни до каде сме стигнати. Да се гушиме во гадотии, да дишеме најзагаден воздух и уште толку многу работи...

    И, кој е крив? Можеме ли некако да се оправиме, има ли надеж?
     
    На noteforself, LejlaD, Victorian и 8 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.219
    Сите сме криви!

    Додека мнозинството не ги смени навиките, нема шанси да се оправиме.
     
    На brazilia, PaLaVa, RainbowButterfly и 23 други им се допаѓа ова.
  3. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.732
    Допаѓања:
    3.508
    Пол:
    Женски
    Народот и никој друг!!
    Криви се генерации пред нас, крив е Балканот, криви се политичарите чии што г‘з е зинат за пари и мислат дека парите ќе им донесат среќа. Криви сме сите ние што дозволивме да дојдеме на ова ниво. Не сме достојни да имаме држава!! Не сме пораснати и не ја заслужуваме!! Плукајте ме ако сакате ама со оглед на тоа дека дното е и тоа како одамна допрено, сметам дека не заслужуваме да бидеме независна држава. А ако размислам повеќе сфаќам дека сме полу-зависна држава. Независни само на папир, а во реалноста други ни диригираат само камо да беше на подобро.
    И како што пишав во друга тема:
    На брод кој тоне не можеш да му помогнеш, можеш само да бегаш за да спасиш жива глава!!
     
    На PaLaVa, RainbowButterfly, noteforself и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.687
    Допаѓања:
    169.620
    Цацко е крив.
    За промена јас би ставила антикорупциска власт, само две жени ги гледам по интервјуа кајшто посочуваат на сите можни криминали. Нешто како стечаен управник. Со дирекна репортна одговорност кон Шведска, пошто уште тие ми се чини знаат што значи одговорност, етика и останати зборови кои во мк постојат само во речник.
     
    На PaLaVa, Grungie, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.355
    Допаѓања:
    77.699
    Пол:
    Женски
    Кој е крив? И власта (заради неспособноста) и опозицијата (заради непревземање ништо да се спротивстави) и народот (затоа што не го покажува незадоволството и револтот а може како што донесол некој на власт така и да го симне).
     
    На PaLaVa, BayernKa, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.452
    Допаѓања:
    34.444
    Пол:
    Женски
    Ние сите колективно сме криви :nod:
    И се додека не почнеме да си ја прифаќаме вината, а не да ја префрламе на некој друг, нема да не биде.
    Државата сме ние, власта сме ние.
     
    На Ambrosia, LejlaD, Victorian и 3 други им се допаѓа ова.
  7. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.810
    Допаѓања:
    5.503
    Ние како колективно општество. За ситници фаќаме врски, децата ги учиме уште од основно дека ќе минат со врски, па креираме такви индивидуи што мислат дека така се решава се. Самиот народ е расипан до срж.
    Се менуваат само партиите на неколку години а инаку се останува исто. И да се дигне народот ќе се дигнат само вмровци и неопределени, па ке дојде вмро на власт па потоа сдсм и неопределените ќе бараат смена и така во круг. Се додека се продаваат по партии за работно место каде ќе одат да одмараат место да работат, ќе им кажуваат и од партија кога да бунтуваат а кога да молчат. Се додека народот не се обедини за суштествени работи ќе биде така.
    Еве ќе почне загадувањето ќе се излезе на протести, никој од сдсм нема да излезе, како тие да не го дишат тој воздух. Ќе се смени власта па тогаш тие од сдсм ќе излезат ама другите не ... И така во круг....
     
    На PaLaVa, Ambrosia, malerozna и 15 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.219
    Пробаа со 'независно тело', сите знајме како заврши СЈО.

    Нема излез од ова.
    Се' е корумпирано.
     
    На LejlaD и Mikha4 им се допаѓа ова.
  9. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.081
    Тешко, мајндсет е во прашање, генерацијска индоктринација, пасивизам, дефетизам, нихилистички дух, треба ресетирање, долг процес е тоа.
     
    На RainbowButterfly, Grungie, Осе и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.687
    Допаѓања:
    169.620
    Ми текна на СЈО, ама мислам разлика мислам меѓу Слаѓана од Транспаренси и некоја Ноу-нејм правничка од мариовски суд. Може и нема, ама сакам да верувам дека има. И не како ,,независно тело,, како извршна власт. Како се решава кога имаш мафија на власт, злосторничко здружување:?:.
    Без никакви политички инсинуации, појма немам кој и дали во какви политики е инволвиран, чисто како посматрач зборам.
    Прашањето е - кој е заинтересирана страна државата да ја бива? Многумина имаат интерес ако не ја бива.
     
    На LejlaD, Dentina и WildMk им се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.512
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Според мене сите сме криви.
    Тркало во кое нема спас. Да верував дека некогаш би се променило нешто би останала, ама факт е дека тоа нема никогаш да се случи, затоа најдобар избор беше излезот, да се прекине ланецот на страдање.
    Не знам дали некој воопшто помислил дека нешто некогаш ќе се смени.
    Ова што ќе се случи може секаде да се случи ама ме боли тоа што се случи поради сите нас, не се случи случајно, сите сме виновни, буквално.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.219
    Се поубедена сум дека нема таков
     
  13. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.484
    Допаѓања:
    17.459
    Пол:
    Женски
    Народот.

