Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој ќе си оди, Грујо или Заев?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од MaryAntoaneta, 3 февруари 2015.

?

По објавувањето на „бомбите“, кој ќе си замине од политичката сцена во МК?

  1. Никола Груевски

    135 глас(а)
    61,9%
  2. Зоран Заев

    83 глас(а)
    38,1%
  1. Osamena-Srna

    Osamena-Srna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    108
    Мое мислење е дека никој нема ни да си оди ниту да дојде, седноставно се ќе си остане како и до сега. Заев е премногу слаб за да направи некаков пресврт. Вакви афери се вадат кога сте од прилика пата, пата па да можеш да направиш нешто, вака само може некој од нив да заглави во затвор и тоа е тоа.

    Груевски многу добро знае да ги менаџира кризите, така да не очекувам ништо да се случи со објавување на корупциски скандали или слично, што и да кажат лугето ќе речат, па и оние претходно крадеа.
    Реално Заев многу повеќе ќе изгуби отколку што ќе добие, иако лично мислам дека сега да се направи анќета рејтингот му е под 10% со ова што му го сместија дека е шпиун.

    Реално народов и така се чувствув обесправен и загрозен, секоја назнака што би водела до тоа дека документите на Заев, му се од странски служби би одела на негова штета, колку и да се јаки „бомбите“.
    Мое мислење е дека тоа требаше да го направи постепено отворајки една по една афера а не вака бомбастично најавувани, притоа давајки му пола година „противникот“ да се подготви.
     
    На Auditor му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Auditor

    Auditor Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    212
    Во политиката нема неопределени политичари, лично повеке ги ценам определените затоа што знам дека не се скриени лицемери.

    што е ново на темата за денеска


    "ТВ Сител од извори од истрагата дознава дека Заев не барал ослободување на новинарот Кежаровски или екс-сопартиецот Бучковски, туку барал слобода за личните пријатели Роби телекабел осуден за насилство и за уште едно лице осудено за криминал тежок неколку милиони.
    -Барањата на Заев кои наликуваат на уцените на Исламска држава биле испорачани на директните средби со премиерот Груевски. Лидерот на СДСМ бил ултимативен- или исполнување на сите барања или материјалите од странски разузнавачки служби ќе бидат објавени. Извори на Сител потвдруваат дека Заев во целата операција бил во постојана координација со екс-директорот на УБК, Зоран Верушевски, објави телевизијата.
    Според информациите на Сител, Заев и Верушевски имале бројни средби на повеќе локации.
    -При сите овие средби двајцата се однесувале како шпиони од американски филм. Лидерот на опозицијата, според извори од истрагата пред средбите во главниот град се маскирал од глава до пети, на главата ставал капа, а дел од ликот го прекривал со шал. Дека Заев бил свесен за она што го прави покажуваат неколку сегменти од неговото однесување. Пред секој влез во Скопје тој го гасел својот мобилен телефон зашто се сомневал дека може да му се влезе во траг, објави телевизијата.
    Извори од истрагата за Сител потврдуваат дека Зоран Верушевски и Зоран Заев комуницирале и по писмен пат. Во обид да ги избегнат телефонските разговори и да ги скријат трагите на соработката си испраќале и писма преку курири.
    Заев во единственото обраќање пред јавноста по избивањето на мега скандалот излезе со тврдење дека никому не му се заканувал, дека не се познава со Зоран Верушевски и дека не бил вмешан во шпиунирање. Материјалите со кои во јавноста со месеци се заканува и бара техничка влада тврдеше дека му ги доставиле анонимни загрижени граѓани."
     
  3. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Osven tv Sitel drugi izvori postojat?
    A i da postojat se isto e okolu verodostojnosta.
    Sitel kako sto uvidov davaat turski serii repriza od pred godina dve,kaj i da e i Kasandra ke ja repriziraat.:lol:
    Toa od sto eptense zagrizeni za idninata na drzavata i stitenjeto na premierot.
    Od ova probuvanje za perenje mozoci duri ni hiruska intervencija ne bi pomognala poveke.
     
