Кој ќе оди на одмор во Грција?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од viki44e, 19 мај 2010.

  1. Marang

    Marang Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2020
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    343
    Пол:
    Женски
    А после колку време откако ќе пуштиш доказ за уплата на депозит ти го праќаат ваучерот?
    Прв пат закажувам вака малце ми е страв
     
  2. Касија

    Касија Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2018
    Пораки:
    948
    Допаѓања:
    8.882
    Пол:
    Женски
    Последен пат преку нив имам одено пред две години, не паметам точно, ама мислам не чекав многу, ќе ти го пратат на мејл кога ќе им пратиш доказ за уплата.
    Важно е трансферот на пари да е успешен и да имаш потврда за уплатата, а со Никана ќе немаш проблем, доколку се плашиш дека не би ти испратиле ваучер или слично, немам слушнато за некое лошо искуство со нив.
     
    На Marang му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    808
    Јас уплатив преку нив и ваучерот истиот ден ми го пратија платив преку Вестерн Унион иначе првпат уплаќам преку Nikana.
    Сега претходната недела уплаќав.
     
    На Marang му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.198
    Допаѓања:
    13.635
    Пол:
    Женски
    Мене ваучетот ми го пратија за 3часа.
    2ра год по ред одам со нив.
     
  5. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    13.949
    Пол:
    Машки
    Не знам дали е до мене, ама запрепастен сум од цениве на апартмани оваа година.

    Еве пример на Ситонија, околу Никити(и соседни селца), апартман за двајца, за 7-8 ноќи во главно околу 1000€. :o :drunk:
     
    На Snowflake_62, eliesaab и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  6. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.554
    Допаѓања:
    8.474
    Јас еден смештај испод 100 евра не најдов, подобрите (малку поок мебел, чисто вц и поблиску до плажа) се над 140 евра, лудило.
    А не барам во сезона ударно.

    220 евра хотел во Хрватска, со доручек и вечера, на плажа… кој не е со деца и може да вози подолго е многу подобра опција.
     
    На eliesaab, Aschenputtel, FriendOfDorothy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    13.949
    Пол:
    Машки
    Така е. Мене искрено ми е апсурдно да платам над 500€/човек само за сместување во просечни апартмани.

    Ами превоз, таму трошоци… Без над 1000€/по чоек нема да се помини по овие пресметки.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    6.947
    У Турција годинава срцки, All Inclusive, 500-600 евра од човек е и во грчко село веќе (пат, смештај, јадење, пиење, лежалки). Барем нема да правам макарони секој ден или јајца на 10 начини. :lol:Многу поскапени селските апартмани, од јануари бараме, не се нормални со цениве.
     
    Последна измена: 4 април 2025
    На eliesaab, Aschenputtel, Waverly Raven и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    13.949
    Пол:
    Машки
    Некако не ме влечи Турција. Повеќе сум по убави плажи и море, а тоа како да ми недостасува таму или можеби сум грешка? :?:

    Крајот не ми се наоѓа… :D
     
    На ocicka2014 и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  10. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    6.947
    И мене прв пат ќе ми биде, ако не најдеме нешто на букинг.
     
  11. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.190
    Допаѓања:
    9.044
    Пол:
    Женски
    А зошто мора да е Грција? Оти е блиску, брзо се стигнува или?
    Ај јас што не ја сакам никако.
    Еднаш бев Калитеа 7 дена, и на еден ден Неа Потидеа. Па таа Подитеата за 1 ден со другарка ми ја поминавме тражејќи еден кафич на плажа. Село обично...

    Стварно прашувам, не знам зошто сите толку за таму, а сите викаат скапо.
    Лани золва ми се предомислија и отидоа Албанија баш поради цени.
    Брат ми кога собра се што потрошиле му излезе над 1500 еур.
    Па за тие пари се наоѓа хотел во Турција. И таа е поскапена годинава, ама има избор, се наоѓа за различен буџет.

    Ете нека е и Црна Гора, Хрватска.

    Па 100 еур за смештај само не давам колку и да имам.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.391
    Пол:
    Машки
    Не ти недостасува. И Турција има убави плажи, само што се малку подалеку, односно појужно.
     
    На Aschenputtel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.870
    Допаѓања:
    203.012
    Пол:
    Женски
    Ахам, да 500-600 евра во хотели што сите ги плукаат. Не, фала. И Турција отиде во плафон со цени.
     
