@Robin25, интересни се твоите долгометражни пораки на претходната страница, но се ми е некако површно, плитко и неиздржано, што донекаде е и оправдано со оглед на просторот што е потребен за да се реферира по секоја твоја теза. Но тоа што се понуди да реферираш по било кое прашање од твоето излагање покажува само дека има простор и најверојатно капацитет за подетално и спецификациски разглобување на искажаните ставови, што мене искрено ме радува и што ми прави задоволство затоа што барем дел од многуте за мене дубиози проникнати од скоро секој пасус на твоите неколку претходни пораки ќе бидат разјаснети. Во продолжение по случаен избор неколку од многуте нејаснотии поттикнати од твоите текстови, на кои радо би прочитал твое реферирање: Велиш генерално СДСМ зад себе ги има средната класа и гласачко тело кое високо котира на скалата на едукацијата, додека од друга страна ДПМНЕ барата со неедуцирано членство, бедни патриоти, провинцијалци и кадар школуван по (според тебе) неквалитетните дисперзирани факултети. Би сакала ли да реферираш кој е тој официјален, релевантен извор, научна студија, статистички податок или методологија според кои дојде или е дојдено до овој податок? Тврдиш дека кандидатите за функционери од ДПМНЕ како нестручни и слабо финансиски потковани се потенцијална опасност по финансиската состојба на народот (државата), за разлика од добро ситурианите СДСМ-ови политичари без апетит за кркање буџетски пари. Реферирај ми за Јовче Ременски, најсвежиот пример на кадрова аномалија, непотизам и финансиски дебело потковување со двојно поголема плата од поранешната, а исплатена од мои, твои и народни пари. Пишуваш за владини цензури, говор на омраза, нетранспарентност и страв од власта во искажувањето јавно мислење, почнувајќи од социјалните мрежи, па се до цврсти медиуми. За недостаток на квалитетни статии, колумни, дебати. Реферирај те молам за цензурата на „Во центар“ на ТВ со национална концесија или пак еве за најсвежиот бан на колумната на Мирка Велиновска, чија содржина максимално го распакува и разобличува поранешниот СДСМ-ов премиер и неговата идеја длабоко зацапана во лудило, а поддржана и зацртана и од неговата партија. Реферирај за јавно и редовно практицираниот говор на омраза кон сопствениот народ од пристрасни новинари и од опозициски политичари со зборови како овци, гадови, стока, дебили, куртони... Даваш личен пример од искуство и ситуација во амбасадска чекална со разочаран бизнисмен, според кој велиш дека имаме девалвиран, односно никаков интегритет кај странците. Да реферираш за причината која довела бизнисменот да мисли дека не си стоиме на зборот неможеш, а и не ни барам. Како што нема ни јас да реферирам за групата на странски бизнисмени кои лично ги познавам и кои наменски дојдоа поради најверојатно квалитетите на тогашните потенцијални, а сега веќе сериозни македонски бизнис партнери. Личните примери се само лични и не мора да се одраз на опкружувањето, но конкретен, објективен и солиден пример во случајов имаш во неколкуте индустриски зони. Велиш никаква почит од меѓународниот фактор и изолираност. Што е со еве најновата посета на Груевски на САД, можеби најзначајниот меѓународен фактор? Сепак е официјална и нефабрикувана како онаа Израелската на Заев. Интересно е околу лицемерието со субвенционирањето на тутунот и покрај предупредувањето за штетноста на пушењето. Објасни ми зошто тогаш СДСМ се залагаа за уште повисока субвенција на кг откупен тутун. Зашто го премолчуваш тоа дека во програмата „Визија за Македонија“ (која патем, не тврдам, но претпоставувам дека ти била солидна поддршка при пишувањето на твоите претходни ставови) најавуваат 20% па и повисоки субвенции во земјоделството од сегашниве, кога ефектот од субвенциите е според тебе, никаков. И еве за крај, иако имам уште многу, многу нејаснотии и прашања, нешто што лично ме закопка. Те молам за референци околу бесплатните владини проекти за куќи. Што не штима кај нив? Каде е злото, што би рекла ти, криминалот таму? Би те замолил за поиздржани објаснувања. Не оние од типот знам другарка на другарка на другар што не зема субвенции, неам чуено за доделени грантови сум бил у подрум, Сители, Курири, мурири и сл.
