Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој ќе си оди, Грујо или Заев?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од MaryAntoaneta, 3 февруари 2015.

?

По објавувањето на „бомбите“, кој ќе си замине од политичката сцена во МК?

  1. Никола Груевски

    135 глас(а)
    61,9%
  2. Зоран Заев

    83 глас(а)
    38,1%
  1. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    За да слушнат луѓето какви муабети се тепаат на државна сметка и како некој си игра мајтап. Да видат кој гласаат и како оди вработувањето во Македонија и сл. Сигурно и ти си некоја како таа Марија Андоновска штом толку си се потресла од пуштањето во етер. Ете сега ќе вработувале 3000 души на неопределено, односно ќе давале решенија, па Бога ми само тоа ги вади од калта 3000*10(10 најмалце) тоа се 30.000 гласови плус. А за институциите се виде и се слушна како си ја вршат работата почнувајќи од смртта на Тамара па наназад...
     
    На Golden, dragan4eDR, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Ниту Груевски ќе си оди, ниту Зоки ќе дојде. Сите очекуваа експлозијата на бомбата да биде повеќе бомбастична од ова што се случи. Барем граѓаните чекаа Заев да извади нешто што ќе ги остави со зинати усти и на тој начин ќе ги привлече нивните симпатии (барем на оние неопределените).

    Прво, бомбата никаде не покажува дека Груевски е вмешан во цела афера. Второ, пријави од СДС се поднесени на братучед му и уште едно лице. И трето, каде е овде пресумпцијата на невиност, карактеристична за СДС и нивните медиуми.

    Ама ајде ќе зборам под претпоставка дека Груевски е меѓу виновниците и нарачателите.

    Се гледа дека Заев повеќе е наклонет и цели кон стратегијата „раздели или скарај па владеј“, отколку на тоа што ќе речат обвинителството, судот и надлежните институции. Ако смета дека со изнесувањето на снимените разговори помеѓу Ставревски, Јанкуловска, Латас, новинари, бизнисмени, свои партиски луѓе од ДПМНЕ и разни поклоници на власта ќе направи раздор, мислам дека греши. 99,9% од набројаниве немаат простор за да им се лутат на прислушкувачите, затоа што сите стекнати позиции, бизниси, остварени статуси и идни планови им се базираат токму на владеењето на Груевски. Ако падне Груевски, во која друга владејачка гарнитура, па макар била повторно на ДПМНЕ, Гордана би била министер за внатрешни, Миле би бил за транспорт и врски и еден куп други блиски до премиерот кои држат несоодветни функции за нив? Кои, што и каде би биле после падот Латас, Јанко, ЛиМенко и стотици други како нив. Има разлика од овие и од будалетинките кои мрзнеа во има на Велија. Што со нивните, за верност подарени во хектари имоти во Зелениково, на Кожуф и којзнае уште каде. Колку и да ги повредило прислушкувањето, сите овие ликови зависни од Груевски го знаат сево ова што горе го напишав и нема да сакаат ни да помислат, а не да речат нешто против премиерот. Дури и ако некој кажал лошо по телефон, сега уште толку ќе стане приврзан и уште повеќе верен за да на некој начин се искупи.

    Малку чудно е зашто Заев не го чуваше ова за во време на избори, кога сигурно ќе внесеше малку бунило во партиите на власт и избирачите, или за после некој од датумите за извисување од НАТО или ЕУ за да стави „сол на раната“ и покаже со поголем прст каква власт имаме. Ова покажува дека Заев е посебно глуп и максимално мутав за вакви работи. Глуп е и поради тоа што избра момент кога влијателните земји кои ги креираат глобалните политики и би можеле да извршат одреден притисок врз нашава власт се фокусирани и презафатени со состојбите во Грција, Украина, Путин, бранот азиланти од Косово, внатрешниот тероризам и напади од џихадисти, исламската република и др. А може и намерно е избран ваков момент, затоа што бомбата е без врска, па треба да има само локален ефект. Најверојатно некој го игра Заев и гледа тотално да го исцеди во оваа афера. Тој некој, од страна ќе го следи текот, па зависно од исходот ќе избере насока. Кој е тој, може некогаш ќе дознаеме, а сега најверојатно не, зашто исходот од аферава нема да биде корисен по СДС.

