1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој ќе си оди, Грујо или Заев?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од MaryAntoaneta, 3 февруари 2015.

?

По објавувањето на „бомбите“, кој ќе си замине од политичката сцена во МК?

  1. Никола Груевски

    135 глас(а)
    61,9%
  2. Зоран Заев

    83 глас(а)
    38,1%
  1. MaryAntoaneta

    MaryAntoaneta Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Во моментов најактуело во нашата држава е акцијата "Пуч" која се води против Заев и "бобмбата" докази против Груевски. Какво е вашето мислење, кој ќе си оди?

    Според мене веќе се ближи крајот на диктатурата на нашиот премиер, кој сега создава големи и безуспешни напори да ја уништи опозицијата со т.н. акција Пуч со која се обидува да го прикрие своето недемократско и подмолно владеење. Во неговите раце се 90% од медиумите, оние што се нарекуваат судии и адвокати, дел од политичките експерти и аналитичари. Преку нив го лаже народот и за себе создава слика на жртвено јагне. Нашиот народ слепо верува во сите негови лаги и верува дека Заев 20 пати одел пеш до некоја наша соседна држава, а се претпоставува дека е Грција. Па ако е тој странски шпиун секако дека ќе е помоќен од него и ако помоќен одамна ќе беше на власт. За сите протести и штрајкови му е крива опозицијата, за сите негови неуспеси сите му се виновни. Сега Грујо се наоѓа во ќорсокак, а околу него се наоѓаат професорите, студентите, докторите, средношколците, хонорарците, новинарите, стечајците и сите оние кои ги трпат неговите зулуми. За крај само едно нешто ме интересира, како ќе избега од правдата???
     
    На Anabelle206, Goody, Linnea и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Auditor

    Auditor Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    212
    "ЈА си мислев дека нема поглуп адвокат-правник од Мики Вуиќ, ама Петре Шилегов ме демантираше.
    Таков абдал, тешко се раѓа.
    Еве кратка анализа на неговата изјава на крајот од прес конференцијата каде беше прашан кога ќе пукнат бомбите:
    1. “Мислам дека веќе ви одговорив, дека во текот на денешниот ден закажавме седница на Централен одбор“......
    И, КОГА ЌЕ ПУКНАТ? ШТО Е ОВА НАЈАВА НА НАЈВАТА ЗА НАЈАВА ЗА БОМБА?!
    2. “Социјалдемократскио Сојуз на Македонија е демократска партија“...
    ЕПТЕН ДЕМОКРАТСКА, КОЈА ГИ ИСКЛУЧИ БУЗЛЕ, БУЧКО, ЉУБИЦА, СОЛЗА, ПАНЧО, ЕСКО...
    3. “Социјалдемократскио Сојуз на Македонија е демократска партија којашто ги почитува законите на оваа држава“...
    ПОЧИТУВА ЗАКОНИ?! ПО ЗАКОН ЛИ СЕ УЦЕНУВА ПРЕМИЕР? ПО ЗАКОН ЛИ СЕ КИДНАПИРААТ ПРАТЕНИЧКИ ВО ПАРЛАМЕНТТ? ПО ЗАКОН ЛИ СЕ ЗАКАНУВА НА ПРАТЕНИЦИ? ПО ЗАКОН ЛИ СЕ ЗЕМА 1.000 ЕВРА А НЕ СЕ ОДИ НА РАБОТА ВО СОБРАНИЕ?
    4. “Социјалдемократскио Сојуз на Македонија е демократска партија којашто ги почитува законите на оваа држава, меѓутоа, пред сé, го почитува сопствениот статут“...
    ОВА Е НАЈЈАКО, СТАТУТОТ НА СДСМ Е НАД ЗАКОНОТ ВО ДРЖАВАТА. ЛИЧАТ НА ТИТО ВО ЗАГРЕБАЧКИОТ ПРОЦЕС И ПОЗНАТОТО “ЈА ПРИЗНАЈЕМ САМО СУД МОЈЕ ПАРТИЈЕ“.
    Оволкава концентрација на глупост, лаги, противречности, непринципиелности дури ни Мики Вуиќ не би можел да истресе."
     
    На jance.kristince и Gembird91 им се допаѓа ова.
  3. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    I dont even give fuck.
    Кој и да замине од овие двајца, македонците, сите што нешто вредеа, тие што требаше да бидат иднината на државата, веќе си замина. А тие што останаа? Веќе сите отидоа/вме со паметот и оваа држава нема ни н од нормална.

    И не кажувајте приказки за мали деца како оваа партија правела вакви криминали, онаа онакви. Сите се исти. Во Македонија, да бидеш на власт значи да бидеш лопов. Нема разлика, сите се лопови.
     