    На iloveyou29, De-lovely, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Rabotava so Grujo, napadot e najdobra odbrana..Demek odamna mu se zakanuval a on tek sega kazuva, koga se najde vo tesno pa bolje da slusne narodov od nego (vo uloga na zrtva) otkolku da se doznae..
    A Zajko glupo izigra..mislam takvi bombasticni inrofmacii nenadejno se objavuvaat a ne da davas fora da se smislat nekoi kontra odbrani..Kako I da
    e epten ne napnaa so aferava a poveke od od izvesno e kako
    ke se zavrsi..Zajko ke gi druzi Ramkovski I ostanatite koi se pobunija na diktaturava I end of the story
     
  5. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Imase i deluvanje nenadejno.
    Ama snimkata ja proglasija za nevistinita.
    Znaci ne se raboti za naivno reagiranje.
    Oti gospodin premier duri sega se resi da ni kaze deka mu se zakanuvale?
     
  6. Auditor

    Auditor Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    212
    Па најверојатно сакал да ви дае фора(предност), пошо сте вие комуњарите многу слаби сеа и многу расплачани.


    Е, ај да видиме другиве освен сител што пишуваат во врска со темата...


    "Српските аналитичари Мирослав Лазански и Миша Ѓурковиќ во вестите на Канал 5 анализираа какви личности би можеле да бидат лесен плен на тајните служби.

    Лазански истакна дека странските тајни служби се присутни на поранешните ју простори уште од времето на распадот на Југославија.
    - Странските разузнавачки служби за соработници избираат домашни политичари кои се разнливи поради нешто и суетни. Тоа обично се многу малди луѓе и кои се многу суетни и сакаат власт по било која цена. Тајните служби долго време ги набљудуваат таквите луѓе и ги истражуваат сите негови особини, па дури и нивната здравствена состојба, како и нивните мани и пороци. Тие бираат луѓе со слаб интегритет на личноста и понатаму го водат низ неговата кариера, посочи Лазански.
    Тој додаде дека тоа може да предизвика голема штета бидејќи обично таквите луѓе поради своите амбициозни планови ги ставаат своите лични интереси пред националните интереси и државата.
    - Кога се бараат соработници од страна на тајните служби, се бараат незадоволни луѓе, кои на пример се во опозиција, истакна Ѓурковиќ.
    Целото гостување на политичките аналитичари Мирослав Лазански и Миша Ѓурковиќ во вестите на Канал 5 во видеото што следува."
     
    Последна измена: 7 февруари 2015
    На zekzeki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Koristenjeto na navredlivi zborovi e odlika na slaba licnost vo poleto na koe diskutira.
    A postojanoto koristenje na nedolicni epiteti istovremeno ja karakterizira i samata licnost i negovite neumesnosti za polemiziranje.
     
    На mirandaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    17.776
    Пол:
    Женски
    Двајцата... толку!
     
  9. Auditor

    Auditor Активен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    212
    Да си се вратиме ние на темата сепак и покрај обидите на пасплачаните Јожевци мали за дефокусирање од темата.


    "Денеска во медиумите почнаа да излегуваат нови детали поврзани со аферата Пуч.
    Во најновата информација која ја објави порталот прес 24 се наведува дека амбасадор и странски премиер ја подготвувале бомбата заедно со ЗЗ И ЗВ"
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.928
    Допаѓања:
    81.219
    Пол:
    Женски
    Сеедно е кој ќе си оди. Имајќи ја предвид ситуацијата, пак ќе продолжиме да си се вртиме во магичниот круг во кој се наоѓаме и во моментов.
    Ужасно ни се потребни нови лица и нови сили во политиката, ама очигледно оние паметните и поштените одамна се откажаа од неа и ги оставија циркузантиве да си копаат очи меѓу себе додека ние останатите си гледаме сеир по телевизииве. Катастрофа.
     
