Јас мислам дека кој знае вистиски да сака, сака без разлика на полот. Има и девојки и момци кои се би направиле за својот партнер, кои ќе го почитуваат, мазат пазат...се со ред. Но, не значи дека таа љубов ја давале и на некој друг предходно, или пак дека ќе ја дадат на некој во иднина. Значи, не можеме сите да ги сакаме подеднакво. Ние жените сме поемотивни, полесно се приврзуваме, потешко се разделуваме. Но, машкото кога ќе засака, тешко нешто може тоа да го сруши. Тој тогаш навистина сака. Тоа не значи дека треба да верувате на секој збор ''те сакам'', но верувајте, оној кој некого сака нема да го крие тоа пред никого. Нема да му претставува проблем да ја искаже и пред другите неговата љубов. И повторно потенцирам, не со зборови туку со дела.... Но, да се запазат и знаците, купување подароци и честења не се доволен доказ за љубов. Еве ќе ви кажам нешто, бакнеж во раката, да ви помогне во нешто за да не се мачите(прост пример да ја фрли опаковката од вашиот сладолед во канта која е на 3 чекори од вас), значи навидум ситници, кои всушност многу значат. Малце забегав со темава..ама сакам да кажам дека и тоа како знаат да сакаат машките, и има уште толку такви што сакаат а не знаат како да го покажат тоа. Но, тоа не е нешто што треба да се слушне, види, тоа треба да се почувствува..Но, нели никогаш не знаеме како некој друг би се однесувал спрема нас.
во право си, неколку пати до сега имам видено кога машко сака вистински, и колку е тешко да преболи девојка која навистина ја сакал
Не гледам како може да се изведе генерален став врз основа на полот за тоа кој сака повеќе, сите се согласуваме дека сите машки не се исти, а овде ќе се обидуваме да прифатиме како машките сакаат повеќе и преболуваат подолго?! Индивидуална работа е сакањето, некој може да има најголем капацитет за сакање па да остане нереализиран едноставно никогаш да не ја запознае вистинската личност на која ќе и го пружи. Друго, често онаа опседнатост која мене ми е морничава е доживувана како некое екстремно сакање и ај докажи на таква личност дека има побркано поими и проблем со реалноста. Трето, без разлика на полот повеќето од нас доживуваат љубов која е поголема од сите останати занеси и може да е или не е возвратена, па и кога е постојано се води некој натпревар кој повеќе дал од себеси и се трудел ама објективно ај разграничи и мери кога си лично толку засегнат. Четврто и околу преболувањето исто е индивидуално само се‘ помалку има романтичарски платонски љубови кои биле верни до гроба како во минатото, а кога веќе се оди на замена дали ќе е после 3 или 5 години за мене не е показател на висината на љубовта кај подолгометражниот чекач туку едноставно тогаш може му искрснала личност која го или ја заинтригирал/а. Бројачи за висина на љубов фала Богу нема и онака е време на многу лажни љубови и љубови од различни мотивации, барем оние вистинските да не ги валкаме со премерувања и одмерувања важно е да ги има.
Машко се заљубува еднаш и сака искрено,најмногу. А женско се заљубува многу пати, ама не така како што сака машкото.
Нема врска полот, се е до личноста. Има луѓе што знаат искрено да сакаат, и сепак тоа е најмалку условено од полот. Се е тоа до карактерот.
мое мислење е дека повеке сакаат машките,али се позатворени од женските,не го искажуваат тоа а повеке страдаат и повеке се грижат исто колку и ние и они сакаат нежност и поврзаност
Најискрено, на мене прашањето ми е глупо...Тоа е како да прашаш кој е почовек, машкото или женското, затоа што, според мене, човек те прави способноста искрено да сакаш.
Одговорот на прашањето е релативен, според мене. Има и машки и женски кои се романтичари и знаат вистински да сакаат, но зависи се од возраста. Сега е ретко да имаш вистинска љубов во осмо и да се венчаш за него, да останете заедно до крајот на животот, да ти е прв и последен и блабла. Приоритетите во љубовта се различни на различна возраст. Јас, како тинејџерка, нема шанси да се заљубам во некој толку што нема да погледнам никој друг до крајот на животот. Веројатно е исто и кај машките. Нема сигурно да и се предаде на една уште од средно, основно и да ја сака толку чисто, толку безусловно, кога уште е дете. Сите знаеме да сакаме и сите сакаме, тоа е факт, а за јачина на љубов, како што се изјасни Теодора, нема мерач.
Од тоа што до денес сум го видела на ова прашање неможам да одберам едно. Од причина што верувам и мислам дека во една врска двајцата партнери неможат да сакаат подеднакво. Секако има и исклучоци. Но мислам дека секогаш барем едниот партнер сака помалку, а другиот најискрено. Така да полот не е важен секој еден човек е заљубен до уши што се вика или повеќето, но не мора да значи дека е со личноста што ја сака. Се надевам ме разбирате.
Не дека женските повеќе сакаат, него машките од мали ги учат да си ги кријат чувствата. Нема плачење, нема лигавење, им се смеат ако нежности покажуваат. Затоа викате машките еднаш сакаат. Не е тоа, него кога стварно ќе засака некоја гајле му е што ќе зборат па првпат покажува дека сака некого. А женските на секој дечко му изразуваат емоции и никој не ги осудува ако се "лигават". Јас викам до човекот е. Секој си има свој начин на покажување емоции и љубов.
Тоа е многу гочно да знаеш, еве од прва рака имаш инфо. Машките кога ќе засакаат, сакаат многу цврсто! Машко не знае да одглуми лажна љубов за некоја краткорочна цел со девојката, а и да се обиде, лесно бива разоткриван. Така што одговорот е точен: машките сакаат повеќе. Не е добро да се генерализира, но ако мора да се одговори со 1 одговор, еве одговорив.