Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој ќе си оди, Грујо или Заев?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од MaryAntoaneta, 3 февруари 2015.

?

По објавувањето на „бомбите“, кој ќе си замине од политичката сцена во МК?

  1. Никола Груевски

    135 глас(а)
    61,9%
  2. Зоран Заев

    83 глас(а)
    38,1%
  1. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Ех,како се секавам.Државна партиципација на факултет 500-1000евра,дупло речиси од сега.А платите на нашите дома 10 сетина илјади за високо образовани службеници,тешко беше богами.Еееј,се радувавме за одмор во Охрид или Преспа,а сега оп секој викенд Солунче,стотици илјади секој месец регистрирани влегувања.Е од кај пари де???
    Ова само се сетив,а политика нема крај.
     
  2. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.947
    Пол:
    Машки
    Знаеш зошто ќе победи? Цела администрација против себе ќе гласа? Вработените во овие фирмите приватни што ги влечеле за уши на гласање против себе ќе гласаат?

    Еве владата прави, се согласувам без никакви иронии, кажи ми дали на сите тие субвенции за странските фирми не можеше минималната за обичен работник да ја качи уште 3000-4000? Сакаш да дискутираме зошто не ја качи?

    Kaжи ми како животот на човек вработен благодарение на владата, на висока позиција е подобрен, ако работата му зависи од тоа дали ќе се појави во камп на чувари на демократија, ако мора постојано да оди по состаноци? Наместо да чита книги да речеме, да прати наука и технологија.

    Истото важи и за другите, да не ќе биде подобро ако дојдат на власт СДСМ?

    Со исти методи се служат буквално, ја на своја кожа сум искусил неправда од мала група комуњари, да не навлегувам у мојата приватност. Али знаат дека не можам да им наштетам, пошто фамилијарно се држиме далеку од партии. Тоа се истите одмазднички методи, а знаат дека сум у право.

    Али за ваков скандал каков што е овој со снимките мора некој да понесе одговорност. СДСМ краделе, приватизирале, ете ги 10 години во опозиција поради тоа. Овие крадат потврдено со снимки и ништо?

    За федерализацијата многу глуп потег на Героски, се намести на волеј. Ако рачунаме дека пак ќе победи ВМРО, ама не со над 60 пратеници, пак ќе дојде таа теза на маса, не за федерализација, туку за албански како втор јазик. Ќе ти постават ултиматум или албански втор јазик или МВР или финансии министер албанец, се е можно у оваа луда држава
    Во 2011 ВМРО имаше помалку од 60 пратеници, па памтиш албанците како ги уценија за законот за амнестија?
     
    Последна измена: 18 ноември 2015
    На Robin25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.097
    Пол:
    Женски
    Ова е веќе друг пост ... нема крај одмаздата, не оди така, факт е како гости да сме си во сопствената држава уште да ни кажат и каде ќе седиме по дома, имаш право за некои работи особено за субевнцииве за странски фирми (тоа се потези само и само да се работи нешто и луѓе да се вработуваат, овој потег долгореочно треба да има одраз, не можам сега ништо да кажам на лик ти си во право,а дали е така ќе видиме) и да се надеваме дека сево ова ќе стаса некаде и ќе се сменат нештата на подобро ... не е лесно и да си таму некаде на функција меѓутоа посакувале и ја добиле и сега мора да се носат со тежината на работата. Мене ме нервира безобразлукот и да те снимаат и лажење на сите страни и уште силни матни, не оди тоа. Памтам за сите уцени и уште ќе ги има за жал, многу работи се игра на надворешни играчи,а ние само се надеваме на добар ветар и бродот да тргне во правилен правец,а работите се менуваат и таму на таа маса па, ќе видиме што ќе биде.
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Robin25

    Robin25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    138
    Не знам како заклучи дали сум возрасна личност или не. Ама добро.

    Затоа треба транспарентност и неселективно спроведување на законот. Сами се криви луѓето, ама да имаше систем да веруваме во него дека ќе донесе правда и правилна распределба на работите, немаше ова воопшто да се случува.

    Верувам дека на индивидуалци им се подобриле статусите и примањата, но за жал на сметка на целото општество кое скапо ќе го платиме сите ние.

