Еве уште една тема, доколку ја нема претходно на форумов , за да се подискутира за тоа кој има помеко срце да прости неверство. Според мене тоа зависи индивидуално од поносот на човекот, односно како може во тој случај да се совлада гордоста и да се носи со она што ќе го знае цел живот. Според мене мислам дека жените можаат побрзо да простат, за разлика од мажите, а не знам зошто.
Нема дефиниција кој полесно може да прости неверство. Сепак до карактерот и самодовербата ќе да е,некои без оглед на полот дали е маж или жена би поминале и преку неверство само да не би останале сами(страв од осаменост)зависност од партнерот емоционално,финансиски стамбено и.т.н
Јас би простила . Барем така мислам . Уствари сигурна сум . Ќе плакам ,ќе се нервирам ,коса ќе кубам . Ама ако ми вети дека нема да се повтори ќе му дадам втора шанса . Можда па вака зборувам дека ќе простам зошто сум 101% сигурна во неговата љубов . Мм ни во сон не би ми простил.
По примери од секојдневие, гледам дека жените повеќе простуваат неверство. Уствари не, не знам дали го простуваат ама остануваат со сопругот и покрај сознанието дека жваљавел и ташлачел други. Лично сметам дека ниеден човек не би простил неверство, едноставно може да покуша да заборави, да го потисне тоа, ама да се прости.. Да дознаеш дека љубената личност ја изневерила довербата, љубовта, бракот, она што е градено долго време, со труд, со комуникација, среќа, солзи и љубов распарчува и боли ненормално. Кој може да го прости тоа?
Не е битно машко/женско, туку до карактерот е. Јас лично не би простила. Освен ако не го издрогирала таа ама пошто тоа го нема кај нас значи не опростувам