    На iloveyou29, kolovoz, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Ina Ina

    Ina Ina Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    хахаха @Auditor пренесуваш информации од врвни и релевантни медиуми : Шител, Анал 5 и Прес 24
    ох мори мајко!
     
    На iloveyou29, blueeparadise и theowndemon им се допаѓа ова.
  12. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.515
    Пол:
    Женски
    А мојот одговор ти е во соодветната тема каде што го имаш ставено мислењето за "селаниве".

    Бидејки гледам дека не ги вадиш од уста, во секој втор коментар ти се селаните, ниви и субвенции да ти поставам едно прашање?
    Еве јас сум селанка која зема субвенции како тоа неможев да си купам диплома и како неможам да се вработам во државна администрација? А сум во тој профил на луѓе во кои велиш дека се на власт?
     
  13. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.970
    Допаѓања:
    134.912
    Пол:
    Женски
    Нека си заминат и двајцата, што побргу... у глобала цела политичка гарнитура треба да се смени ... хаос е.
     
    На MiloMalo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Грујо сега е во тесно он кај и да е ќе си оди. А тоа дека Заев не се грижи за народот дека и едниот ид ругиот гледаат само кој да е на власт ја мислам дека не е така дека Заев да не сакаше доброл за народот досега сто пати ќе се откажеше поточно Грујо да не мамеше на изборите Заев ќе беше на власт и че можеше да се докаже.Јас сум неутрална но да мора за некој да се определам подобро ќе се определам за зАев отколку за Грујо ;)
     
    На MaryAntoaneta му/ѝ се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.586
    Допаѓања:
    35.013
    Пол:
    Женски
    Абе ај. Заев не сакал власт? За што се тепаат меѓу себе, што мислиш? Па за фотелја и пари. Им е гајле за народот на нив, освен пред избори. Немојте да сте олку наивни.
     
    На iloveyou29, Annath, Daydream и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.789
    Допаѓања:
    100.290
    Пол:
    Женски
    Не го сакам ни едниот ни другиот.Но во моментов Грујо е во подобра позиција од Заев и уште долго ќе биде се дури не се појави некое ново лице кое ќе биде во состојба да оди чекор понапред од него.Заев некако толку детски потези вади ми доаѓа ушите да му ги извлечам .Прави такви грешки што никогаш нема да може да ги поправи за жал.Не бомба и цела авијација да активира џабе му е.За жал уште ќе го трпиме Грујо.
     
  17. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    А извини грујо се грижи за народот? Он само пере пари преку спомениците наместо да им помогне на децата што се болни таму намнесто да ги донира парите он на споменици ги пере парите кои не вредат за ништо ;)
     
    На galapce и MaryAntoaneta им се допаѓа ова.
  18. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Вие освестете се ние одамна се освестивме
     
    На MaryAntoaneta му/ѝ се допаѓа ова.
  19. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Добро бе не сфаќаат дека колку повеќе мрдаат толку повеќе пропаѓаат во жива песок? Дека на сите мозоците ни мирисаат на детергент и омекнувач и дека не гледаме како си ја ишкаат мувата од капата?Најповеќе ми жал што понижуваат уметници, професори, декани... во таа нивна одбрана од интелектуалци прават паљачовци. Кој сака нека ја води државата ете мене нека ме земат ќе ја водам, само аман да престаниме да си правиме од готово вересија, аман да престаниме со пропаѓање во долгови. Не знам зошто мижите пред доказите колкави се долговите, студенти, екстерно, хонорарци,просветни работници, приватници, сите знаеме кој е следен администрацијата. И пак пустите од што немаат свое јас пак поддржуваат правење на долгови. Отворете си ги очите луѓеее, дали сега или по некоја година истото ќе ве снајде и со грчките и со српските административци.
     
    На dragan4eDR и galapce им се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.586
    Допаѓања:
    35.013
    Пол:
    Женски
    Ниту Грујо, ниту Заев. Јас никаде не пишав дека Грујчо многу го сака народов. Исто ѓубренце се :D
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.