1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој ќе си оди, Грујо или Заев?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од MaryAntoaneta, 3 февруари 2015.

?

По објавувањето на „бомбите“, кој ќе си замине од политичката сцена во МК?

  1. Никола Груевски

    135 глас(а)
    61,9%
  2. Зоран Заев

    83 глас(а)
    38,1%
  1. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.432
    Допаѓања:
    8.444
    Кога спомнуваме опозиција, на кого се однесува ова? Ако нешто не постои во нашава држава, тоа е -ОПОЗИЦИЈА. За, жал. Постојат само грст мекотели суштества кои имаат животна цел да дојдат на власт, и толку. Без визија, без агенда, без трошка конструктивност во себе. Сакаш Заев, сакаш Рада, сакаш Џани, кој од кој ... поубав! Што очекувате од овие? Кога гласам за некого сакам да знам што ми нуди, а ако добие власт ќе се види дали има капацитет и дали ќе го оствари она што го ветил. Ама овие бре не ни нудат ништо! Само чекаат некој друг да им понуди нешто, како на Зајко што му понудија скокотливи информаци „група загрижените граѓани“. И се залета овој како вол за слама, без да размисли што ќе значи тоа прво за него, а потоа за сите други. Битно он ќе дошол на власт. Мало морген. И сега што? Зајко ќе го јаде стапот бидејќи очигледно не е дораснат на некои попрепредени типови од него, ќе излезат веројатно многу го....еници од Западов кој роварел по земјава со цел да си наместат влада по нивна мерка (освен ако препредениот не се испазари и со нив нешто за да го остават на мир, а за возврат тој да не ги инволвира во целава работа). Ако не беа тие инволвирани (Америка и сл), не гледам тогаш зошто руското МНР се заинтересира толку за целава работа, и изрази надеж дека „потенцијалниот судски процес ќе се одвива транспарентно“. Одвај чекаат да видат кој се го известувал Зајко.
    Така да, нема овде здрава опозиција , сеуште, на која може човек да се надева и да и поверува дека ќе работи вистински за доброто на сите нас. Одвај чекам да се појави таков јунак
     
    На Orthophill, Auditor и Valerin им се допаѓа ова.
  2. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Тогаш всушност ја нарекувале Древна Германија и била во состав на Стара Римска Империја, но сепак била на некој начин Германија, А се обединила како самостојна во 1870 мислам :) како и да е да не забегуваме од темата, тие држави у склоп на старата Римска империја секогаш биле угледни со високи стандарди, па така и инспирацијата на Јохан за мислата. :)
     
    На Auditor му/ѝ се допаѓа ова.
  3. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    @orevokrsacka се согласувам целосно со тебе. Ама дали додека не се појави јунак не е најдобро да постои Техничка Влада? Влада од вистински експерти од постарата генерација од областа на економијата, политичките науки, правните науки итн итн. Наместо да гледаме циркуси и од едните и од другите, додека земјава пропаѓа во долгови? Треба да стигнеме до милјадра по жител долг, додека да се преземе нешто, додека да се појави јунак? Ќе си одиме? Добро, ќе си одиме, јас, ти, сите до кај 30 години што сме, но што остана за средношколците, основците и останатите...? Тие немаат право на подобра иднина и сегашност?
     
    На iloveyou29, dragan4eDR и mackica1 им се допаѓа ова.
  4. Auditor

    Auditor Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    212
    Видовме до кај не оснесоа тие постарите експерти овие 20 години и како ни земаа живот 20 години...мхм...
     
  5. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    @Auditor Па само тие останаа во земјава, другите ги избрка твојата партија од земјава, сега останаа само „експерти“, односно селани со енормна сума на евра во џебот и 5 минути додипломски,магистерски и докторски студии сите добро платени со парите од субвенциите.
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  6. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Одговорот ти е со задебелени букви.
     
