Жена – сестра, подвижна, независна, самостојна, силна. нејзиниот афродизијак е такмичење. прекрасна другарка и пријателка и со машки и со женски. Емотивно недопирлива, бидејќи има само една цел во животот – да победи таму кај што одлучила, било тоа да е кариера, спорт и сл. За нејзе животот е утакмица, а Таа е силен натпреварувач кој секогаш ќе се труди побрзо да трча од другите, да скока подалеку, да ја изненадува околината возејќи наоколу авиони, џипови. Нејзина девиза: „Натпреварот секогаш продолжува, а јас ќе бидам победникот.„ Не секогаш затоашто понекогаш и се откажувам
Па во ниедна категорија не се пронаоѓам, ете можеби комбинација од жена сестра, жена мајка и жена сопруга.
Комбинација од жена-сопруга, жена-сестра и жена-бизнисменка. Не можам да се ставам само во една од нив, зашто има некои карактеристики што не ми се целосно својствени.
Жена- сестра , жена - сопруга и жена - бизнисменка . Првото - затоа што мразам да зависам од другите , без разлика дали е мајка ми , маж ми , комшијата . Сакам предизвици . I will fly to the moon and back , why not ? Мразам порази . Жена - сопруга - затоа што цел товар го преземам на свои плеќи , без око да ми трепне . Не затоа што не можам да успеам јас како индивидуа , туку за да имам и успешен сопруг покрај себе . Жена - бизнисменка - затоа што карактерно сум плукната на татко ми . Лесно избувнувам , во некои ситуации знам да држам лутина до смртна постела , сакам автомобили и ме интересираат генерално " машки работи " . Плус , еден ден ќе наследам бизнис од татко ми , а и ќе имам сопствен бизнис , кој никако не е поврзан со оној на татко ми .
Жена сестра Од сите овие најмногу се пронаоѓам у сестра иако не сум нешто претерано натпреварувачки тип, и емотивно допирлива сум.