1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој ќе оди на одмор во Грција?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од viki44e, 19 мај 2010.

  1. Tanjat78

    Tanjat78 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    3.334
    Пол:
    Женски
    Бранови,во Врасна и на Пелион само имам видено толкави бранови!По мене Врасна не е опција,ако има друга,се разбира:D
    А ние,оваа година Торони....на ред е неое островче,ама мене оваа пандемијата баш ме измести,ете,имам страв да одам некаде каде нема блиску болница...
     
  2. Tanjat78

    Tanjat78 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    3.334
    Пол:
    Женски
    Ептен е интересен,нема што нема,па и само на пазарот да осите и пристаништето ќе ви биде супер!Јас не би се мислела ИЧ!
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lavender4

    Lavender4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2021
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Планирам да одам Кефалонија, ако бил некој ако сака да сподели, соодветната тема не е баш активна
     
  4. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    Да одиш, прекрасен остров.
    Дали некој бил во Евиа? Баш убави аранжмани гледам од агенцииве.
     
    На Lavender4 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Јас сум била во Пефки делот. Тогаш тек почнаа да го нудат агенциите повеќе, не беше премногу познато, сега сигурно е и поразвиено, години се поминати. Има убави плажи, зајдисонца прекрасни гледав секоја вечер, по тоа го памтам :lol:, мирно место е, немаше нешто ноќен живот и бучава, за прав одмор е ако сакаш таков. Може другите делови на островот да се малку поинакви јас конкретно за делот Пефки зборам. :)

    https://forum.femina.mk/threads/Евиа-Грција.24230/ Еве и тука може да прочиташ искуства.
     
    На steela.honey му/ѝ се допаѓа ова.
  6. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. steela.honey

    steela.honey Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    И дали бил некој во Егина? Ако да споделете искуство.
     
  8. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Јас ќе напишам од мое искуство за местата кои ги имам посетено за летување и како ми се допаднале, можеби ќе помогне на некој.

    Олимпик Бич одев често како помала, за деца е интересно место, има паркови, лулашки, има каде да се прошета. 2011 бев последен пат и во вода влегов еднаш/два пати. Многу беше прљава водата, со алги и лично јас таква вода не сакам. Ама па плажите се пошироки, има каде да се стави пешкир ако не сте по лежалки, башка Паралија е тука блиску, има вовче до таму, а ние одевме и пешки.

    Паралија во однос на плажата е иста приказна. Многу живо местенце, врие Срби. Има еден куп продавници, има и Лидл. Знае да е многу бучно, ако барате помирен одмор не би ви препорачала.

    Имам и години поминато во камповите кај Платамона, водата ја памтам како чиста и мирна, идеално е за со кола зошто може да се шета до Катерини или Лептокарија. Има и замок(тврдина) што многу ме потсеќа на нашата Самуилова, ако сакате пораздвижен одмор со шетање ова ви е убава опција.

    Лептокарија е поголемо местенце, со продавници доста, има и музеј дури. Водата меѓутоа често знае да биде матна. Убаво место е повеќе за шетање, лично не би се сместила тука.

    Во оваа ареа ако сте и сте со кола препорачувам и да шетнете до селото Литохоро, има што да се види, а во близина за шетање е опција и националниот парк на планината Олимп. Ние имавме букирано преку агенција од Олимпик Бич за еднодневна прошетка на двеве места со локален водич, и ако ве интересира историја и митските приказни навистина интересна тура е.


    Прв крак
    Неа Потидеа, зависи каде ќе си сместен. Ако си горе во градчето веројатно е подобро. Ние бевме сместени долу скоро на крајот, куќата беше на самата плажа. Водата ни се имаше погодена идеална, тоа лето беше дури 25 степени на крај од август. Меѓутоа во долниот дел од градот има само една или две продавници, далеку се, имаше мислам едно ресторанче за гиро и една слаткарница. Мене ми беше страшно досадно. Горе во градот има доста продавници, црква, раздвижено е.