    Од прислушкуваните албански политичари, најмногу во ДУИ можат да се лутат за ова, но свесни се дека имаат внатрешни раздори и ако сега се откачат од владата, тешко дека ќе освојат број на пратеници кој го освоија последниве избори и да добијат колку сегашниве министерски фотељи во коалицијата со ДПМНЕ или да се здружат со СДС во нова влада. Им треба време да се приберат и затоа ќе останат на страна од ова.

    Поповите, оџите и други како нив кои биле прислушкувани не смеат ни да зуцнат, затоа што нив им е прогледано низ прсти за малверзации, за кои во секое време можат да се најдат во затвор.

    Во врска со обвинителството и судот, освен од домашни, најверојатно ќе има притисок и од надворешни фактори да се истера случајот до крај. Ако тој притисок стане неподнослив за власта, за да се спаси сè најверојатно „виновен“ и „жртвуван“ ќе биде братучедот и ќе биде сменет од фотељата на УБК, со лице кое повторно ќе биде контролирано од истиот и тоа би било тоа. Ќе се задоволи меѓународниот фактор, граѓаните ќе се смират, СДС ќе извиси. Во меѓувреме ќе се спласнува тензијата кај народот со вработувања (веќе 3000 се најавија), покачувања на плати, пензии и разни други ситни, но за народот побитни работи од аферава.

    Најверојатно во оваа приказна Груевски ќе излезе како победник. Останува да видиме само на кој начин ќе му одржат лекција на Заев и СДС. Ги знаеме завршниците на сите кои досега пробаа на вакви валкани начини да играат против него.
     
    На peperutka87, SexiLy и zekzeki им се допаѓа ова.
  3. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Не мислиш ли дека премногу површно размислуваш за тоа што проблемот го гледаш во луѓето со кои директно се соочуваш? дали си помислил каде всушност лежи проблемот и зошто е тоа така?

    Јас не им се љутам на тие луѓе што работат на шалтери, баш напротив јас ги сфаќам, како сакаш кутрата тетка на шалтер да се однесува пријатно и љубезно кога и се вртат триста мисли у глава како најевтино да ја пројде неделата за да и останат пари за сметки, како да му овозможи на своето најмило да се облече за да не оди со скината облека а притоа и да зготви скромен ручек, како да го догура месецот со премногу давачки а мали плати, како?!

    Јас во потполност ги сфаќам тие луѓе, а проблемот го гледам у суштината, во можностите кои ни ги нуди оваа држава а се еднакви на 0, во привилегиите што ги има еден просечен граѓанин на државава а се еднакви на 0, во сите оние млади депре лица кои ги гледам во државата, ме боли кога на оние "евтини квизови" како на пример "се или нешто" луѓето се мислат 3 саати дали да прифатат понуда од мизерни 3000 денари или да продолжат, тоа ме боли, што сме го достигнале дното. Тоа е сакањето на својот народ да го сфатиш дека го боли, дека им проблем, а не со термини да се препуцаваме, десница левица националисти ова она..празни зборови.

    Не е време да се делиме на партии, затоа што е просто, затоа што е површно, време е да ја согледаме реалноста да почнеме да зборуваме слободно и без страв без зависност дали ќе го ризикуваме работното место зо мизерна плата, (без разлика која партија е, ускратено ни е правото на слободен говор, за тоа имаме уста ти текнуе..) да почнеме да ги кажуваме јавно, јасно и гласно проблемите со кој се соочува просечниот граѓанин, да почнеме реално да согледаме колку и какви привилегии и можности имаме ние и нашите поколенија во иднина во оваа држава, колку ние како граѓани ги уживаме своите права, а гледам дека ги немаме основните, за лекување, за живот, за опстанок, за насмевка.. кога го немаш тоа заеби се друго.
     
