Кој сака повеќе? Машките или женските?

Дискусија во 'Врски' започната од cvetce93, 29 јуни 2011.

  1. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Колку што видов нема ваква тема, а ако има тогаш на оваа клучот. :)
    Инаку, што мислите, кој сака повеќе и посилно, машките или женските?
    Бев инспирирана да ја отворам оваа тема од причина што во послениов период бев сведок на многу приказни каде што машкото беше тој што правеше многу работи за девојката, а тие на ладен начин ги одбиваа. Многу такви приказни слушнав и виодв во периодов што ме донесе до прашањето, знаат ли машките да сакаат повеќе и посилно од нас? Можеби тие на друг начин ја манифестираат љубовта, за разлика од нашите лигавења. Има ли вистина во тоа дека машкото тешко се заљубува, но кога ќе се заљуби сака со сето срце? Што мислите вие за ова? :)
     
  2. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Мислам дека полот не е воопшто битен кога е во прашање љубовта.
    Зависи од самата врска или самите односи помеѓу дечко и девојка, кој е повеќе заинтересиран, а не дали е машко или женско.
     
    На ivana339 и MalataNena им се допаѓа ова.
  3. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    Па според мене сите сакаат на некој свој начин, но мислам дека машкото повеќе сака кога навистина сака од срце искрено.А девојките знаат да сакаат исто но можат побрзо да го преболат некој, но мислам дека разликата е многу мала во однос на тоа кој колку сака.
     
  4. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Па да, се согласувам потполно дека полот нема врска за тоа кој сака повеќе, но нели машките се тие кои важат дека потешко се заљубуваат, погорди се и.т.н... Сепак пак ќе кажам сум била сведок на многу случаи кадешто одкако вистински ќе се заљуби машкото прави многу за својата девојка, и за да ја задржи.. И мило ми е поради тоа, искрено.. :)
     
  5. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    А кој плаче повеќе? Кој дише повеќе воздух? Кој трачари повеќе?...

    Секој човек е единка, капацитетот на емоциите нема никаква врска со неговиот пол. Љубовта се случува...

    Карактерот, социјалното опкружување, статусот на фраер у маало, глумењето недопирлива принцеза, ....за среќа или несреќа може единствено да допринесе до етикетирање на пожелен/а или непожелен/а за љубов :D што секако нема врска со моментот кога вистинските емоции и правите нешта ќе чукнат на вратата на сечие срце. Зашто емоциите не можеш да ги контролираш, ама постапките можеш. ;)

    И не знам зошто, ама помалку како да ми се чини дека темава е некако наивна и несоодветна, али како и да е ...ВОДЕТЕ ЉУБОВ, А НЕ ВАКВИ НЕПОТРЕБНИ ДИСКУСИИ :D
     
    На Strumfeta93 и Gea им се допаѓа ова.
  6. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Постои ли кантар на кој може да се измери љубовта што ја чувствуваме? Кој е нејзиниот интензитет? Сите имаме срце, разум и емоции, само ги манифестираме и покажуваме на различен начин, а тука улога играат многу фактори, карактерот, отвореноста на личноста, сфаќањето на стварите, одредувањето на приоритети на поединецот.....
    Овдека не можеме да генерализираме. :!:
     
  7. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    нема правило секој сака на свој начин и различно го ислажува тоа е единствената разлика помеѓу луѓето
     
  8. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Да сте машки би знаеле што се случува во главата на машкото, какви емоции се движат низ него, што чувствува и на што се е спремен....ова е кога СТВАРНО И ВИСТИНСКИ машкото сака.....затоа не зборете дека сите се исти и тако даље..Тие што ја осетиле оваа љубов - знаат....И друго, точно е дека женските знаат да сакаат, но таа љубов е посилна за нијанса кај машкото...и како за крај, машко преболува потешко од женско!!!!! Кој што сака нека рече - но ова е факт...Машкото ќе преболи кога ЌЕ Е СПРЕМЕН да преболи...А женското ќе излезе, ќе и се пуштат 5 души прва, 4 втора вечер, 3 трета вечер, сакала / неќела вниманието годи и ја подига самодовербата....а машкото треба да е спремно да ја избрише таа личност од својот живот и САМ се избори за да се врати во нормала...
     