    Калитеа за млади е идеална. Продавници, кафичи, дискотеките се во близина, раздвижено е ептен и бучно. Е сега плажите се долу, и треба да одиш пешки, и реално на 40+ степени е крајно мачно. Знам лани гледав од некоја од нашиве агенции нудеше смештај и директ долу на плажа, ако начекате такво нешто топ е. Водата е убава, јас немам погодено медузи.

    Полихроно имам одено неколку пати и најсвежа меморија имам од лани. Плажичката е претесна, значи немаше гз место кај да седнеш, срби врие, од ноќ оставаат пешкири и зафаќаат лежалки. Водата лани беше скоро сите денови кристално чиста, медузи немаше. Е сега на некои делови од плажата имаше камчиња во водата, ама воглавно е песочно. Има продавници, пекара, познатото Докторс гиро. Не е многу бучно место, и не е премногу големо. Ако сте со кола најубаво е да си одите на плажи на друго место.

    Фурка ги има најубавите зајдисонца и ја обожавам ради тоа. Водата ми се има погодено и идеална и толку прљава што не ми се ни влагало во вода. Кога дува е проблемот, и се прават бранови. Не е многу големо местенце, мирно е ептен, има и продавнички и кафичи, не е предосадно.

    Втор крак
    Сарти се рачуна како поголемко место, има доста продавници, маркети, кафичи, има апсолутно каде да се шета. Меѓутоа пола одмор дуваше ептен и имаше доста бранови. Кога не дуваше водата беше стварно убава, е сега како ќе ви се погоди среќата. Меѓутоа би одела пак.

    Каламици е можеби местото со најубава плажа до сега. Многу е мало местото. Има 2 продавници, едната е во склоп на кампот, еден кафич/бар и едно за гиро. Толку. Ама затоа водата и плажата се сооон. Кристално чиста вода, има и островче до кое можеш да допливаш и да се искачиш. Еден куп школки и морски ѕвезди да се фаќаат. Искрено мене овде ми беше прав одмор. Нема каде да трошиш пари :D Ќе си мскаш гиро, ќе киснеш цел ден на плажа, ќе си легнеш и утредента пак истото.

    На јонско море сум била само во Врахос. Бевме сместени на излез од градот, плажата е многу широка, немаше ич гужва. Во однос на водата, веројатно зошто сум навикната на егејско, мене лично ми беше ладна, ама ние бевме на крај од јуни, веројатно уште не беше стоплено. Ама е навистина водата кристално плава и чиста. Има продавници ама не нешто многу, пекара, по некој кафич и ресторан, и е прилично мирно. За фамилијарен одмор лично мислам дека е убаво место, имаше многу парови со бебиња, и баби и дедовци со внуци. Имаше и агенции што нудеа тури до Парга, островчињата Паксос и Антипаксос.

    Неа Врасна имам отидено само еднаш, ја паметам по брановите што ги имаше постојано и по тоа што немаше апсолутно ништо местото, крајно досадно беше, па шетавме до Аспровалта. Плажите беа широки и имаше место, ама не би ја препорачала за одмор.

    Од островите имам отидено на Скијатос и искрено беше а dream come true. Си пиеш ладно фрапе покрај море, во близина на port-от од Мама миа каде што фаќаат бродче до Скопелос, и над тебе слетува авион и едноставно сон е. До плажите има бусчиња постојано, Кукунарис е најубавата плажа според мене, песокта е буквално како златна. Водата е чиста сон, плус има сенки на плажата. Има продавници, кафичи, како за млади совршен остров. Мене ми е желба пак да одам и овој пат да одам на тура до Скопелос, и да гледам Мама миа во отвореното кино.

