Казнување со молчење и игнорирање е за кукавици, извинете вака. Двајца емотивно зрели особи во врска прават муабет и решаваат проблеми. Заблуда е дека решавањето на конфликтите брзо е попуштање или немање самопочит, баш напротив. Човек што се почитува себеси нема да се стави во ситуација да не зборува десет дена. Всушност егото нема врска со самопочит, тоа сакав да кажам.
Ама ти може баш да си емотивно зрела личност, но истото по дифолт не значи дека треба да се спушташ пет нивоа подолу, само и само зашто си *емоционално зрела*. Факт е дека премногу меѓучовечки релации се засновани на некаква корист, а не заради некој искрен порив. Јас верувам дека човек знае да се извини ако згреши, ама исто така знам, сигурна сум во целост, и дека нема да се извини ако длабоко(!) во себе ја процени другата страна дека игра евтини игри. Калкулациите за по дома, за квалитет во врска се знае како треба.
Па поинаку гледаме на работите, не мислам дека е спуштање пет нивоа подолу ако се извини човек кога направил грешка, ниту пак треба да се чувствува супериорно ако некој му се извини. Тоа е проблем со егото. А туѓото извини се проценува според постапките понатаму дали било вистинско или од корист. Извини без промена нема тежина и не гледам зошто би се продолжувал таков однос, партнерски или пријателски сеедно. Како треба според тебе?
Се проценува од одма, не мора да ти треба којзнае колку време за да утврдиш со кого си имаш работа, доста е да набљудуваш. Да кажам како не треба. Ако намерно се создаваат ситуации каде едниот константно треба да се смалува на сметка на „попривилигираната“ страна, тоа ти е измеќарски фетиш. Сум за извинувања и промени, доколку истите се строго искрени (под било кој друг услов не ги ни признавам). Патот до извинувањето е долг, општо човек сам треба да има самокритичност, достоинство, па и храброст да побара прошка; да го сака самиот чин пред сѐ и истото да не го прави половично. Оти со пола уста извини не бива, а такви ти се мнозинството.
Да ама тогаш зошто би останувал некој во таков однос, партнерски конкретно? Остануваш на сопствена штета, буквално или трпиш туѓ его трип или стануваш ист како него и влегувате во токсичен круг на докажување.
Секој еден (било маж или жена) пред да научи да разликува имал негативно искуство. Без тоа, шипинки ќе препознаваш.
Молчењето за мене воопшто не е кукавички, туку е наједноставниот одговор што би му го дала на некој што е свесен за тоа што го направил. Немам време за емоционални есеи, дерење, плачење по телефони и несоници или па да го прашувам "Зошто?" одговорот е едноставен и на тоа. Му се сакало и му се можело. Знаеме дека мажите имаат проблем со егото, ретко кој не, ама ако си во врска со некој кај што ти постојано си ИНИЦИЈАТОР на зборот извини...се понижуваш ти сама себе како жена. Ова е мое мислење и став, сепак кој како му одговара така нека прави.
Целосно се согласувам. Него и познато е дека жените децении наназад сѐ за нешто се извинувале, остана уште сега да се извинат што постојат и со тоа самите да се поништат.