Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој ќе си оди, Грујо или Заев?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од MaryAntoaneta, 3 февруари 2015.

?

По објавувањето на „бомбите“, кој ќе си замине од политичката сцена во МК?

  1. Никола Груевски

    135 глас(а)
    61,9%
  2. Зоран Заев

    83 глас(а)
    38,1%
  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    ^Ама и не е САМО во барок, Александар Македонски и ВМРО кое нема врска со оваа наше денешно.

    Социјализмот е дел од нашето минато и колку сака нека го негира оваа влада ама тоа си постои.
    Југославија е дел од нашата историја и не можеме да ја избришеме како шти се трудат некои.

    А само неук човек може да зборува за комунизам и комуњари.

    Не можам да гласам за двајцата да си одат, инаку тоа е мојот одговор.
    Ни требаат серизони промени во сржта.
     
    На crazylady, kjukli, daylight и 2 други им се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.597
    Допаѓања:
    35.064
    Пол:
    Женски
    Џабе е Петрета да го убедувате. Сега Гвујо да излезе и да ги прљавштини и криминали што ги правел, Петре пак ќе го брани и ќе го праша како подобро да му се намести за да може подобро да му го .... Ете до толку е слатко пустото административно столче.
     
    На kjukli и Night Rider им се допаѓа ова.
  3. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Заев сигурно има нешто штом толку се сили и штом досега не го затворија, вчера на телма рече дека сето тоа било само почеток... Очигледно е дека зад него стојат јаки сили штом тој не се плаши и штом се осмелил да објавува снимки, па и снимките што ќе бидат објавени за Мијалков и Груевски... Мене само не ми е јасно зошто ни една телевизија ги нема објавено сите снимки? Јас од тоса што го имам слушнато досега на нет помеѓу Јанкуловска и Ставревски, тоа е нешто што остава без зборови... ЕВН им се закунува со исклучување на струја на МВР, 20.000 евра дужни на Лукоил, нека се намалат платите или нека си одат бре луѓето кога нема пари, ето за рекламите само оделе не знам која сума беше, а за плата жалните немаат пари... и што уште не зборуваа... ќе видиме понатаму што ќе се случува... а Заев пак, цела Струмица ни ја зеде, Глобал почна да напукува, се вработува само од СДСМ и така... Време е да се смени цела политика тука кај нас, ни се тие ни се тие, само се напаѓаат, се тоа пак тоа, на кого ги градат тие фабрики, кога народ нема, на сите што им се пружи прилика си отидоа, па фала богу, со која мизёрна плата тука ќе живееш, кога само сметките ти се 100 евра...
     
    На Victorian и Night Rider им се допаѓа ова.
  4. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Многу нормално, денес повеќе ги нема великаните и идолите на твојата идеологија -

    http://en.wikipedia.org/wiki/Nazi_Party
    http://en.wikipedia.org/wiki/National_Fascist_Party

    И затоа немаш избор освен да се приклучиш кон најсличната опција која постои во земјава :D

    Вмро има извесна врска со тоа старото. После почетните успеси, Илинден и организирањето отпор - старото вмбло се исподелило на фракции и станало крвник на Македонскиот народ, се убивале помеѓу себе, убивале недолжно население, се приклонувале кон странски пропаганди, влијанија и асимилации, работеле активно на припојување кон Бугарија, некаде наидов на бројка од 15.000 убиени Македонци од нивна страна, па дури спаднале до тоа ниво да соработуваат со усташите, фашистите и нацистите. Замисли го резилот и дамката која немаше да ја испере никој ако овој народ го ставеа во друштво со нацизмот.

    Новопечените вмблофци милуваат да зборуваат за чистките на комунистите (кои биле реалност) но не споменуваат колку самите нивни квази претходници имаат убиено врвни Македонски интелектуалци и револуционери.

    Ванчо Михајлов бил во плановите на Хитлер за создавање марионетско државиче наци-Македонија. Ако се стави на кантар, таа кратенка со четири букви е катастрофална за Македонија, како некогаш така и сега.

    Денешните крвници се наследници на некогашните.
     
    На Andrianaaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WildOnes55

    WildOnes55 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2015
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    Како што е тргнато накај Грујо оди....(facepalm)
     
    На crazylady и MaryAntoaneta им се допаѓа ова.
  6. deckoto

    deckoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    138
    Одете си и двајцата, така ке ја спасите Македонија !
     
    На crazylady, anakonda88, ccca и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Оди де ама каде?
     
    На Prijatelot му/ѝ се допаѓа ова.
  8. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Двајцата се за никаде:x Толку прости да незнаат издржан говор да дадат или одговор, ниту пак некој од нив двајца е претставителен. Да не го коментирам ич па деталот што Никола Груевски го брука името ВМРО и се мава во гради со него, се знае вмро кои биле....овие се ДПМНЕ:puke:
     
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    4.252
    Мислам дека сме во заблуда ако веруваме дека едниот или другиот се подобри.

    Или двајцата нека останат - но да се преместат на посоодветни позиции. Заев како градоначалник на Струмица, а Груевски како министер за финансии или економија. За тие позиции минатото покажа дека навистина ги бива. Премиери нека бидат или Радмила или Зоран Ставревски, евентуално Никола Попоски бидејќи личи на премиерот Ципрас од Грција - на тој начин новинарите би можеле да се збунат и да се издејствува признавање на РМ под уставното име.:D

    Инаку на Заев мислам дека не му требаше изјавата околу задолжителниот албански јазик во училиштата. Немам ништо против јазикот како јазик и албанците но не е во ред нешто да се наметнува задолжително (истото го мислам за глупоста со математика за матура) - и досега изборно кој сака може да си учи на курсеви. Евентуално може да се воведат бесплатни курсеви по тој јазик, но со сила никако.

