Многу добра тема и прашањава исто така. Како велат, каков народ таква држава, арно ама кај нас низ историјата македонскиот народ векови наназад е поробен, угнетуван, измачуван, беда, сиромаштија, овај народ како да навикнал и тоа се пренесува низ генерациите, па и не знае за подобро затоа што никогаш не било добро, овие генерации не сакат ништо освен мирен живот, пара за нормален живот и среќно и безгрижно детство на најмалите, затоа и таа стихија и повлеченост меѓу луѓето зошто од се му е преку глава дојдено и таман кога мислиш дека полошо не може да биде се нижат други катастрофи и несреќи. Политичарите на нашата сцена ко да не се од крв и месо туку од некоја планета на монструми без грам срам и совест, ѓаволи кои апсолутно ништо не допира до нив, ниту молби за лекување на тешко болни лица, градат болници кои горат во рок од три минути со се луѓе, ставаат во затвор невини луѓе, криминалци шетаат слободно … Дали има надеж? Секако дека има, лежи во развиените земји
Тешко може една држава да опстане ако е мултинационална. Тоа само по себе влече огромни проблеми и поделби. Македонците се едвај тенко мнозинство во Македонија, пописот тоа и ќе го покаже и само тоа по себе влече проблеми, поделби, кој повеќе да земе. Едноставно оваа земја и е судено да пропадне. Плус, имаш тотално апатични, без национални генерации на кои само деструкција им е единствена забава во животот. Ние немаме веќе луѓе од калибар на Гоце Делчев, Ченто, Мисирков, Христо Узунов. Едноставно немаме. Боки 13 и целата инфлуенсерска екипа околу се огледало на нашиот народ, а што е најстрашно уште повеќе се засилува тој интензитет на пропаѓање. Денес имаме полни трпези, но празни души, а комфорни времиња раѓаат килави генерации. Милион пати докажано низ историјата.
Порано и јас мислев така,ние сме криви што сме ги донеле на власт. Сега не,не чувствувам никаква лична одговорност. Не гласам со години, не носам на власт никој. Никој не го заслужува мојот глас. Не барам врски, не нудам врски. Не сум партиски човек, проценувам по постапки, а не која партија ми е мила. На времето пред скоро 10 год.одбив директорска позиција во институција,каде ќе “уживав” во државна работа, почнав да барам друга работа и работам фриленс за да не одам по митинзи и да перам туѓи хоштаплерски одлуки. Не се чувствувам крива и одговорна. И ако народот имал доверба во некои политичари,тоа не требало да го злоупотребат.
Според мене примарно е виновен тој што менаџира, ама од друга страна него го избрала толпата народ, поточно кај нас го аминува странскиот фактор прво па со добар пр и врбување на потрчковци се обработува народната маса и моделира кого да го симпатизира и поддржува во дадени ситации. Цела наука лежи во остварување добар пр, реклама, маркетинг, тоа е мрежа од многу мозгање, стратегии, унапред предвидување и да се погоди прав момент да се реализира планираното и се да иде како подмачкано. Верувам во напредни држави и силни општества во кои секој поединец има интегритет, професионалност, независност и сам заработува и допринесува во општеството и е во висока мерка пројавен и изразен граѓанскиот активизам дека секој има лична одговорност и треба да се носи со неа. Ако не се носи соодветно има санкции и казни, ама прво тие треба да се применат хиерархиски од горе па надолу. Кога народот ќе има како рол модел беспрекорно професионални, некорумпирани, услужни политичари и лидери кои пред се се избрани од народот да му служат и кога тие редовно ќе даваат отчет за својата работа, перформанси во неа, финансиски успех, трошок-добивка од буџетот, од приходите добиени од народот се би било поинаку. Кога поединецот одговорно ќе ги обавува обврските кои ги наметнува животот во општествово, најмногу се осврнувам на редовно плаќање и незатајување данок особено кај оние со мн.