    На MiloMalo, dragan4eDR и Andrianaaaaa им се допаѓа ова.
  4. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Значи тебе умот не ти дојде, дали еднаш овде јас сум прозвала некого каде работи што работи зошто е комуњар и слично. Јас која сум и кај работам или не работам е моја работа. Не им се мешај во домашниот есап на луѓето кога не ги знаеш. Злобен народ брее. Никаков почит да се немало, немаш друга работа во животот изгледа освен на форум да им пукаш во живците на луѓето. Срамота.
    За разлика од тебе јас не мислам дека сите треба да ми бидат истомисленици, и не ги мразам и омаловажувам оние што размислуваат поинаку за политичката определба.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  5. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Знаеш ли ти која е ТАА што ја спомнуваш во твојов коментар?
    Очигледно врска немаш па прозиваш луѓе овде. И дреме на Марија да ти кажам право, кога ќе го достигнеш нејзиното ниво, а очигледно нема тогаш дрзни се да прозиваш некого.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    (facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)
    Жими ја, дали од штаб намерно ги праќаат најглупите и најнеписмените пошто само тие слепо удараат со главата во ѕид ради исперен мозок и недостаток на општа логика, или стварно немаат покадрена раја што бар би пробала да обели образ со нешто поразлично од „Вие сте комуњари, овде и не е така лошо“?
    Па кај е лошо бе, златни? Треба ли ко по Блиски Исток да спиеме на запрашени черги во куќички од кал за да ја увидите мизеријата? На ниво на Сирија и Северна Кореја ли треба да стигнеме (а близу сме) за да ви светне малку дека ако не сте марионетки, тогаш сте безгласни букви кои никој не ги ферма?
    А сте небитни ко и ние смртнициве, само што ве филмаат дека сте нешто зашто им трчате по газ за едно „браво“ и тапшање по рамо.
    Па, секој ли бре што ја гледа реалноста, мора да е обоен во опозициски бои? У, јбт...

    Што се тиче мене, и двајцата сосе сите нивни полтрони и душовадачи, усвета нека фатат у триста лепе и да не се чуе веќе за нив.
    Што повеќе сакате? Се движите ли вие, што ги љубите семоќниве во газот, меѓу жив, нормален народ?
    Сте прошле ли во фабрика каде смрзнати работат по 10-12 часа за мизерни 6,000. Да, 6...зашто толку важи т.н. закон, им дадат минимална плата, па на рака ги тераат да вратат по 3000. Беда.
    Или само пратите што ви се сервира на Канал 5 и Шител каде ударна вест е што некој осмокласен т.н. експерт рекол за Македонија против Грција, а ко путки под кошули ни еден збор не изустија за тоа што илјадници студенти преспиваат ко палестински војници по даскине од факултетине со (бонус факт) инвентар од Големата Преселба на Народите за чија, пази, оштета(?!) плаќаме по 1000ка?
    Што не собраа грам муда толкав број (не)луѓе да истапат со бар некаков извештај, бар некој мизерен обид да објаснат зашто си поиграа со животот на недолжно душиче?
    Или ако не се зборува за истото, ќе се правиме дека не постои и луѓето ќе заборават, мајката ќе престане да ја боли за чедото, а студентите ќе се помират со судбината скроена од фаца што не знае основни работи од факултетот кој самиот наводно го има завршено?!
    Розови очила и Wonderful Life во позадина. Терај, брале. Кис4е си.
     