  7. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Најубаво да ни се растури државичкава наша, ваков народ не заслужува да си има своја држава. Со вакви политичари, посебно Грујче кој ја растури државата и некој друг да дојде на власт ништо нема да се смени. Се е веќе уништено од сегашната Влада, така да кој и да дојде после нив верувам ќе зажали што воопшто си земал проблеми во рака. Се е искрадено, уништено и во долгови. Уште се тешиме, јао-као -Ма супер е, само опозицијата не чини. :)
    Каков народ, таква држава.:D:D:D
     
    На iloveyou29, dragan4eDR, christinnn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.432
    Допаѓања:
    8.444
    babyblond, не можам да се сетам на ниту еден , а камоли повеќе експерти од постарата генерација (освен на Анте Марковиќ, ама тоа беше едно друго време) кои би можеле да направат нешто продуктивно во таа техничка влада(што и да значи тоа).
    Колку што знам, спаѓаме во релативно ниско задолжени земји, што па никако не е показател за благосостојбата на една земја. Еве, Америка е најзадолжена земја во светот, па не можеме да кажеме дека лошо живеат или имаат слаби плати, напротив.
    Секако дека повеќето од нас, без оглед на возраста, и да сакаме не може така лесно да ја напуштиме државата и да живееме и работиме во некоја ветена земја. Тоа можеби и би било полесно, отколку да останеш дома и да се потрудиш да ја направиш татковината да ти биде ветена земја. Тешко изгледа нели? Епа обично до вистинската цел се доаѓа на потешкиот начин. На крајот на краиштата, мора да постои причина што сме се родиле токму тука, во ова време, под овие околности, ама нејсе, тоа е веќе друга тема.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Зошто Македонија да има техничка влада кога СДСМ губи како магариња на избори со 200.000 гласови разлика? Кој е тој гомнар што ќе уценува премиер и да создава вештачка криза во држава, а губат како магариња на избори, па уште наместени биле. Види јеботе.

    Дали ти сфаќаш дека Македонскиот народ е неспосебн колективно да создаде држава? Зошто само за власта се фаќате, а каде е народот тука? Само власта не чинела, а народот цвеќе за мирисање. Па, тие политичари од чиј менталитет излегоа, од чиј народ потекнуваат? Не може да има голема разлика од политичар и обичен народ. Тие сме тие тука.
     
    На okcenzi, angelche16 и zekzeki им се допаѓа ова.
  10. vozrasen

    vozrasen Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Машки
    Od tie 20 godini 10 Grujo 4 ljupco = 14 godini VEMEROTO . Koj ti zede 20 godini zivot.
     
  11. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.432
    Допаѓања:
    8.444
    Е добро бе Петре, покроце малку. Се согласувам дека немаме изградено државотворна и национална свест, ама тоа се изградува, кај нас тоа иде нешто поспоро. И да, власта е огледало на народот, ама и тоа тешко се согледува. И не, не е Заев тој што уценува, кој е ќе дознаеме (освен ако не се проголта и тоа заради повисоки интереси). Како и да е, сега работите се такви какви се, ама се ќе биде во свое време, само трпение.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Јас викам ние да си одиме,да ги оставиме само политичарите и политичкиве полтрони меѓу себе нека се јадат, тепаат, караат колку сакаат и милуваат.
     
    На iloveyou29, De-lovely, okcenzi и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Auditor

    Auditor Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    212
    Петре, па се гледа тука многу убаво каков е народот де.
    Народот е како и секаде политички поделен-некои комуњари некои патриоти.

    Тоа е тоа.
     
  14. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    За вас не знам, ама јас не си одам од тука. Ова е сепак моја прадедовина, моја татковина за жал населена со безнационални имбецили на коишто Бершка и ХМ им се најголеми идеали во животот. Сопствениот народ не го сакам, но жал ми е за моите деца утре и не знам како да ги заштитам од либералната тиранија околу нив.
     
  15. Auditor

    Auditor Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    212
    Нема да им направиш сигурно услуга ако твојата омраза кон сопствениот народ им ја пренесеш.

    Сепак некои работи се за почит.
     