поголеми прходи од просечните се би било поинкау. Што стана со прогресивното оданочување, пишман аџиство, зошто на имашните не им одговараше повеќе финансии да се влеваат во државниот буџет? Зошто? Се вадеа изговори ќе се врати сивата економија, ќе се прават низа злоупотреби платата да е испод минимумот за оданочување и што укажува ова дека тој што има сака да има повеќе, алчен е и не сака да сподели, туку гледа како да зграби и покраде. Друго се креират и креираат постојано офшор компании ова е проблем на светско ниво не само локално кај нас. Меѓутоа на балканот менталитетот, ситуацијата и отсекогашната позиција на подреденост и осиромашеност на народите на овие територии си го направила своето да се мисли како да се придобие повеќе од даденото и потребното. Поединецот во мозокот така си има зацртано абе сум немал, може пак ќе снемам или немам да си земам, да си се услужам. И тие алчни од немаштија и тие алчни ради скржавост од преимаштија ми се два есктрема во ист проблем, два краја на иста прачка. Мора да се решааваат овие длабоко вкоренети проблеми на овие територии и кај нас, темелно и сигурно зошто вака до кај сме нацапани во калта да не речам во нешто друго не ни се гледа парно идното утре, напротив ќе тонеме се подлабоко и подлабоко. Промените почнуваат од секого од нас да станат како ефектот на пеперутката, целосни за сите. И друго немој да ми земете за зло ама мрза народ сме, како што во Кина сите работат или х земји срамота е да се седи и чека парите од дрво како суви ливчиња да паднат или берат. Тука кај нас повеќето така си мислат, или ај ќе идам у штаб у партија и ќе ме стаат на работна позиција кај што јас ќе уживам и ќе биде легни лебу да те јадам. Мора сите да допринесуваат регуларно преку својот труд во јакнењето на економијата, појака даночна економија регуларно и фер да финкционира да се спроведе и да нема а јас не работам или пуштам мое дете да работи за испод 15 000.И пред се да не се пребира толку што е зачудувачки банално работна позиција пример хигиеничар тука ни е испод чест да се биде, ама било каде надвор се работи истата работа и таму иде муабетот па морав да почнам од некаде. Е така насекаде и кај нас мора да се почне од некаде со озбилни промени за да тргнеме од оваа мртва точка во која одамна сме и се препелкаме како риба на суво, ако продолжи рибава вака ќе се угуши на крај.
Да се вратиме на проблемов. Како стигнавме овде? Загледав на кратко на ТВ, еден човек, не видов кој, обвинуваше дека имало многу неписмени инспектори за заштита од пожари. Вика, не ни знаат какви правилници има и кои се законските норми. Ова е добра појдовна точка. Прво оние кои навистина ќе се пронајдат во таа група, а имаат барем малку совест во себе, да пробаат да го сменат тоа, па да научат се што треба да знаат, а ако не можат, нека се откажат од таа работа. Второ, институциите да ги прочешлаат со брзи тестови и теренски проби. Сите кои ќе поминат, да останат, другите да си заминат од позицијата. Трето, да се проверат сите проекти, прво оние потпишани од тие што ќе заминат, а попосле и сите други, особено оние од јавен карактер. Четврто, вакви проверки да се почнат масовно во сите сфери. Доста беше муабет, од денеска баталете ја малку чешмата и сетете се дека ве пратиле само да наполните вода и одма треба да се вратите, оти ве чекаат жедни! Сите сме жедни за убав живот, складен, со насмевки на сите околу нас, со радост и смеа. Но никој не сака да подметне грб. Да повториме, прво научете сè за она што го работите, а потоа помогнете им и на оние околу вас да разберат што треба да работат и како. Кога ќе бидете повеќе сигурни во себе, сите работни задачи ќе ви бидат полесни.
Сите сме криви Оти сме горди, како личности А горди сме од што немаме друго Кога човекот е гладен, храни го со гордост и национализам Сите ќе ги обвиниме само ние самите не Никогаш за ништо, никој не презема одговорност. Секогаш наоѓаме некој за обвинување, од обичен граѓанин па се до повисоките функционери во општеството, сите наоѓаме оправдувања. Тоа ни е менталитетот, бегаме од проблемите. Германците чувствуваат колективна вина за работи што ги правеле нивните прадедовци пред 80 години. Во школо учат дека постапиле лошо, и дека треба да се подобри. Ама ние не, ние сме најбољи. Ние сме секогаш жртви. Никогаш за ништо не сме виновни.