    А ако веќе воведуваат двојазичност во училиштата, попрво би требало тоа да биде турски или грчки, евентуално кинески, отколку албански. Со кои земји имаме најмногу економска соработка? Грција и Турција - ни се допаѓале тие земји или не, а ни Кина како економски гигант не би требало да се негира.

    ДПМНЕ со премиерот пак згреши што дозволиа лудости од типот на СК2014, тесните кинеско-украински автобуси, сечата на дрвја во Скопје, задолжителната математика за матура и следењето на традицијата (црква, историја и сл.).
     
    На VladeMila и Magnolija им се допаѓа ова.
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.477
    Допаѓања:
    55.024
    Пол:
    Женски
    Никој нема да си оди ,не се напушта престолнина лесно, ова е само некоја мини серија од која двете страни имаат некоја корист ,ги перат мозоците на народот на еден или друг начин,и двете страни го претставуваат злото, е сега некој ќе рече ке го изберам "подоброто" зло, за мене и двете страни се во ист кош, и слободно нека си одат и двајцата водачи на тие страни.
    Само едно знам, кој и да дојде нареден ќе биде полошо, ете пример да си оди Грујо,што би поправил Зајко и обратно?
    Посакувам да се оформи една сосема нова влада, од сосема нови ресурси и капацитети,ама познавајќи го Македонскиот народ тешко, од векови наназад на Македончето му крадело рачето и гледало колку повеќе да работи на штета на својот народ!
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  11. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.566
    Каде сте бре зајкољупци, никаде ве нема последниве денови! Не за друго, да му се најдете на ергенчево ваше, да го поддржите во свадбарските песни што ги „пее“ на својата избраничка. Нели гледате дека му се растри меѓуножјето од играње Шота, почна ѕвезди и месечини да симнува од заљубеност, смело да оди таму каде што никој досега не бил, а вие си ќутите? Па нема смисла да го окапете баш за оваа секс-бомба.

    Па отворете уста, пофалете го кај „сватовите“, кажете дека Зајко е човек од збор, дека што рекол - исполнил, па ако треба и ќе се откаже од целиот свој род, и името нека му запусти - ако тоа е потребно, море и ќе им се намоча од ќерамиди на гробовите на своите предци, само да ја кандиса невестава. Зошто таа па, богат мираз ќе му донела.

    Затоа, окуражете го малку. Најдете му се при рака на пример, полесно да смисли двојазични имиња за градинките и училиштата каде што ќе му учат дечињата, т.е. идните „граѓани на БЈРМ“. А сега трк под прозорец на невестата (каде што Зајко пее серенади) и заедно испејте ја „Не барај ваква љубов да премолчиме“.
    Со среќа
     
    На Ethrnity, ADOKI и zekzeki им се допаѓа ова.
  12. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.223
    ^^Се оградуваме на недоличните коментари и прашања како твоите.
    Под претпоставка дека на зајкољупци ги повикуваш сите кои не го сакаат и не подлежат на послушност на твојот диктатор. Во кои се пронајдов и јас.
     
    Последна измена: 25 мај 2015
    На theowndemon, kjukli и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.297
    Допаѓања:
    285.217
    Јас дури се запрашав дали станува збор за текст поттикнат од идејата за обратна психологија...
    Читам а сеуште не можам да верувам што читам(facepalm)
     
    На Abrakadabra и kolovoz им се допаѓа ова.
  14. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.566
    Сликовитоста на мојот коментар не го прави истиот да биде недоличен, туку да укаже на нечија недоличност. А ниедна слика не е поболна на реалноста!

    Прашањето е : Дали ти, како Македонка се оградуваш и ги осудуваш коментарите и визиите на З.З.( без оглед дали припаѓаш или си симпатизер на некоја партија, или ни обете, сеедно) кои ги чувме на косовска телевизија, а беа дадени од релевантен политички фактор (лидер на најголема опозициска партија која претендира да дојде на власт), или ги поддржуваш? Или ти е сеедно?
     
    На zekzeki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    @orevokrsacka уау, а па една сликовитост кај тебе, Бодлер да ти завиди :rofl:

    Грујо да има малку совест ќе си оди. Нема ли срам? Како што Мијалков и Горда си дадоа оставка за да не пукне поглема брука за нив, така и овој да го фатат.

    Заев сега за сега не е на тапет, прво главново зло да се исфрли, маченикот св. Никола, а потоа и нему ќе му дојде редот. По одвратност ми се исти двајцата, само што Грујо ми е за нијанса поглуп.

    Мислам, нели против позиција се протестира, не по опозиција, ор уат?
     
    На anel, Rama, kolovoz и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    @orevokrsacka
    Заев барем има некакви визии, како што напиша самата, а Грујо има само илузии кои не одат подалеку од античкиот период.
     
    На theowndemon и kolovoz им се допаѓа ова.
  17. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.223
    Сакаш да ми кажеш дека сликовитоста ја употреби за недоличното однесување на ЗЗ ...аха...ама тебе постот ти е наменет за друг соговорник, односно нас??? На крај излезе дека ни сама не си ја разбра сликовитоста.
     
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Еве како со диктаторите треба! Треба некој и нашето дикаторче вака да го расплака и понижи, да го удри по егото, а не по совеста како што правеа до сега. Зашто ситните души од ова се срамат, не од нивната злоба.

     
  19. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
  20. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.477
    Допаѓања:
    55.024
    Пол:
    Женски
    Во контекст на муабетот што се спомна дека Мијалков за да не биде срамен повеќе демек е совесен и си даде оставка , не се радувајте многу( да не се радуваме ) да не ви биде во мисла,на големо се бара и се пишува секаде дека треба да се врати шефот :D ;)