Интересно ќе биде да излезе некоја информација колку луѓе од дисперзирани се вработени у државни институции и приватни фирми блиски до власта. Овој новиот зошто ќе го отвораат? А за квалитетот на дисперзираните да не почнувам. Другарка на сестра ми у средно фаќаше врски за да помине година, тргна на факултет 9ка физика и 10ка хемија. Не ме заебавај. Па на ПМФ, у цела генерација имаше една десетка хемија у прва година. ЕДНА! А активно дреми у штаб и се бори за "организацијата". Ги знам луѓето у град кој колку учи и колку може, не може човек шо бил единичар преку ноќ да стане научник, а да ги шета кафаните и да дреми по умс и да дели флаери не за абортус. Ене ги албумите на фб, јавни се, пишува шо и кој како завршил. Мојот репрезентативен примерок е поголем од оној на Каракамишева.
http://grid.mk/read/news/511681320/...nijo-se-rasplaka-poradi-ostavkata-na-gruevski Секоја чест за Роберт како остана воздржен Готово крај....
Звучи како од К15 скеч да снимаат Цацко кога плаче Не можам ни да претпоставам што ќе се случува кога ќе оди во затвор Грујо Мислам голем број на самоубиства ќе има, и многу немири низ државата. Богот, јунакот, ѕверот, царот македонски ги напушти
Зарем некој верува дека Грујо си отиде? Се знае кој ќе го води орото. Сега вака и подобро за него. Друг ќе потпишува и што треба и што не треба,пленот негов а жртвата ќе биде пиунот.
^ Ако не депонираше оставка како ќе видевте како изгледа барем еден ден партиско славје во задниве 10 години? Не го кудете, кажете му фала за гестот поради кој имавте прилика триумфално да се возицкате низ град
За тебе дечко имам само еден пост Corto maltese , 11 februari 2015 Оти толку се разбираш од политика ти. Ајт сеа и како што све друго ти падна во вода што збореше минатата година , слободно можеш да се одлогираш.
@Yipman2 , што да се одлогирам у два саат ноќеска коа слатко и мирно си спиев, во споредба со тебе чија партија до касно заседаваше и донесе одлука таква каква што донесе и предизвика револт и несоница кај тебе и кај голем дел од членството кое еве гледам се распишувало ноќеска по форуми и социјални мрежи. Целосно те разбирам и поддржувам. Имаш право да бидеш нервозен, ненаспан и под стрес. За џабе ли кмишевте и скиснавте у шаторите пред влада. За џабе ли се усмрдевте и вие и пола Илинденска со тоа пластичните клозети. Колку само тенџериња и гезвиња изљуштивте и искршивте на „ука-бука“ протестите. Дури и против магла пред влада протестиравте. Мултипленумци станавте. Зашто? За ништо. За реномето на Заев. И ај после иди спиј или најди женска, со сиот тој бес. Сиротата тастатура твоја. Во врска со мојот цитат, мило ми е што хронолошки ме следиш и што имам фан во темите за политика. Колку треба да биде човек плиток за да сфати дека оставката на Груевски е резултат на политички договор и нема врска со ништо што ќе го оттргне од народот и ќе го избрише од политичката сцена на Македонија. Ова му доаѓа нешто како одмор ама на сметка и во аранжман на СДСМ. Му направивте голема услуга. Од јули наваму, СДС оди од грешка во грешка, повлекуваше бизарни и нејасни политички потези со кои ја изгуби наклонетоста и помеѓу луѓето и кај меѓународниот фактор. Преку Политико и слични глуперди почнавте и јавно да ги пцуете странците, па сега и тие се помалку ве рецкаат. Ете и Катица виси на конец поради глупостите што ги направи во корист на Заев. Све тоа Груевски паметно го искористи и ве доведе во ситуација кога веќе ни бомби ви помагаат, ни па да се вратите на избори, ни да ги бојкотирате, ни протести не ви палат веќе, ни странци ви помагаат, ни НВО сектор, ни па ако јас се одлогирам.