    На eliesaab, Waverly Raven и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  14. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    15.152
    Пол:
    Женски
    Грција годинава е отров! А како што викате обични селца што ние и србите само одиме и им ги живнуваме. Три месеци мислам цела Грција и сите варијанти ги свртив од букинг, од гугл мапс од незнам што ти не и да под 1000 евра нема шанси да се најде. Ние сме со 2 деца тоа па уште повеќе ја крева цената. Да не зборам па за сместувачките капацитети колку се бедни. Ко ќе го видам уште она малоно шпоретче ко на батерии коса ми се исправа искрено. Не дека готвам којзнае колку, ама таму да испечеш нешто за 4 члено семејство треба на 2 пати. Јас не сум голем фан на Грција ама мм е запнат дека сме со мало дете.

    Ја гледав и Турција. Хотелите од 500-600 евра што се да не се лажеме отворете трипадвајзер или на гугл мапс ќе ги видите реално дали вредат и за 50 евра. Па не сме ние животни па да одиме во такви штали. За нормален културен одмор во Турција во сезона за 4 члено семејство за 10 дена под 3000 евра нема. Е тука се си покриен и не ти треба ни евро веќе за таму.

    Египет е исто фина варијанта и поефтина од Турција. Башка ќе се бањаш во Црвено море:) Е сега мм што вика таму може некоја ракетка да залета, ама па и Турција не е нешто подалеку ако гледаме така:lol:

    Тунис како дестинација и исто скапа годинава.
    Можеби за овие пари може да се оди и на некоја подалечна и поегзотична дестинација само проблемот е што нашиот мајндсет за одење на одмор е поставен тука на околниве мориња на жалост.

    Црна Гора и Хрватска не сум ги разгледувала зашто барам песочни плажи.
     
    На Kateepp, eliesaab, Waverly Raven и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.870
    Допаѓања:
    203.012
    Пол:
    Женски
    Египет не е за сред лето, искрено, април мај е идеално, евентуално октомври.
    Јас уплатив во јануари уште, за Грција, 1300 евра за четворица со доручек и вечера, е проблем е локацијата оти е во Метаморфози, не го сакам нешто баш, ама па е добра база за шетање, оти ние сме со поголеми деца, па ќе шетаме по краците.
    Имаше многу убава понуда за Симантро, во јуни последна недела, со доручек и вечера, ама за фамилии со мали деца, 1400 евра. Мене за истиот аранжман ми бараа 2000 евра. Не ми се даваат, искрено, ама ич. Па лани на Сицилија за помалку од 2000 евра топ поминавме, во сопствена режија. Ама Грција забега со цените, дефинитивно, исто и Турција. И Шпанија е тука некаде, барем она што гледав по агенцииве наши. Во сопствена режија може поевтино ќе ми дојдеше, ама немав време да организирам и баталив. Здравје догодина.
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    808
    Во кој период беше на Сицилија и на кое место и ако мојш пиши нешто за Сицилија дали шетавте со што шетавте и итн.
     
  17. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    13.949
    Пол:
    Машки
    Да и јас тоа забележав за Турција.

    Минимум по 900-1000€/по чоек се аранжманите и тоа вон сезона, секако тоа е all inclusive, ама кога ќе ми текни до лани дека поминував со околу 600€ се комплет во Грција… ;(
     
    На FriendOfDorothy и Annath им се допаѓа ова.
  18. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.288
    Допаѓања:
    15.152
    Пол:
    Женски
    @Annath знам дека не е за летно време Египет. И Турција не е најсјајна во јули/август ама јад на жалост само тогш имам одмор. На времето имам одено во Турција во септември. Абе милина.

    Кипар исто ми е така привлечна дестинација, ама освен што не е и тоа за сред лето нема ни диретен лет за таму
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.870
    Допаѓања:
    203.012
    Пол:
    Женски
    Во соодветната тема имам пишано поопширно. Сместување најдов преку Букинг, цело поткровје за 495 евра за една недела. Со траект Валона Бриндизи отидовме, преспавме во Бриндизи на одење, после возевме до Оливери кај што бевме сместени. Се шетавме секој ден, одевме и на плажа, јадевме по ресторани, појадок најчесто сами правевме оти во Италија за појадок има само слатки пецива и кафе.

    https://forum.femina.mk/threads/Сицилија.21204/
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.870
    Допаѓања:
    203.012
    Пол:
    Женски
    Е навистина е голем проблем кога си ограничена со периодот во кој можеш да го земеш одморот, посебно затоа што колективно одите и баш во најскапиот период. Јас имам среќа што можеме да бираме, и секогаш одморот во странство ни е во предсезона, т.е јуни. Ем е поевтино, ем не е жешко многу, таман е.
     
    На V.N. и eliesaab им се допаѓа ова.