Не се националностите проблем, туку системот и дозволениот пристап „кога сме добри во фудбал туѓи знамиња вееме, кога праиме грешка ова државјанство го користиме.“ Банален пример, ништо конкретно не посочувам. Како во сите нормални земји, во добро и во зло си под ова знаме, рака за рака си со луѓето под исто знаме. Да постои култура да се каже „Македонец со впашко / мијачко / черкеско / српско / ромско / турско / албанско потекло.“ па кому не му одговара адио. Сите заедно да градиме, поправаме, се бориме. Така треба. Но, ни тоа не е проблем. Многу лоши сме , повеќето, завидливи, со валкани јазици и подли мисли. Секоја чест на исклучоците. Мене припадници на друга националност не ми вршеле булинг како дете, ниту пак мобинг на работа. Све “наши“.
@brazilia и @Idedemja шо убо зборите...ама за кој? Работна етика и ергономија и протоколи и професионалност, ретко таму вирее заедно . Едно или две или три стално ќе фалат. Систина кога бев во август, се зачудив дека автоматите за вода во ходниците редовно се дезинфицираат и внатре покрај надвор . Имаше листа кога, кој, закачена на самиот апарат. Еве и вежби за пожар правеле. Ама кога ќе помислам дека и тие муљаат некад, ми се снеарнува. За во државна болница, јас апарат за кафе или вода, не би пипала, таман да умирам од жед. Чисто од инсајдерски причи. При ј...а операција на ортопедија, во најодвратното вц на свет, пред 8-9 години имаше 19-20 лебарки, скршен капак и гнаса невидена. Смешното е што имав пари ама прочитав гаден ривју токму на фемина за некој си во Систина , и побарав друг лекар Елем, стално би одела пред се по добар доктор отколку по фенси болница, ама она беше неиздржливо . Се вратив уште еднаш, нели повторно по добар доктор и лежев на крвав флекосан душек, овојпат без гадни лебарки , вецето беше хмммм...го заборавив значи не било хипер гадно. Кај шо сум , искрено, нема гнасна болница. Баш некни прочитав, имало експлозија пред години во складиште и фабрика за петарди и загинати. Ама. Се одговара за с.ања , како-така.
Секако дека ги почитувам,и поради тоа се чувствувам ко идиот повремено. За што плаќам данок? За да земаат плата рамковни седејки дома и останати пренатрупни во државна администрација. И за тоа треба да се чувствувам крива? Дома казна ни за пребрзо возење немаме. И за што сме криви? За што си ти крива? Не е до луѓето.
Крива си ако стоиш и ништо не правиш додека нешто се случува. И молчиш. „The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.“ Така што да, криви сме што молчиме. Криви се сите оние што се напикани партиски сегде и прават што им се каже, поради тоа молчат. Криви се оние на власт што дозволуваат ова да се случува.
Рибата од глават смрди. Обичниот народ не е крив, какво ти е уредувањето таков ќе бидеш. Тоа де вика адаптација според околината и условите. Истиот народ во странство поинаку се однесува. Низ историјата, просперитетот на едно кралство зависело исклучиво од тоа каков бил кралот/кралицата. Среќата и добриот живот зависел исклучиво од водачот. Ако имаш примерен водач, соодветни казни, подеднакво за сите, и соодветни награди, ќе имаш и напредок. Замислете пример да имаше годишни награди за најдобрата болница. Онаа која пужила најдобра нега, која е најчиста и сл. Па да се сметаше за престиж како директор и вработен да ја добиеш таа награда. Замислете да имаше награди за најдобрите училишта кои имаат најдобри успеси, чии ученици постигнале најдобри резултати, добиле најмногу награди. Замислете да се вреднуваше добрата работа, а да се казнуваше лошата, колку ќе имаше напредок во сите сфери. Народот да се бореше за награда, а не кој полесно ќе се извлече ако направи хаос.
Теоретски да, криви сме што сме што не правиме ништо и молчиме. Но во пракса еве што да направиме? Јас не знам како да го смениме општеството во кое живееме.
Да не молчиме. Да бидеме гласни. Треба да земеме пример од Албанците.Како они се држат,така треба и ние. Дур еден Македонец се кара со друг,политичарите оро играат. Треба да им ја смениме песната.
И Албанците се исти ко нас кога е во прашање корупција. И то уште покорумпирани, зато ништо не функционира во Западна Македонија
Аха, значи треба да се обединиме во криминал? Не! Треба никој да не е криминализиран и сите да пријавуваат криминал. Од то покривање газови до тука сме дојдени.