  16. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.406
    Пол:
    Женски
    Verojatno Zaev ke si odi, a verojatno sme na dobar pat da staneme kako Severna Korea..Koj razbra, razbra :party:
     
    На okcenzi, macovska, mackica1 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Не може овој народ да има национална свест или државотворност, затоа што е вештачка нација, создавана со сила, збирштина од се и сешто. Попрво ќе се распаднеме отколку да изградиме. Таа е реалноста сакале или не да ја признаеме. Али, како што реков јас од тука не бегам, затоа што имам почит спрема моето семејство, а за други ич кур не ми чуе. Нека скапуваат гниди во својата либерална мизерија.
     
    На peperutka87 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Da si sedis Petre I taka Mora nekoj da gi vrati miljardite evra dolg.
     
    На tessie, Night Rider и macovska им се допаѓа ова.
  19. Ina Ina

    Ina Ina Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Грујо ќе си оди,ама тоа нема да смени нишо,полошо ќе е. Овие ја сјебаа земјава до крај овие 10 години,ја задолжија до гуша па колку ќе можит сдсм да ја опрјат се знајт. на крај пак ке се тие криви кога ќе мораат да ги враќаат долговите и уште поголеми даноци ќе морат да воведат. ама народов толку разбира
     
    На iloveyou29, mirandaa, dragan4eDR и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.431
    Пол:
    Женски
    Искрено како Груевски вели дека ова на Заев е шпионажа? Зошто нели шпионажа е кога се даваат информации надвор од државата, а не кога се примаат.Сфаќам искрено дека Груевски сака да прикрие се што правел и тоа се сигурно работи кои најверојатно многу лошо во иднина ќе се одразат на него. Очигледно тој нема да ја додај власта без огромен отпор и то мене не ми се допаѓа. Двете партии не гледаат да поможат на народот туку гледаат која партија ќе биди на власт и ќе има повеќе мандати, па кој го е*е народот и извинете на изразот.
    Од друга страна Заев е очигледно само жртвено јагне. Уште кога прв пат го видов Заев на ТВ седам и си мислам: „Зошто овој го пуштаат да зборува?“ човекот нема начин на изразување, се буни и ужасно многу информации му се пуштаат од уста и за жал, моменталната партија на власт тоа многу вешто го користи против него.
    Кога прв пат се рече „бомба“ дека ќе има, се надевав ќе пукни од двете страни колку и глупаво да ми звучеше тоа. Многу ме нервира што толку многу, не знам, ги преувеличуваат работите и да, не сум тип кој е некој љубител на политика. Татко секогаш ми вели како не ја сфаќам политиката и дека се е интерес ама према мене сериозно сметам дека ако сме во демократска држава треба некогаш да се прифаќа и пораз и да се поправаат грешките, но некако не се случува тоа.
    Друго, многу се нервирам што опозицијата не е во парламент и можеби не дека би имала некоја промена ако беа, ама со ова кажуваат колкави кукавици се. Не постигнуваат ништо, а се однесуваат како мали деца (едните = мали деца, другите = популарни деца)
    Накратко, кога се ова ќе биди готово и двата ќе ги нема. Буквално.

    Реално многу се надевам дека барем во блиска иднина, да дочекам да имаме некој на власт кој ќе се грижи за државава, зошто некогаш викам, младите би биле тие кои би ја смениле државата, не е секогаш до тие што се на влас, но кога се обидувам да гледам малце повнатре и поотворено, сфаќам дека никаде не тераме додека не се најди некој човек кој колку што ќе гледа за себе ќе гледа и за народот. Знам дека тоа што не гласам не носам нигде ама рака на срце, подобро Долорес Амбрич би ги решила овие проблеми сега, него оваа влада или таа која ќе дојди следна.


    Друга работа која ја забележав е лично за форумов, зошто ако некој изјасни некое мислење веднаш е сортиран во партија? Мислам и самата за моите ставови бев наречена „млад ес-де-есец“, а јас кутрата неопределена, ама сериозно ме интересира зошто оди тоа сортирање како во Хогвортс куќи?
     
    На cresa-jagoda и macovska им се допаѓа ова.