    А за долговите во Југославија, друга дебата е таа и како сме плаќале и како сме го наследиле тој долг. Македонија и таму беше на опашката и целиот пораст што го имавме беше претежно затоа што другите соседи ни ја влечеа економијата. Али на друго место.. Поентата поврзано со ова што сакам да ја доловам е дека ниту еден од нив нема да плаќа за долговите, самите ние ќе плаќаме, а со помалку луѓе во земјата, со дупки во пензиското, со државни вработувања кои всушност ние самите граѓани ги плаќаме тие вработувања со даноците на крајот ама баш ништо нема да остане, ни за тековни трошења, ни за нови
    ќе видиме СЈО што ќе каже дали само се пцујат.
    Да супер изведба беше тоа да се намали партиципацијата, сега гледам цвета и образование и младина кога секоја будала има завршено факултет. Перфектно!

    Солунче супер дестинација за шопинг, оти сите дуќани се затворија по градовите од селективните инспекции што фураат насекаде. А да беше Македонија толку развиена и расцветана, ќе можеше истото и во Скопје да си го дозволиш, а за викенд ќе идеше Париз, Лондон. А да, се радувавме за одмор во Охрид или Преспа, сега нема на што да се радуваме оти од политиките нема прво понуда а не побарувачка.
    А во Солунче кога идеш на шопинг и заби поправаш таму или не?
     
    На MilaP му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Се согласувам со тебе ,високото образование некако изгуби од квалитет.Но костатацијата дека поради намалени партиципации,некако плитко размислување ми доаѓа.
    Точно е,со помали партиципации по дифолт се зголеми бројот на студенти,но крајната селекција ја вршат професорите на факултетите,истите тие вработени и во време на претходната и оваа власт,без оглед.Оваа мерка требаше да значи школување и на навистина добри ученици со ниски примања,а не секој да се запишува.Тука треба да се запрашаме зошто професорите ги сменија критериумите???Всушност високото образование првично почна да губи на квалитет со наглото отворање на приватните факултети,но тоа е всушност друга тема,да не навлегувам.
     
    На Outlook, cresa-jagoda и MiloMalo им се допаѓа ова.
  6. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Прашањево е бесмислено бидејќи однапред е повеќе од јасно кој ќе победи а кој ќе изгуби. Но проблемот не е во тоа што овие кои сега се на власт дека се многу добри, туку работата е во тоа што овие што претендираат да дојдат се катастрофа. Погледнете само на недобиени избори како се однесуваат, наместо ова време да го користат за да понудат некој предлог на закон кој ќе го подобри животот на граѓаните тие гледаат прво своите да ѓи набутаат па макар и за некој месец само. Вчера на опозициски портал прочитав демек и овие ѓи партизирале институциите и немале право да зборат за тоа. Ок но вие покажете дека ќе работите поинаку а не оправдување да ви биде што и тие се како вас. Друга работа, погледнете ѓи министрите, каква врска има Ременска со Труд и социјала и Спасов со МВР? Па добро бе луѓе, барем во овој период ставете луѓе од таа област да покажете дека може и поинаку а не вака да се дозакопате па после ѓаволот ви е крив што ќе се дозакопате и што овој пат нема да имате ни колку на претходните избори а камо ли да победите. Искрено не ми е гајле ни за едните ни за другите туку жал ми е што сето тоа оди преку грбот на граѓаните.
     
    На mami blue, Outlook, pravnicka2 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Бројот на студенти се зголеми, критериумите се сведоа толку ниско за да истите не бидат под бирото за вработување. Воала -намалена невработеност. И иселените де. Толку за тоа.
    Она што ми боде очи е стаааално истите та истите реченици од двете страни, со помалку или повеќе аргументи бранејќи ја својата страна. Ама помина време бе луѓе аман. Како не ви скисна да го споменувате тоа време бранково, минато свршено, а веќе ни самиот долго време не е присутен на политичката сцена. Па баш оти не го биваше затоа падна и крај на приказната.
    Веќе 10 години гледаме друг филм. За некој одличен за друг добар за трет хорор. Многу работи направија да, но многу и непотребно, ќе ги спомнам оние врби палми чуда од неброена пара кога со тие пари ќе се средеа многу работи, на пример јавните здравствени установи каде условите се исти во сфрј, сведови сме сите на тоа. Ама како поинаку ќе се перат пари... Но тоа е тоа што отсекогаш го прават политичарите во Македонија драги мои. Оние си беа апла очигледни, овие малку замаскирано сепак целта е иста, отсекогаш приоритет им е нивното џебче, не е нашето не се лажете. Но ајде, па и не е се така црно, еве да си кажам на локално ниво, кај нас градоначалникот е вмровец, ама како работи секоја чест. И припадници на сдс го сакаат и го фалат сакајте верувајте сакате не. Толку е средено, паметно инвестирано, нови паркови на секој чекор, трговски центри, нема веќе неасфалтирана улица итн.