    На iloveyou29, Goody, anakonda88 и 12 други им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.508
    Допаѓања:
    34.647
    Пол:
    Женски
    Амин :clap:
     
    На presiosaP, kukla21 и Anon им се допаѓа ова.
  5. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Ја сум за двајцата да заминат, значи мразам политика ама колку и да ја игнорирам таа е дел од сите нас, самата политичка фела направи младите да се занимаваат со политики и глупости наместо да си живат живот и да не му се замараат. А бре 22 години имам, јас за Груевски постови пишувам?! :headbang:

    Оваа владава го направи Скопје да изгледа на невиден циркуз, абе не ми се проаѓа низ центар, а да не зборам за сите други утки и исперени пари, пропуштени можности итн. :envy:

    Ние младите немаме никаква преспектива у оваа држава, па уште праат реклами трето дете ова она, ни едно бре нема да родам, како ќе го гледам тоа дете,како ќе му овозможам убав живот со вакви мизерни плати? кога ќе ми побара пари за искачање а немам да му дадам, или само за бебенце малечко колку пари треба?! :fubar:

    СДСм исто тешки клошари, не знам до кај ќе ја тераат али ние сме тие стапот што го јадеме они си ги земаат парите и баш им чуе за нас.:swear:

    Прва шанса за странство и му киднуем, не знам за вас.. (wtf)
     
    На Valerin и koritsaki им се допаѓа ова.
  6. Auditor

    Auditor Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    212
    Кога ке поднесете барање за емиграција ке ве прашаат што мислите за вашат држава.
    И да предпоставиме ако знаат и имаат извор некој дека сте блуеле нешто за својата држава, бидете сигурни дека ке ви го кажат следното:
    Како ке ја сакаш ти оваа наша држава кога за твојата така пишуваш или збориш.

    Мислам, економски емигранти се примаат секаде, па и политички понекогаш...ама емигранти што плукаат на својата држава мислам дека не примаат никаде.
     
  7. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Која црна држава бе, за тебе ова е држава?? и сум приметила многу луѓе не прават разлика помеѓу земја и држава, земја е мојата татковина Македонија која ја сакам со сите природни убавини и останато, а под држава се подразбираат сите институции, администрација, болници, ваков сектор онаков сектор итнн. кои ги нема! НЕ ФУНКЦИОНИРААТ! тие не функционираат за нас "обичните смртници". (facepalm)

    Ги жалам оние кои се вечни фанови и обожаватели на едната или другата страна и се препукуваат помеѓу себе, а нивните деца дома немаат леб да јадат! (facepalm)
     
    На kukla21 и Valerin им се допаѓа ова.
  8. Auditor

    Auditor Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    212
    Ти мачкице вака ке напраиш сега...земи го твојот бес па удри по тој што решил да има оваква тема на форумов...јас за разлика од тебе и да трпам за леб нема да плукам по владата во мојата држава, оти тоа ке биде исто како да плукам врз самиот себеси(нели сме ја избрале ние де).
     
  9. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    ок истетовирај ја ако сакаш, ја не сум ја гласала.
     
    На iloveyou29, De-lovely, calliope и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Auditor

    Auditor Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    212
    Ок, пишувај си што сакаш но те молам не ме цитирај, не е фер така.
     
  11. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Auditor ti nova si od partija so te plakjaat da pisuvas na forumov? Kolku ti plakjaat po post daj kazi I nie neutralcite da zemime nekoj denar? Najlesno se prodava patriotizam so rabotno mesto so resenie I poln dzeb.
     
    На iloveyou29, Oscar Lady, SexiLy и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Auditor

    Auditor Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    212
    По глупаво прашање досега немам добиено.

    Госпогицава мора да е од опозицијата.
     
    На jance.kristince, ocicka2014 и Goticarka им се допаѓа ова.
  13. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Значи ти си од власта
     
    На iloveyou29, Oscar Lady, SexiLy и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Auditor

    Auditor Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    212
    А зошто ти прашуваш?

    Подфорумов политика јас не го измислив ниту го поставив тука, само пишувам како и другите што го прават тоа.
     
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Јас не прашав, јас кажав тоа што ми е очигледно исто како што ти констатира за предходната феминка.
     
    На SexiLy, dragan4eDR, Antebellum и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Auditor

    Auditor Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    212
    Па, ок...

    Констатирам дека има потребен кворум за расправа по темата...

    Повелете со дискусија ...
     
  17. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Дискусијата е веќе започната, а ќе стане и подобра пошто сега веќе имаме луѓе и од власт и од опозиција.
    Ајде тие што се на власт нека ни кажат што и како понатака со Заев
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Auditor

    Auditor Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    212
    Ние македонците сме многу страствени кога се работи за политиката.(fingers)
     
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ние македонците треба или брзо да се опаметиме, или брзо да ја напуштиме државава. Трето нема.
     
    На iloveyou29, Oscar Lady, <3 pleza4e <3 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Auditor

    Auditor Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    212
    "Најдобра држава за живеење е таа во која сме се родиле."
    -Јохан Волфганг Гете