    На natasa-natka, Pink.Princess, 2468 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Мистери се ова во ред што го кажа,донекаде се согласувам.Не се сите машки исти,знаете да сакате но...зошто некогаш не го покажувате тоа?зошто го криете?се плашете од корпа или?кој е проблемот?Зошто потешко се вљубувате?Па која е тајната да се дојде до вашето срце?Играње топло ладно секогаш не пали,да ви каже некое девојче дека ве сака чисто онака да си ја проба среката иако ја сакате бегате(не сите),се правите фраери а со тоа добиваме мислење дека не сте заинтересирани за нас.Како може да рече некој некој дека не можете да заборавите некоја бивша кога еве знам примери на долги врски,девојката ви оставила траг ама сепак по недела две ве гледаат со друга насмеан и срекен ко да:Леле фала му на бога што веке не сум со бившата и се смее(те)лицемерно.Или пак ме интересира зошто ако од една корпа од таа која ви се допага се откажувате?Па ако ја сакате ке се борите.
    Ова знам дека не е баш погодено со темата но баш ме интересираат одговорите ама ако ја сакате нема да го правите тоа.За сакање секој си сака на свој начин.Некој повеке некој помалку.Ама некогаш игрите знаат да полудат па навистина да се откажеш.
     
  10. GreenEyes

    GreenEyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    44
    Не може да се споредува. Има секакви луѓе! Некои покажуваат повеќе емоции некои помалку , а не мора да значи дека баш така се чувствуваат. Битно е да се сака! САКАЈ!
     
    На ivana339 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    зошто некогаш не го покажуваме тоа? ..... го покажуваме, само вие на моменти претерувате со контрола и со љубомора...верувај дека никој не сака да е загушуван...Тајната да се дојде до нашето срце прво НЕ Е да се слушаме на секој пола саат, да има оправдување од двете страни кој каде бил итн...Туку да се има доверба, разбирање, искреност....А ти верувај дека неможеш да сакаш некој после 3 недели врска....Тоа ЗАТРЕСКАНОСТ!!!!!! Сакае е сосем нешто друго ;).....А тоа што по 2 недели некои ги гледаш со нова девојка, верувај дека е маска...Ако ја сакал девојката и те како е тоа маска, така да таа насмевка на лицето нека не те залажува зашто само он си знае како му е внатрешно... А тоа зашто се откажуваме од една корпа, ај кажи ми која ти е на тебе сатисфакцијата да дадеш корпа? значи дечково собрал храброст, ти доаѓа да се запознаете пред сите другарки и ти му маваш корпа... Ќе докажеш нешто? Ај сега ќе ми даде една корпа, па уште една, па ќе си ја погазам гордоста уште еднаш, а ти ќе си свиркаш за да дојде до момент - еј види го овој уште трча по мене....Значи се средуваш од дома за излегување, се пицнуваш од глава до пети и после изиграваш недостижна риба...И на крај пак сама дома без да упознаеш никој...Ако ме прашаш мене за џабе губење време пред огледало да се средиш...Значи според тебе машкото не треба да се откажуа ако е сериозно во намерата...А според нас, ако девојката е заинтересирана, давање корпа е глумење лудило, а таква drama queen - не сакаме ...
     
    На Hiii, Srekicka и mims-89 им се допаѓа ова.
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Се убаво кажа,и пак се согласувам до некаде,некои навистина глумат драма квин но еве сега кога поставуваш прашања ке си земам за слобода да одговорам на нив.

    Докажувањето дека сакаш некоја не иде само преку "те сакам".Тој збор може секој да го каже ама дали го мисли и чуствува е прашање.Ретко кои познавам некои кои се во врска а покажал на дело дека ја сака девојката а е со нејзе долго време.И утре му текнува и ја напушта зошто на типот му здосадила заради однесување,заради сакањето да проба нешто ново или сосема друг изговор а девојката сакајки го со сета душа се обидува да го задржи(еве ке се земам себеси за пример(На почеток се изгледаше кул,не ме оставаше на мира ама ми годеше и затоа постепено му возвракав но кога ми се пушти индиректно го одбив---зошто?--ке ја кажам причината подолу.)Сосема океј дека не можеш цел живот да си со една иста во млади години.Но дали сте помислиле дека на начинот на тоа однесување(криење,бегање,и тоа што не пишувате на девојката и не се јавувате)дека не повредувате?***Мислам дека имам еднаш кажано овде или некому друг,и нити ние не сме светици,баш напротив,сакаме и да ни ја дигаат цената и да се борете за нас.Е сега кога се работи за корпата што сакав да кажам со тоа.Епа на пример знаејки го денешното општество како е ке си рече :Ех оваа уште од прво додворување се фати со него,наликува на лесна девојка.Барем кај нас е така за другите градуви не сум толку сигурна.Ке се земам јас пак како пример зошто горе спомнав дека ке ја кажам причината--Причина што удрив корпа е тоа што немав голема доверба во момчето,личноста која сега ја сакам,страв дека ке ме повреди кој за жал подоцна стана вистина,да не го загубам како пријател ако не тргне нешто на добро (ама ако се обидете уште еднаш можеби ке ве прифати бар знаете дека сте пробале нели?).Зошто пријателот секогаш ке го имаш а дечкото не секогаш. Сакам на тоа да додадам--некогаш се однесувате детски,недостапно и сакате да ве брка девојката.Се се тоа игрици.И подоцна девојката се откажува од вас нормално.И сега мене кога ме немаше некој период за да си ги средам мислите и да започнам нешто ново си активирав фбто и ан типот му текна да ме побара кај сум била ова она,јас му направив муабет убав без навредување од две страни.Мислејки дека се се средило пак си почнува по старо иии?кој е пак овде крив--ти симнува звезди на почеток а на крај здодевна си ми.Тоа не е само кај мене туку и кај други парови кои ги познавав.Се мед и млеко на почеток а на крај машкото заебе а подоцна се префрла вината на девојката.
    Во врска со лицемерството некои и не лицемерат зошто како пример еве ке го земам братучед ми-имаше врска од три години,беа неразделени,за на крај ја остави за една друга и навистина му е убаво а до пред некој период велеше ја сакаше бившата а сега живее со новата девојка-како е можно тоа?