    Власта народот ја избира. И ова е крајниот резултат.

    Додека секој еден не почне да прави подобри избори, и да носи и екзекутира подобри одлуки, нема да се мрдне од мртва точка.
    Само не верувам дека мнозинството ќе сака да си ја напушти зоната на комфорт брзо, иф евр, затоа и не таам надежи дека нешто ќе се подобри во скоро време.

    Лично, не сакам некој да ме лимитра и затоа поддржувам секој со поголема амбиција да бара нешто подобро.
     
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.703
    Допаѓања:
    322.367
    Народот.

    Се додека како овци имаме идоли меѓу политичарите - ке биде вака.
    Идеализираме и ставаме на пиедестал нешто што не вреди.
    Се бориме за тоа поведени од реципроцитетот - ако победи тој, ќе добијам и јас.

    Се додека се бара членска книшка за вработување и додека секој фукнционер си ја врабтоува цела фамилија -нема ништо да бидне.
    Се додека секој арамија се тапка по рамо и затворот Издризово е собиралиште со ВИП третмани - нема ништо да биде.

    Вриеме од криминалци и ситни и крупни.

    30 години одиме со заврзани очи , затнати уши и со затворена уста плашејќи се од рекет и освета.

    Не постои граѓанин на Мкд кој би можел да ја води државава.
     
    На RainbowButterfly, Ahoy, sunshinebabe и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    39.323
    Х-аааапсолутно . Откако народот беше по 120 пат извозен , последно не со СЈО туку тоа беше најфлагрантно, и кога ќе видиш кој со кого пие кафе и е домашен пријател, во затвор лежат само оние кои не се испазариле. Другите како ај да не именувам ама ипак морам, Бетки, Груевци, Протугери, Бучковци, отварачи на врати по собранија, разно разни бизнисмени кои олигарси станаа , затвор само ќе мириснат оддалеку и весело ќе продолжат да уживаат во украденото.
    Никој не е крив, глупи сме сите , освен гореименуваните и ним слични.
     
    На Grungie, LejlaD, Осе и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.687
    Допаѓања:
    169.620
    Еве ова било, јас на неинформирана(facepalm)
    upload_2021-9-10_10-45-22.png
    Заглавив јас во времето- Бранко е крив:tmi:.
    Секако дека е народот крив. Trick me once- shame on you, trick me twice- shame on me.
     
    На LejlaD, Idedemja, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.219
    И тие се дел од народот.
    Со таков мајндет се повеќето.
    Од чистач, до Претседател.
     
    На daylight и LejlaD им се допаѓа ова.
  18. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    39.323
    И да има некој поинаков, нема да просперира во партиските игри или ќе се преобрати кога ќе види дека на власт можеш да си ги вработиш сите до 7мо колено, и плус да си обезбедиш пристојни приходи за после.
    Еве и Ленче од сјо не е унапредена зашто ...god knows why..ако имаа нешто за неа нека кажат, жената нема баш дамки во кариерата, ама очигледно можат да ја заќутат.
    Не се сите исти, барем на старт не се , после тргнува колата надоле по 1 година отприлика од доаѓање на власт
    Никој не е крив, мк си има власт каква што си избра. И претходно таква си имаше. Било кој да проба да се вмеша, губи ради машинериите позади партиите. Или го купуваат. Или е уценет.
    Мене искрено смешно ми е. Оддалеку само траги-комика се гледа.
     
    На LejlaD и WildMk им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.687
    Допаѓања:
    169.620
    Ама ај некој да ми го објасни мајндсетот, пошто не го разбирам.
    Еве, на темава се расправавме со татко ми. И сега, вели, не е арно, ама ,,нив,, им е арно. Е добро, како може ,,нив,, да им е арно, кога истиот срање воздух го дишат, истиот хаос од сообраќај го возат и по истите дупки на непостоечкиот автопат коли кршат? Мислам, дури стигнам до Битола, до Париз ќе стигнам(waiting). Јас не можам и не можам да разберам, може некоја ментална препрека имам, штознам, може не сум просветлена да видам како ,,ним,, им е поарно да живеат во срање, ако е срањето од нив направено:?: .
    (се извинувам за речников:tmi:, ама не знам како да се одразам:bandit:)
     
    На LejlaD, Осе и WildMk им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.219
    Баш така!
    Пишав по темиве некаде.
    Свекор ми беше пратеник еден мандат.
    Ојде со идеа да го 'менва светот'.
    И седна да пишува амандмани за промена на закони, на своја рака и следна сцена од неговата партија му велат: “Ааа, поарно да не чепкаш таму. Тоа клопче неќиш да го одмоташ“ - буквално го цитирам како ми пренесе.

    Што значи, врвот ако не се согласи со нешто, ништо не мојш да напрајш.
    Влезе на среќа, трета опција меѓу двајца кандидати за кои се водеше борба во локалниот партиски клуб.
    Одлука на врвот, се разбира.
    Излезе полн со разочарувања... на крај сите му свртеа грб... и тие што го тапшаа по рамо.
    Умре по нецели 3 години.

    Е, така функционира се' кај нас.
    Или си со директорот, или ќе леташ од работа.
     
    На LejlaD, Осе, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.