    Летово здравје сакам да одам на ново непосетено место, се мислиме уште за каде, ама можно е да биде на третиот крак, уште ми е неоткриен, или ќе биде некаде на втор. слободно пуштете препорака за местенце. Островиве ептен сакам да ги шетам, ама ич не издржувам на брод:worried:
     
    На Mia Fuentes, andrejko82, GirlRose и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    @sweet-cherry описиве :inlove: :inlove: :inlove:

    Инаку јас би ти го препорачал Тасос. Мислам дека ќе ти се допадне. Траектот од Керамоти е само 30-40мин. ако не се лажам, и не е скап. Ако не Тасос, и таа регија околу Кавала би требало да е многу убава, од туѓи искуства. Летово можеби ќе имам и мое искуство од таму :D

    Ако сепак не си за остров, третиот крак е многу убав, ама досаден. Уранополис мириса на темјан, убаво местенце е, ама е така некако, религиозно. Сепак на самата граница со Света Гора е. Јерисос нема душа, ама ич. Океј ми е, ама не сум сигурен дали би престојувал на одмор таму. Неа Рода можеби е д прфект пик. Иако според мене- Олимпијада :D Мала е, ама има душа, плус Ставрос, Врасна и Аспровалта ти се на неколку минути за шетање, Јерисос на 30-40мин.. Плажите се сон, а се на 5мин. макс од Олимпијада најблиските. И тие од третиот крак цел ден да си организирате како екскурзија ако сте со кола не се далеку + Амулијани.

    На втор, хмм, "врвот на кракот" си го посетила, така што можеби Неос Мармарас (ама е напорен), Никити или Ормос Панагијас (со екскурзија до Диапорос островите :inlove:).
     
    На sweet-cherry и Lavender4 им се допаѓа ова.
  10. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.881
    Допаѓања:
    13.410
    @Ahoy каде би препорачал сместување на Лефкада, во кој дел?
     
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Агиос Никитас, мало местенце е ептен ама за база е супер. Исто и Василики. Може и на Катизма да се сместите, само што таму се само апартмани, нема друго ништо. А ако сте за поголемо градче тогаш Нидри, ама не ви е најдобра база.
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Didajo

    Didajo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    478
    Пол:
    Женски
    Дали се бараат сертификати во Грција за влез во молови и продавници сеуште?
     
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Не.
     
    На Didajo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. hanny

    hanny Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    61
    Здраво на мисла сме да одиме во Грција пред сезона првата недела од јуни, до сега не сме биле овој период инемам искуство околу температурата и дали има можност за бањање бидејки сме со дечиња местото неи пори или флогита, да замолам да ги споделите вашите искуства
     
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Прекрасно е тој период, барем треба да биде според искуството. Двете места ви се супер за со дечиња.
     
    На hanny му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    825
    Пол:
    Женски
    Еднаш само бев овој период, пред точно 7 години и од што беше КАМЕН ладно не ми паѓа на памет пак да одам. На крај на јуни е друга приказна. Барем моето искуство е лошо. Некои денови врнеше, ладен беше песокот, ладна водата. И јас бев со мали деца и се покајав. Не дека не се бањавме, ама не опуштено ко друг период од летото.
     
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.178
    Пол:
    Женски
    Предлози за сместување во прв ред до убава плажа? Да е блиску, на почеток, краци може и не мора.
    Би оделе во септември ама сакам да е прв ред и по можност поглед на море.
     
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Разгледај ги местата на западниот брег на првиот крак, односно Посиди, Сивири, Неа Скиони, па и Фурка. На Никана имаш супер смештаи, во Неа Скиони се и со пристапни цени. Препорака за таму: Meltemaki Studios. Вториот крак Сарти, Никити, Ормос Панагијас, Торони и Парадизо до Неос Марамарас. На третиот крак можеш и секаде, Јерисос, Неа Рода, Уранополис и нормално, Олимпијада :inlove: Јонски брег, во Врахос.

    Смештаи барај си на Никана и Грчка Инфо, јас сум наоѓал и со барање на Гугл Мапс па ако ми се допадне преку мејл договарање и резервирање :D
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.178
    Пол:
    Женски
    Фала многу, може контакт, линк од сместувањето? Барав конкретни вили/ апартмани. :inlove:
     
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.