    Кај Заев не ми се допадна што се испазари квалитетно за една многу осетлива тема. Ако веќе си решил да ги разоткриеш терај до крај бе брат, ама не. Си се испазари и тука изгуби многу. Дека му е зинат газот за власт не мора да си Ајнштајн да сфатиш. Можеше и попаметно да игра може ќе придобиеше уште некој освен веќе постоечките членови/фанови како и да е. Некои настани кои навистина немаат никаква врска и никаква заедничка точка со политика они ја поврзуваат автоматски, без разлика на осетливоста на темата. Друго што не ми се допаѓа е она, стално се спомнува како живееме како во Зимбабве бла бла а ваму полни кафани ресторани секојдневно. Го гледам тоа, не мора да ми кажува никој. Добар процент се со најнови телефони, (мора да ги имаат макар јаделе година дена леб и сол), девојките како од модна писта излезени со нова гардероба постојано и скапа шминка, а ваму се кука за немаштија? Менталитет, нема да дробам тука многу, само кажувам она што го гледам, а тоа е дека не сме баш за жалење до тој степен.

    Народот ќе одлучи... Really? На тие притисоци невидени и тоа баш врз оние кои ги донесоа кои ги гласаа да бидат таму кај што се денес па им вадат се низ нос, ги оптеретуваат луѓето и на крај слушаме народот ќе одлучи? Тоа е тоа што ми смета, што се е испартизирано до тој степен та нема каде. Народот трча побрзо да фати бугарски пасоши и да летне негде каде што нема вмро и есдеес, каде уво ги боли кој е премиер па министри итн. Тој народ веќе одлучил.

    Минималец од 150 евра во 2015 е жално бе. Тие што ја имаат знаат. Ама ете има некои ја оправдуваат оти нели во бранково не било ни толку, социјалната помош покачена за цели 2000(!) или пак други чипирани кои струја не виделе во животот ама битно они се со верба во боК маЌедонец до гроП.
    Да беа барем малку попаметни од оние, а не за некој се мајка за друг маќеа, ќе си створеа доброволни симпатизери (или членови сеедно), задоволни луѓе со нормален пристоен живот. Па остани на власт додека мрдаш. Ама тоа у вондерленд, здравје. Една шака народ сме ама џабе, тек нема да не биде, оти се е лакомо и повампирено. Песимист сум во тој поглед, за жал.

    И двајцата гитла.
     
    На dunika, baba Rada и Robin25 им се допаѓа ова.
  8. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Значи мене ми е доста и од Грујо и од Заев и од Петко и од Станко и од цела оваа глупа парада во државава. Кај се видело во зрела и нормална држава главна окупација да е ало Горде, ало Зоки, додека цел свет се занимава со подобрување на внатрешната економија и политика, ние заедно со политичарите се замараме со потпишување петиција за Горде и Зоки да бидат заедно.

    Нема спас, ама мала трошка надеж можеби има ако во случај (а нема шанса) им се даде шанса на млади и до сега анонимни личности, учени, начитани, образовани, извадени од народот, амбициозни и чесни (мада и тоа е релативна работа) па да ги снема и едниот и другиот и цел циркуз што стои позади нив, па и оние што ни раководат со државичето во сенка, се тоа да се пензионира па да видиме дали можеби, значи дали можеби нешто малкуцка ќе ни се подобри.
     
  9. Robin25

    Robin25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    138
    Ако земеме во предвид дека процентот од буџетот наменет за образование не е променет одамна, не плитко објаснување, ако сакаш и детална економска анализа ќе ти покажам, али не се сведува дека професорите ги намалија критериумите, туку што власта има поголема моќ врз животот на студентите и како се оценуваат. На пример, завршуваш високо образование со цел да добиеш работа, а сега добиваш работа поради нешто што нема никаква поврзаност со високото образование, па само е популистичка мерка за да ја стават во презентации дека 90% од средношколците завршуваат, и 80% се запишуваат на факултет (релативни бројки). Додатно, добиваш притисок од власта за оценките на студентите за после да го оправдаат како ќе го стават на висока позиција пред јавноста на пр. министри за различни области од партија директно пикнати на фотелја без никакво искуство диктира како ќе се применуваат законите за образование.
    Така им беше потпишан договорот од Пржино. Некој да менаџира а не да има искуство во струката.. за жал или не, ама ако видиш и не е толку страшно оти досегашните министри што ги имавме немаа никаква врска со струката на пр. Тодоров, правник прво министер за образование па сега за здравство..
     
  10. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.097
    Пол:
    Женски
    Некако постов ми е далеку од логика и упатеност за квалитетот на образованието и причините и тековите во истото, зборувам за високото образование, членката погоре добро ти долови дел од сликата ама ти за сакаш властта да ја натовариш :) нека ти биде, само не верувај во се што пишуваш и самиот затоа што сега оваа власт нема да падне но, тоа неминовно еден ден ќе се случи и ако дојде контрабандата :) ќе се разочараш од сопствениот избор.
     
    На nadja.d му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Robin25

    Robin25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    138
    Важи. Прочитај го уште еднаш напишаното, може ќе ти стане појасно.
    За волја на вистината не сум зависна ама никако од политиките на власта, и не гледам како од горе напишаното изразувам сопствен избор. Ама еве, на следните избори не се само сдсм и вмро така?
     
  12. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.097
    Пол:
    Женски
    Јас може и 100 пати да читам што си пишала и кога читам ми се враќа филмот што е реалност така што ... точно не се само тие на сцената,а ти кого го имаш на ум ? и баш ме интересира како ги переш сегашниве временски министри со оправдувања па, ете и тие пред тоа или актуелните се исто така недтручни во таа област и ете тераме хаххаха тоа тебе за зрел пост ти личи? Јас не сум зависна туку сум благодарна и сепак гледам и се трудам да бидам реална и за позитивните и за негативните страни, не летам во облаци и не се силам, така вереувам дека можеме да бидеме подобри и поквалитетни. Ама тоа јас така размислувам, ти моето гледиште не мораш да го прифатиш, прочитај некои од членките многу се пореални, а секоја власт е во служба на државата и на народот, а народот цени и го мери тоа на избори. Секоја власт подолго време на позиција сосема нормално е да има и незадоволни од овие или оние причини и на парламентарни избори повеќето ја мерат глобалната слика, која за СДСМ не е убава колку и да не сакаш да прифатиш.
     
    На Ethrnity, butterfly* и nadja.d им се допаѓа ова.
  13. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    Ova e ili golemo pranje umovi ili golem inaet kako onaa koja macka paga na grb,ete sega i trudnicite gi fatija moze i tie se kriminalci
     
  14. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.097
    Пол:
    Женски
    Интерес, моќ, власт, пари тоа е се.
     
    На butterfly* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Olgitsa

    Olgitsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    797
    Грујо, Грујо!!! Уууууу
     
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    На butterfly* и Outlook им се допаѓа ова.
  17. oblando

    oblando Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2015
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    446
    Шо ми е кеиф да победи сега на избориве во Амарика Доналд Т. и да се усерат овие сите слугиве што шеф им е сорос.:D
    Па и нашиве Зајковци опозиционери со се нив да отидат каде што им е местото потоа.
     
    На Abeja и zekzeki им се допаѓа ова.
  18. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Двата да ѓи нема најдобро ке ни сторат.Да дојди некој трет,нека е и жена:)
     
    На Eli23, kukla21 и oblando им се допаѓа ова.
  19. oblando

    oblando Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2015
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    446
    Најдобро е некоја феминистка успешна со сите титули од дијаспората.:D
     
  20. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Заев ќе си оди и време е да се изгуби човекот. Ај на некој не му чини Груевски разбирам нема интерес, ама како му чини овој предавникот, за пусти снимки и алчност за фотеља не продадоа на светот. А овие министрите кога ќе ги видам Ременски и Спасов, па како не им е срам кај не ги избрал и изгласал никој па и со главата во облаци летаат, уште и разрешуваат именуваат и слично. Ај нека се порадуваат уште два месеци дури не се распушти владата.
     
    На vickyy90, Prijatelot и zekzeki им се допаѓа ова.