Кој е крив?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 9 септември 2021.

  1. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.097
    Допаѓања:
    42.344
    Ам сега...за воздухот не знам, имаат дома прочистувачи и јонизатори ваљда, вили некаде Маврово, или живеалиште надвор од ск. За патишта, на џипот амортизерите се квалитетни8). Ваљда.
    За здравје ја имаат систина, и уствари не живеат во ист свет со Славица од пролеќе или Драчево. Ама ич.
     
    На Mikha4, x-MajaEsposito-x, Snowflake97 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    Тие што имаат големи фирми и бизнис интереси, тие ја водат политиката.
    Без разлика кој е на власт, истите финансиери се и на двете партии.
    Повеќето не ги ни знаеме, а милиони вртат.

    Мајндсетот е да не се почитуваат закони, туку да се прави шеми, да се корумпира и да се фаќа врски.
     
    На Осе, Need for Speed, Mikha4 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.667
    - им се може па си дишат чист воздуг на планина на туѓа сметка а дома си имаат скапи прочистувачи и баш ги заболе
    -хаосот во сообраќајот не важи за нив, зашто не одат на работа од 7.30 до 8.00 како секој нормален вработен човек, не важи хаосот ни по институциите зашто влагаат на мала врата
    - за дупки во патот ич не се секираат, се возат приватно со службени коли.

    За ова збори татко ти
    Ако некој ти плаќа , тогаш се е полесно.

    А какањето потекнува од сите, зашто не се нашол некој ,,заволнет,, да му ја скрши главата, туку сите му се клањаме зашто може да покаже милост према нас па да ни даде од трошките.
     
    На Idedemja, Осе, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
    НЕКА ТРЕПКА!
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.294
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.739
    Допаѓања:
    129.100
    Пол:
    Женски
    Да се цитирам:
     
  7. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    9.313
    Пол:
    Женски
    Најпрво крив е народот, од самите себе си патиме, од сопствените глави.
    Ние колективно ја бираме власта, и од таа глупост 30 години само овие се вртат во круг, ја уништуваат и државата и народот, поточно веќе не уништи оваа проклета власт, до срж го уништи народот, на просјачки стап го донесе, државата ја испокрадоа и продадоа.

    Тешко да се смени нешто, тоа е еден долг и огромен процес, се додека тој што ја води државата не знае како да ја води (ја краде и пустоши) државата ќе тоне.
    Се додека партиски книшки се мавтаат, и сегде можеш со книшка да се вработиш, се е џабе од оваа држава, никаков просперитет нема. Има и независни ама тие со книшки се повеќе и да сакаат и не сакаат мора да лижат гз на партии, и после се сега на избори пак мора да излезат и да гласаат, нормално со врзани раце се. И поради тие книшки овие ја држат власта, ама народот мора да се разбуди веќе, јас не знам како не му е доста на овој народ веќе од лаги од превари, од манипулации, од крадење, од се буквално, мора и тие со книшки да ги фрлат книшките, да се разбудат и сите сложно и борбено да се кренеме на нозе и да ја бутнеме оваа власт, и опозиција и сите партии, зошто сите се исти буквално, сите меѓу себе соработуваат и си ја подаваат топката.

    Искрено се надевам дека некогаш во иднина може да дојде до промени и Македонија да биде една прекрасна земја за живеење, со добри услови, ама тоа мислам дека може да се случи само ако некој од надвор дојде и донесе нови промени.

    Еве ќе го цитирам овој дел од една членка што го прочитав.
    Дефинитивно се согласувам со овоа, треба друга држава да ја земе под крило Македонија, да ја смени од корен буквално и да ја води правилно. Има доста држави што функционираат одлично, луѓе што стварно знаат да водат држава, на пример Русија, Германија, Шведска, Холандија, ова се само дел од државите кои што се пример за држави со добро водство. Таков систем на функционирање мора да се воведе и кај нас, секако тоа мора да бидат баш луѓе од тие држави и под нивно водство да се исправиме бар малце на нозе, зошто не не бива веќе стварно, и дното е пробушено веќе одамна.
     
    На Осе, g8lQQk и referentka им се допаѓа ова.
  8. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа што сум прилично млада, не го стигнав времето на Југославија а го знам она што ми го кажувале родителите и бабите и дедовците, сакам да прашам која е причината за ваков менталитет? Дали во Југославија беше вака па се продолжи со тој менталитет понатаму или друга е причината? Нека ме просветли некој.
    И останатите балкански земји не се којзнае каде подалеку од нас. Освен можеби Словенија и Хрватска.
     
