Па повеќе се.. Со тебе,@Someonespecial @Valerin @Lella @Summerlover .... Кој член е најприсутен во темите за литература и уметност?
Сите оние девојчиња кои пишуваат во темите за љубовни проблеми, очекувајќи тапшање по раме а потоа се караат со сите кои имаат поразлично мислење од нив, за да на крај демонстративно да напишат дека на форумов сите се безгрешни светици и дека повеќе на фемина нема да бараат совет, задолжително завршувајќи го постот со ЧАО, ПРИЈАТНО. Кој член е тазе вработен/а?
Мене најнеписмени ми се оние кои започнуваат тема која веќе ја има и тоа насловот го ставаат во латиница, за да биде уште поекстремно. За воведниот текст во кој го изложуваат својот проблем - да не правам муабет: печатни грешки, латиничен фонт, ни точка, ни запирка, ни бутур. А кој член е најсмешен? (овде има јака конкуренција, богами )
Има повеќе хумористични и позитивни ликови тука, @calliope, @simonna.a, @Elennaa само штета што ретко ја има во последно време... Кој член ви е вам најсличен?
@Minnie 1 (за одредени работи) и @kjukli во нив наоѓам некои сличности... Со кој член би сакале да одите на одмор ?