несакам да го пробувам ова затоа што ако излезе дека е жена крајно ќе се разочарам Цел живот го сметам за машко и уште од старт го крстивме коки, а пошто овој ми е втор компјутер си го викам коки 2 хахаха
Од секаде му влага по некој кабел, за женка станува збор. Мислам дека сите понови се жени, ми фали бившиот маж.
Се уште чекам да се произнесе, бидејќи од кога е земен нешто се дума, двојби кај него приметувам, де му се сака да е женско, па оп на моменти ете ти го со машки глас забрмчува, коа го стартуваш. Али, не го форсирам, грев ми е. Му дадов разно разни книгички инаку, литератра и за машки и за женски, слики, да има да види, се, што е како е, музика, абе да си знае, да не испадне не знаел што е како е. Пак и претпоставувам дека не му е лесно. А и опасна работа е во државава и во светов да те забележат прво како женско или машко, а после тоа да си се предомислиш. Нек’ си помисли он милиот. Ја како и да реши ќе си го сакам. Мое чедо си е.