    На WildMk и Осе им се допаѓа ова.
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.667
    Во Југославија постоеше тоталитаризам.
    Значи, привидно беше слободно се, гласеше она ,,сите за еден, еден за сите,, се градеше, се одеше по работни акции и за сите имаше подеднакво (немаше огромни класни поелби како сега).
    Но...
    Тито си го имаше Голи Оток.
    Нема тука ,,демократија,, па јас не мислам како тебе.Таквите завршуваа на Голи Оток -доживотно.
    Не постоеше опозиција, немаше потреба од неа.
    Затоа сите си беа со затворени усти, го обожуваа братството и единството кое беше наметнато и така сите беа среќни.
    Ама да се разбереме, и нај сиромавиот работник одеше на одмор, за Нова Година се делеше свинска полутка , канта сирење и гајба портокали и имаше работнички права.
    Луѓето беа свикнати со плата да тераат од први до први и тоа без да се ,,стискаат,,
    Оние на кои им ,,грееше бојлерот,, беа праќани во прогонство на Голи оток.
     
    На WildMk, Осе и x-MajaEsposito-x им се допаѓа ова.
  10. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.260
    Допаѓања:
    72.740


    Ние сме криви. И тоа не од вчера и денес, туку од многу одамна. Една сме од земјите кои без војна се одделија од Југославија, ама од тогаш наваму е во постојани борби. Ама најголема е онаа за превласт, кој повеќе ќе украде, кој повеќе ќе наштети.
    Се бориме да се докажеме и да си го заслужиме местото без врски и пријатели. Се бориме против неписмени административци.
    Се бориме за подобро утре, ама во секоја борба сме губитници. Затоа што секоја борба завршува со: трај си, може и полошо. Не бараме подобро тука, полесно е да спакуваме куферите и што подалеку. Затоа што таму ќе сме граѓани од втор ред, ама пак ќе имаме подобар живот него тука, кај што сме демек од прв ред, а сме од никој ред. Автомобили и пари од факинг тендерчиња вредат повеќе од човечки живот. И се тешиме дека арамот со арам се враќа, и чекаме да ги стигне кармата. А, што ако не ги стигне? До кога треба да чекаме?
     
    На malerozna, WildMk, Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  11. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.702
    Пол:
    Женски
    Зачаран круг е ова мили мои , криви сме ние ( народот ) зашто не возат , криви се политичарите зашто се корумпирани и алчни , криви се приватњаците зашто користат ефтина работна сила и си ги полнат џебовите , а сиромав народ шета по земјава наша , криви се надворешните влијанија и постојаните совети како млада држава треба да стои на нозе и да функционира , најкрива е политиката која не е демократска и далеку од тоа туку поткупени корупирани газови седат на министерски фотељи и изиграваат кукли , додека европа , запад , исток и кој уште не ги влечат конците и диригираат, а ( уште еднаш ќе кажам ) гладен и соромашен народ преживува ....
    Џабе е гласање , џабе се избори,референдуми,протести и пописи кога резултатите се искалкулирани однапред , договорени, купени и продадени .....
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.097
    Допаѓања:
    42.344
    Јас богами во мк се осеќав како граѓанин од втор ред. Прво зашто почнувајки од факс имаше позитивна дискриминација за албанците, тие без проблем се запишуваа и со помалку бодови од нас. Па и таму се изнагледав кој плаќа, кој не доаѓа а полага,кој инстантно е вработен на клиника во ск. После не бев во партија, никоја и така уште 387392 работи се изнагледав.
    Сите сме номинално еднакви, ама некои се поеднакви од другите.Новата мајковина јас си ја викам, има јасни правила на игра. Ич не е идеална , ама не се осеѓам ко граѓанин од втор ред, а мајке ми, не сум ни така платена ни јас ни маж ми. Ко во прв ред сме платени:smirk: Фала и на мк шо ми дала, совесен граѓанин бев дури бев таму, не фаќав кривини во 95% ситуациите. Криминалец не бев, мош преку ред на лекар влегов.
     
    На dunika, noteforself, gjoker4e и 6 други им се допаѓа ова.
  13. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.260
    Допаѓања:
    72.740
    Знам, јасно ми е, затоа реков дека тука не ни сме во некој ред. Сѐ некој друг има пред нас. Во мојава средина, прво албанците, па партијците, па тееееек јас ако остане нешто (ништо) за мене.
    Да не се разбереме погрешно, немам ништо против албанците, напротив, од нив скоро цел живот леб јадам, ама имам многу против тие кои што им ја дадоа оваа моќ што ја имаат. Затоа што е за личен интерес и подобар живот за нив, а не за нас.
     
    На Осе, Dentina и x-MajaEsposito-x им се допаѓа ова.
  14. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Сите сме криви, и изгледа сме одени во неповрат.

    Гледам овде има популарно мислење, "народот е крив, сам ја бира власта", за ова веќе немам двоумење дека народот има право на избор во било што. Толку е сѐ искорумпирано, јас не верувам во легитимни избори, веќе не излегувам да им давам легитимитет.