    *** Да не ме сфатиш погрешно не го упатувам тоа кон тебе и немам ништо против тебе само ме интересира машката психа многу,како да се однесуваме кон вас дури и кога се правите недостапни а со тоа не повредувате
     
  13. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Машките.
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Пеликуна ќе си земам дозвола да ти дадам еден совет.
    Дирекност девојче дирекност.
    Зашто се замараш со глумење лудило и праење недостижна ради околината?
    Ако сакаш некој, ти се свиѓа и се тоа go for it што ти е гајле за другите?

    Во однос на темава навистина не би знаела што да кажам освен тоа што секој човек си е единка и никој не може да измери кој колку сака. Може да се убедуваме вака до бесконечност.
    Тоа со кажување, докажување па уште по несфатливо ми е. Што мора некој да ми докажува или да му докажувам, се сакаме, заедно сме, убаво ни е заедно тоа е доволна причина за да знам што чувствува другата страна зашто нели зошто би бил со мене и јас со него ако не ни е убаво и не се сакаме?
    Ај некој ќе рече од корист... што корист од мене и јас што корист од него?
    Факт е дека машките потешко преболуваат, баш ко што кажа Мистери, со тоа потполно се согласувам да не се повторувам :P
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сум употребила и тоа ама што ?пак нема резултат :worried: тоа е тоа.
     
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.176
    Допаѓања:
    56.649
    Пол:
    Женски
    Љубов си е љубов, никој не измерил во проценти колку е повеќе а колку помалку.
    Машките кога се млади сакат девојки за забава и искуство, па потоа кога ќе се заљубат мислат дека тоа е исклучително.
    Девојките во тинејџерските денови се заљубуваат и се глупираат :lol:
    Тоа не значи дека кога ќе се заљубат вистински, тоа е помало од машката љубов зашто веќе мислеле дека сакаат.

    За преболување можно е периодот кај машкото да е подолг, но тоа не значи дека девојката го сакала помалку, туку значи дека некои машки премногу се врзуваат и едноставно не сакаат да го пуштат минатото. Би рекла дека женските се поразумни тука, но не мора да значи. Сепак, и тука е индивидуално.
    Имавме еден случај скоро на форумов - со девојката чија љубов од детството направи свадба а таа уште не може да го преболи. ;)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mira56

    mira56 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    28
    Љубовта треба да биде обостарна и срдечна така да не можам да генарализирам и да кажам кој повеќе сака дали мажите или жените.
     
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Ако нема резултати, значи просто е, не е заинтересиран!!!
    Кога идеш во напад имаш две опции или ќе добиеш или ќе изгубиш. Така ти е и во ситуацијата. Не може секој да сака да е во врска со мене, исто како што и не јас секого сакам за врска.

    Љуби, љуби ал’ глава не губи. Секој кога сака мисли дека е тоа врв на нештата.. а кога ќе одсака и ќе “разбере“ дека тој/таа биле превртливо куче/ка, тоа демек, пошто така им се чини во моментот, љубовта и не им била баш од оние нај... нај велика љубов.
    Индивидуално е. Зависи од карактерот на човекот, а не од полот.. освен ако некој доктор ми излезе со некое појаснување за хормонските разлики кај обата пола и нивната слколност кон заљубување и сакање.
     
  19. brunete

    brunete Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    39
    Нема правило кој поише сака.Некои викаат машките незнаат да сакаат ! Нема врска! !
    И двата пола знаат да сакаат.. некои личности го покажуваат тоа,некои не!
     
  20. cuciTo

    cuciTo Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    13
    зависи личноста
    но мислам дека ние женските можеме и да го заборавиме и преболиме
    брзо се заљубуваме, но и брзо се одљубуваме ;)

    а машките мислам дека кога ќе се заљубат, се заљубуваат до даска
    и да ја заборават многу тешко, секогаш ќе си ја носат во себе :wasntme: