Форумџика на годината

Кој ќе си оди, Грујо или Заев?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од MaryAntoaneta, 3 февруари 2015.

?

По објавувањето на „бомбите“, кој ќе си замине од политичката сцена во МК?

  1. Никола Груевски

    135 глас(а)
    61,9%
  2. Зоран Заев

    83 глас(а)
    38,1%
  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    При сите докази ти не сметаш дека они се криминалци затоа што нема судска разрешнца од (партизираниот) суд?! Смајли што се крсти
    Рака на срце, за заев не сум видела ни еден доказ, а со оглед на тоа што го чув на снимките може лесно да се помисли дека се работи за местенка. Ај седи си во „Канада“ и свиркај си.
     
    На celineparis, galapce, fighter и 6 други им се допаѓа ова.
  2. oblando

    oblando Активен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2015
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    446
    Партизираниот суд е преполн со судии кои што СДСМ ги постави на времето.
    Ама тебе по втор пат ти се случува да изиграваш модератор по темиве и да им кажуваш на членовите каде и од која тема да си одат.
    Што е проблемот со тебе кукла21?
     
  3. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Кукла, не се чуди. И тетка ми од Америка го има истово мислење. Ама тоа е кога гледаат пристрасни вести и веруваат на секој збор.
     
    На theowndemon, celineparis, galapce и 5 други им се допаѓа ова.
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Не биле криминалци? Човече се слушаш што збориш? Оди нека ти го доисперат мозокот гревче.... Цвеќиња се тие на власт. Се е розево така? Добро што ви е бе? Очи имаш ти или послабо
     
    На celineparis, galapce, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.947
    Пол:
    Машки
  6. Андроген

    Андроген Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2016
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    72
    Циркус е недоволен збор за да се опише тоа што ја одсликува политичката состојба моментално во Македонија. Повеке би одговарало некоја сива мешавина на циркус+филм со криминално-детективска содржина=КРИМИКУС ИМБЕЦИЛИУС, каде што залогот е државата а награда менување на името на нацијата.
    И двете спротиставени страни прават несебични напори за соработка со странски структури(едните се бранат со амерички агенции, другите пак напаѓаат со ривалски исти такви агенции со потекло од бивши структури од ЦИА) и шуруваат и си играат со нешто што не е нивно, односно нешто што ни припаѓа ексклузивно само на нас сите Македонци-достоинството и правото на слободно демократско одлучување.
    Очигледно е дека трпението на сите е при крај.
    Заев треба да престане со местените провокации а Груевски треба да распише избори, час поскоро.

    Друг излез од ситуацијава не гледам освен братоубиствена-граѓанска војна !
     
    На theowndemon, Ethrnity, Outlook и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Robin25

    Robin25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    138
    Не знам кого попорво да цитирам за да допринесам со мислење.

    Да почнам од почеток.


    1. И тие и тие не чинат. Македонија во историјата на изборите секогаш гласала за помалото зло. Да видиме како ќе биде на овие во Април.


    2. Најмногу ме нервира што има мит дека Груевски е семоќен. Нема извинување, освен Мијалков кога носел пиштол. Тој се најдобро знае уште малку да дојде и светец. Од што да јадеме, до колку деца, па еве ви и куќа со ваква макета да си направите, примери има многу.


    2а. Разликата меѓу ВМРО и СДСМ во Македонија за гласачкото тело е следна и што мислам дека е добро да се размисли е следна според мене (+ генерализирам):

    ВМРО ги држи тие што сакаат да слушнат дека Македонија е наша, убава и градат паркови, спортски сали и автопати (да не забораваме дека ова се случува во 2015 година, по десет години владеење, во најразвиена технолошка ера ние да се радуваме на ЕДЕН кинески воз купен на кредити, се палиме на бесплатно возење низ град, наместо сами да можеме да си го платиме, на бесплатни бањи и не знам што ли уште не).


    За достоинствен живот, треба сам човек да си одлучи како ќе ги троши своите пари, зарем јас не знам што е подобро за мене? Зошто тие пари што ги плаќам да бидат наменети за бесплатни ограничени понуди што владата одлучила дека се најдобри? Уште да ни извадат каква фризура треба да имаме.


    [Во оваа точка на безгрешност сакам да ја додадам Каракамишева како гласник на ВМРО и Груевски. Платена да јаде трици за се и сешто, сакајќи или не ги нарече нели иселениците дека се депресивни од љубов заминувале итн. Многу осетлива тема, особено оти барем секое семејство во Македонија има ако не близок роднина близок пријател му заминал во странство за било какви причини. Дијаспората се огласи, бараа извинување, Каракамишева вели, глупи сте, не разбравте што сакав да кажам прочитајте ми ја пораката пак. Се јавија академци со издржани аргументи отворија дебата на истата тема, Каракимишева скришно напиша став во пресс 24 или како се вика порталот, боже помогни им, демони ги имаат обиколено. Не душо, така не треба да биде. Признај дека имаш згрешено, прочка постои барем тоа го празнуваме во Македонија. Ултиматно они да го имаат последниот збор и тој збор да биде едноумие. НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ТАКА. И што е најлошо од се, тие што не мислат како нив, добиваат повици закани и што уште не ако покажат непослушност. Хитлер школа. Или Сталин, како сакате, поентата е иста, тие несреќните ликвидирајте ги, ќе имаме само среќни луѓе. ]
     
    Последна измена: 10 јануари 2016
    На theowndemon, celineparis, galapce и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Robin25

    Robin25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    138
    Неопределените се во стилот дигната глава сабја не сече, за нив немам коментар. Како може да не се замараш што ќе биде во иднината? Секогаш ќе тече мед и млеко? Многу аргументи овде нема доволно место и друга дискусија е.


    СДСМ во чие гласачко тело е најчесто средната класа и добро образованите (читај добро, пратениците на вмро што завршија на дисперзираните не се добро образовани, кога не знаат што е разумен компромис, репрезентативен примерок или не се способни да дадат издржани аргументи). Проблемот тука го гледам што последните 10 години најмногу има отселено од СДСМ, генерализирам дека се од СДСМ затоа што забога, кој Македонец кој ја сака земјата и на кого му е убаво како што ќе каже лидерот Грујо може да замине? (Не го користете овде аргументот дека тоа се луѓе кои се збогатиле од времето на СДСМ затоа што селата во источна Македонија се празни, а и од друга страна откако ВМРО е на власт и ги донесоа законите за студирање на најдобрите факултети во светот само вмровски деца се пикнаа, ако некој знае поразличен генерален пример нека каже).


    3. Да не забораваме дека Македонија уште кога го потпиша Рамковниот договор се согласи на соживот. Во мултиетничко население луѓето покажаа дека знаеме заедно да живееме - погледнете ги сите реакции после Кумановската акција, каде што сите велеа дека не сакаат војна меѓу Албанците и Македонците и дека луѓето се сакаат меѓу себе. Згора на тоа ние сме добар народ, се сложуваме и никој не сака кавги. Но, ВМРО секогаш ја игра картата на националност и не дели на албанци и македонци. Груевски успеа да не подели на ваши и наши според партија. (Зошто да не биде за почит другиот начин на размислување? Првото правило на критичкото размислување е размислувај поразлично, и прашувај зошто. Сега сме сведени, ВМРО и Курир мислат овака, другото се што ќе се каже спротивно се заокружува и се уништува.)


    Додатно, тоа што не подели на мк и албанци не е добро за населението генерално додека зад грб става амин на албански универзитет - немам ништо против лично, но веќе факултети имаме доволно, квалитетот е намален. И кога веќе јазикот ни е официјално и Албански во собрание табли итн, ние затвораме очи дека следниот логичен и практичен чекор е сите луѓе во Македонија да се стремат да ги научат двата јазика. Ама во пропаганда тоа звучи: Заев го урива поредокот. Дали стварно?


    Од друга страна, СДСМ вели дајте да живееме заедно, ќе учиме албански, ќе се разбираме со луѓето. (Да додадам, Швајцарија иако неспоредлива со Македонија има 4 официјални јазици, и скоро секој од нив уште од раѓање учат два јазика, студии покажуваат дека тие се попаметни, карирам, имаат ако ништо друго поголеми шанси за вработување, и покомпетитивни, ама не ние не го сакаме тоа, сакаме од сожалување да живееме и да чекаме лидерот да ни даде бесплатни лиги наместо ние да создадеме способности сами да си го извадиме лебот). На вмровци и на грото не му се допаѓа овде, забога, они ќе ни го урнат државниот поредок. Не драги мои, поредокот беше урнат со потпишување на договорот пак ќе кажам, и со тоа што турското население и ромите или оние што се на маргината, ги тераат да се потпишуваат за да опстане тој Рамковен договор и да има Грујчо наш силна коалиција.
     
    На theowndemon, anel, galapce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Robin25

    Robin25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    138
    4. Доста е веќе од пропаганда. Убаво ми е да слушам кога денеска ќе ми купат моите чоколадо, наместо да ја насадат нивата со компири и да јадам цела година. Ова го прави грујчо. Замачкува очи на моменталното, само за поени, наместо да се фокусира на стратегија на долгорочно, на нешто што ќе биде изводливо и ќе биде двигател на повеќе сфери во економијата и стандардот за живот. Убаво (релативно) што градеше во Скопје 2014, но дали реално имаме ние повраток на таа инвестиција? Зголемениот број на туристи и луѓе што патуваат преку Александар Велики, ве уверувам дека многу малку се странски туристи во споредба со дијаспората што почесто доаѓа на посети. Квалитетот намален од сите градби, пари не се знае колку се украдени, не се знаело кој пие а кој плаќа.


    Да додадам и еден коментар што го прочитав на некој статус, размислете за иднината на вашите деца, иако сте млади. Каква иднина им оставате нив? По 20 години ако остане ВМРО на власт, и ако сите ќе бидат ВМРО, ќе личиме на Северна Кореа и децата ќе прашуваат мамо и јас сакам да имам можности и да создадам нешто сам.


    5. Законите што ги носат ВМРО се генерално оние што се предложени на СДСМ, верувам дека имаат они програма од 500 страни напишани со проекти, но последно кога ја читав програмата на ВМРО во 2014 локална со парламентална власт измешано. Имаше проект напишан, ќе направиме апликација на македонски за луѓето да си бројат колку цигари испушиле и оти тоа е штетно да ги намалат Ќе дадам референца ако некој е заеинтересиран. Меѓувреме субвенционира тутун. Поголем хипокрит нема.


    Не знам колку ги следите парламентарните седници, ама опозицијата ќе даде предлог, ќе се одбие. ВМРО си го предлага на ново истото, и го гласаат. После се фураат дека нивната влада го направила тоа. Неодамнешен пример на кој можам да се сетам е со ДОМ, за зеленило ли за што беше, ако некој побара референца ќе се обидам да најдам и други примери. Поентата од ова е дека ВМРО немаат капацитет. Ама имаат многу добра пропагадна машина. Мене ми е лично навреда на интелектот што го имам да слушам вести на Сител или да читам вести на Курир. Никаква дебата, никаква објективна слика, никаква новинарска професионалност. Без компетентни луѓе да излезат и да кажат нешто. Затоа најчесто ги гледаме Димовски, Груевски, Милошовски, Пешевски, Ставревски. Немаат кој друг да промовираат во јавноста. Пандев и Каракамишева не влегуваат на интелектуалци, или разумниот компромис да не го споменувам после особено после фијаското кога беше организирана балканска средба на лидерите во Охрид, на нашиот драг претседател никој не му дојде. Почит од меѓународна заедница НУЛА. Да не споменувам Мајкл Џексон стилот, и многу други.
     
    На theowndemon, anakonda88, anel и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Robin25

    Robin25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    138
    6. Македонија расте со не знам колку проценти на годишно ниво. Супер, како се рефлектира ова на населението? Намалена невработеност, поголема реална плата, поголема економска активност? Не знам, оти паѓаме на толку прости финти што не знаеме ништо од ова. Бројот на блокирани сметки на граѓаните расте, рекетот се зголемува, селектирани инвестиции од власта има. Дали е ова нормално? Која е амбицијата на просечниот македонец? Да основа своја фирма, да научи нешто повеќе? Да добие поголема плата? Можеби, но тоа ништо не може да се реализира кога ултиматното е да се земе книшка и да се молиш да те примат на работа.


    Субвенциите растат. Храната се повеќе си ја увезуваме. Ефект од субвециите има? Очигледно не.

    Фондот за иновации го зголемија, видовме кои има добиено грантови?

    Легализација на земјиштето по 1еур м2. Луѓето кога немаат пари, од каде ќе ги најдат тие 1еур? Повеќето таканаречени државници си ја зголемија сопственоста на земјишта.

    Купи куќа купи стан. Имате слушнато некој околу вас што ја искористил можноста? Јас не.

    Субвенција за трето дете. Успешно беше изведена кога секој месец даваат како била укината помошта или од х причини не можеле да конкурираат?

    Бесплатни макети за правење куки. Супер, архитектите се небитни, оти тие што се на нивна страна веќе се збогатија од Скопје 2014.

    Куќа за млади, феноменално, заштедувам 30000 еур. Како да ги заштедам кога ги немам? Досега сум заштедила 5 ферари оти не сум потрошила 5 милиона така или?

    Кажаа ли колку млади се вратија за да ја одработат стипендијата што им беше доделена во странство?

    Најново што видов во болницата во Кавадарци на некој му ставиле ангета и користеле КАРТОН.

    Пари се трошат на Бонева да патува со хеликоптер до Скопје, во години кога бројот на апели за донации се зголемува и се зголемува. И сите замижуваме на тоа и се молиме нас да не не снајде да бараме помош од милост.


    7. Зборот е збор. Ова не е само на лично ниво, туку и во бизнис заедницата. Личен пример ќе дадам: прв пат кога одев во странство на подалечна релација, морав да извадам виза во 2006г. Со мене чекаше бизнисмен и зборуваме за тоа што го прави. Кога го прашав зошто не работи со Македонија ми рече дека никој не се држи до зборот. Интегритет НУЛА. Средба со претставници од балканот, секаде се работат проекти, само не во Македонија, зошто? Интегритет НУЛА. Не сакам да навлегувам во детали кај кого се позастапени од политичарите, но земете го предвид и ова. Странците ни се смеат. Не само што они се смеат, кге, ама ние самите страдаме затоа што не можеме да се потпреме на самите нас....
     
    На theowndemon, anakonda88, anel и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Robin25

    Robin25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    138
    Ова може да се промени. Транспарентност и само транспарентност е лекот, иначе ќе се радуваме на кинескот воз наместо на цела пруга и футуристички чуда кои можеа да се направат со толку пари за 10 години.


    -- Пред некој да ме обои од која страна сум, да изјавам дека искрено уште не знам за кого ќе гласам, и дали ќе гласам воопшто. Но, објавувањето на снимките, дали биле од Америкаците или од Русите или од кој друг, сметам дека е добра работа на македончето да му даде една шлаканица и да рече разбуди се, или симни ги розовите наочари. Да беше грујо чист без криминал немаше да има потреба од вакви скандали. Не е крив гласникот, крив е тој што го направил злото. А злото е криминалот, нема криминал во објавување, иначе новинарите немало да постојат.


    -- Додатно, не заборавајте дека има и други опции. Малите партии итн, секогаш има алтернативе.

    Но, една клучна разлика што сакам да ја посочам и која ја гледам во моментов е следната:

    Во ВМРО кога влегуваат луѓе без пари, без способности, на патот нагоре се станува се поалчен и поалчен и се краде се повеќе и се повеќе затоа што и системот им е таков направен.

    Но, кога даваме подршка на веќе добро ситуирани луѓе на пр. Ременски, Спасов, Костов, Минчо итн (без земање во предвид никаква политчка определеност) кои веќе имаат создадено богатство, помалку се краде оти немаат толкава потреба за крадење. Пак ќе споменам поразвиена земја Швајцарија, Германија каде политичарите се добро ситуирани и стануваат политичари за да направат промена а не за да украдат илјадници евра. И не велете дека не треба да се споредуваме со Швајцарија. Напротив, ако се споредуваме со најдобриот само така ќе се стремиме да го извадиме максимумот.


    --Апелот што го имам е да се размислува пообјективно, и да се согледа што навистина се случува.

    Не е валиден аргументот корупција и криминал има секаде. Веројатно тоа е точно, но тој криминал не доведе до дереџе да се плашиме што ќе постираме на фејсбук, и да мислиме два пати со кого се дружиме.


    Уште ова. Луѓето се желни за промена, за добра прочитана статија, добра спроведена дебата. Да научат нешто ново, да искусат нешто поинакво. Да имаат поголема разноликост во активностите и можностите. Зарем и по 5 години сакате истото да го дебатираме? Јас не. А се надевам има и други како мене.
     
    На theowndemon, anel, galapce и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Андроген

    Андроген Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2016
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    72
    Кога сме веке кај криминалот (пошто се споменува многу често) ферски е да си кажеме дека ако не сте осуден тоа значи дека сте невин по сите обвинувања.

    Се друго е само дел од политичката демагогија која за жал се користи со недокажани трач-обвинувања наместо со факти.
     
  13. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    A ajkulite kakvo znacenje imaat?
     
  14. Андроген

    Андроген Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2016
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    72
    "Во политиката и бизнисот, поголемите риби ги јадат помалите.":D
     
  15. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Споменикот на ајкулите во Хургада е еден од првите споменици во ова туристичко место. А и воедно е првиот подводен споменик во Египет. Како и сите споменици и тој си има значење. Ајкулите се честа појава во тој дел од државата, по што е изграден овој споменик.

    maxresdefault.jpg
     
  16. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Dali toa znaci deka vo temava tebe te izede Robin25?:wasntme:
    I tebe i Marick,a bogami i site nas niz temava.
     
  17. Андроген

    Андроген Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2016
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    72
    Само тебе ке ти дам да ме изедеш.:$


    Робин заборави да спомене нешто многу битно.
    А тоа е дека вољата на народот треба да се почитува на избори повеке од желбата на поединци и групи за промена на владата.:*
     
    На MiloMalo, Outlook, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Istoto go zaboravas i ti.
    Zatoa ne ti teknuva deka pustec ne e del od nasava drzava.Drutite raboti nema da gi nabrojuvam.
     
  19. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    вие што ке гласате за Грујо , ако победи на изборите да му барате да ве повози едно кругче со мерцедесот од 600000 е , и нема више да глуми и да го крие дека е од Мвр - мерцедесот , сега веке сите знаеме :D
     
    На celineparis и Ицолгудбејбе им се допаѓа ова.
  20. Андроген

    Андроген Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2016
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    72
    Вие што мислите да гласате за Зајко, осигурајте се дека ке сака да оди на избори затоа што во спротивно некоја друга партија ке го заземе неговото место.;)
    До изборите...
     
    На Prijatelot, Abeja и corto.maltese им се допаѓа ова.