    Некој овде исто така пиша дека не се важни партиите, туку само изворот на парите. Погледнете ја само понудата за градоначалник на Скопје од двете најголеми партии. И двајцата кандидати се со кариери изградени и со огромно искуство и клиентела од работа за најбогатите луѓе и компании во земјава, секој во својот сектор. Мислите дека нивните интереси се поклопуваат со тие на обичниот граѓанин? Поспротивни не може да бидат.

    Излезот доколку има потенцијал би бил макотрпен со многу работа и пожртвуваност од сите. Или ќе биде многу лошо, па ќе мора промени, или ќе чекаме на мафијата да им секне изворот, а со него и ние.
     
  15. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    20.092
    Пол:
    Женски
    Е како? Брчи опозицијата нон стоп, ама не од што вистина нешто ја засегна, туку колку да се оцрни противникот. За да се дојде на власт и овие од сега да се после тоа иста опозиција како нив. Непродуктивни, необразовани, неинтелектуални брмчала. Како тетки на чешма ми се сите, еден асален немам слушнато на тв. Веќе оддамна.
     
    На WildMk и Осе им се допаѓа ова.
  16. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    1.600
    Народот што ги гласал овие слепци е крив, колку што е крива и власта и сите кои се поврзани со овој случај. И да се буни народот, никој нема слух за него. Протестираа против авганистанците, никој не им го слушна гласот и си направија како што нив им одговара. Ниту ќе се оправат, ниту има надеж дека ќе се смени нешто. Туку кој како знае така нека прави и нека си го бара чарето што му е најдобро.
     
  17. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.200
    Допаѓања:
    8.393
    Пол:
    Машки
    Убаво кажа Филипче, чекајте ги истрагите. Не можи да биди виновна државата во се, моду. болници се нова конструкција. Можно е од тие што одат на посета да има фрлено пикавец..
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.734
    Пол:
    Женски
    Токму така, сите ние сме криви.
    Се започнува со нашата неслога, не постои народ којшто е позлонамерен кон сопствениот сосед од нас.
    Сум прошетала неколку држави и доволно ми е да сум сведок на една церемонија започната со химна за да почувствувам енергија на единство и чувство на припадност меѓу луѓето.

    Ние? Во детство шампиони во булинг, по старост лидери во мобинг.
    Гастербајтери наши молат Бога да не најдат друг наш во странство, уплав ги фаќа.
    Другите народи едвај чекаат, зошто има повеќе Грци во Чикаго одошто Калифорнија?
    „Затоа сто во Цикаго има многу наси" би рекле.

    Во една странска држава пред година дена еден отпуштија бидејќи одбивал да дојде на работа со симптоми на корона, не му дале боледување. Сите колеги од секторот чопоративно дале оставка, сите започнати проекти оставиле на нула.
    Резултат: две недели платен одмор на сите колеги и после 10 отсто покачување на сите коишто се побуниле. Таков менталитет утре друг ден и фирмата ќе ти ја спаси, не се будали што не се откажале од такви работници. Кај нас каква ќе беше ситуацијата? Мршојадци колку сакаш, колега попрво ќе те избрка од работа од газдата

    Сложен народ најмудрите политичари ги врти да работат во негова корист.

    Се започнува и завршува со нас дечки.
     
    На friendy, Grungie, Snowflake97 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Ти ова озбилно ?!
    Те молам кажи дека е иронија ,те молам!


    На темата ,се горенаведеното е криво. Ама народот на најкрив.
    Во светот за 2 денари покачување нафта прават толкави нереди ,политичари да можат ќе запалат.
    Нас не изедоа , буквално не изедоа ние уште кампањи за следни избори ќе правиме. :@
    Режимот на Грујо не го биваше ,шарените рушеа кршеа цртаа ,сега кај се ?!
    Да го срушивме ,ама сите нешта требаше да ни се јасни во моментот кога го пуштија во Будимпешта ,не сум ова јас па никој не ме знае на граница ќе се скријам :!:
    Не галама по ФБ ,форуми не знам што од тастатурата ,не протести НЕМИРИ другари и сите да се испратат кај што им е место!
    Не знам имаме ли горна граница ние ? :^)
     
    На Bezimenka90 и Аргентина * им се допаѓа ова.
  20. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.839
    Допаѓања:
    9.490
    Пол:
    Женски
    Не е ова титово време, па сега колективна одговорност. Во нормално општество, секој за своите постапки си внимава и е одговорен. Да, сигурно над 80 посто од народот во Мк не го бива, и политичарите се дел од истиот народ, меѓутоа персоните кои се на функции привилегиите себично ги уживаат тие и нивните блиски, ама кога ќе дојде време за сносување одговорност, ќе се прашаме кој е крив, нели....
     
    На Осе, Bezimenka90 и Idedemja им се допаѓа ова.