    Последна измена: 12 февруари 2015
    На sparklie, mims-89, MandyLane и 19 други им се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.739
    Допаѓања:
    172.847
    Пол:
    Женски

    Јас иако не сум прозвана тука, сакам да си дадам мислење во врска со ова што е напишано..
    Ако јас можам да се смешкам цел ден на некои си клиенти, така и таа тетка/чичко/што-и-да-е може да се смешка кога јас ќе стигнам на ред на шалтер.
    Проблемот на народот на балканов е што никогаш не научија домашните проблеми да си ги оставаат позади врата пред да излезат од дома и проблемите од работа да си ги остават пред врата пред да влезат дома.
    И јас се мислам како ќе го протуркам месецот и јас имам не 300 туку 1300 мисли во глава, ама тоа не ме попречува да бидам културна и пристојна, без да им се истурам на клиентите, било да се на шалтер или негде во ходник кога ќе ме застанат да ме прашаат за било што..





    А во врска со темава. се надевам дека и двајцата ќе си одат. Ама реално ниту едниот ќе си оди ниту другиот ќе дојде на власт. Само прават смешки за мали деца, за да има светот причина да не стави на насловна и да се исмева со нас...
     
  9. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Добро гледајќи на форумов како и на фацебук што пишуваат
    Овие што ги бранат ВМРО (не тие што се против сдсм , него што само вмро и вмро им е секој пост) може да се поделат на две групи и толку

    1. Наивни глупи морони кој се толку лесно манипулирани да можам да им сервирам дека Македонија тепала 10-0 против Бразил фудбалското светско првенство.
    2. Себични морони кој знаат дека нивната власт им е корупција и глупост ама им е гајле ќе ги бранат се и ќе се глупираат на форуми и фацебуковци и др се додека они се безбедни и сигурни , за другите што патат ги боли ташак.

    Е на тоа се делат денеска , 2 едноставни моронски групи , не е да се нервираш , али душа те боли колку глупаци има во оваа држава , и џабе е све , неможеш да им објасниш оти се глупи , не рационални или нешто него ГЛУПИ , нема мозок , како зомби се , шаалалал низ улици и грујо слика на чело или марширај таму , па уште кога ќе почнат да ти објаснуваат , тука крај веќе , јас сериозно размислувам да почнам да водам истрага Грујо да нема некој фејк профил на фемина или фацебук ....

    Страшно глупи луѓе , страшно ......
     
    На MandyLane, Nausicaa, Annath и 12 други им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.380
    Допаѓања:
    249.944
    Јас да сум Марија ќе се срамам самата од себе што сум нечиј потрчко, што се глупирам по телевизии и изигравам дворска будала бранејќи ги политиките на оваа власт. И она ти е на ниво, да, ама у штаб. Никогаш не би посакала да го достигнам нејзиното ниво. Ама за жал сите се такви. Во Македонија е мизерно, бедно, човековиот живот не вреди ништо, сиромаштија, беда, пусти градови и ете ги уште се распишуваат, споделуваат по фб, по форуми што направил премиерот. Како не ви е срам или платата од мизерни 10 000 денари ви е послатка од нечиј детски живот. Ама ко бумеранг ќе ви се врати за се што молчите и подржавате. Толку.
     
    На MiloMalo, kukla21, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Јас да сум Заев сам ќе си пресудам, ќе се обесам на првата крива круша. Ако некој е Пратеник како таа Марија, значи дека е потрчко??????
    Па и од опозиција има пратеници на кои што местото им е во Парламент, ама се глупираат наоколу отколку да си ја работат работата за која што ги избрал народот.
    Нормално малоумниот лидер не се откажа од градоначалничката фотеља, додека неговите пратеници ги остави на улица без плата.
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.380
    Допаѓања:
    249.944
    Знаеме како се станува пратеник и како се вработува. Уште кога ќе видеш какви ни се министрите, што да се каже повеќе за пратениците. Интелектуалци на ниво |(. А за Заев, за мене е одличен градоначалник, во друга улога го немам видено па не би коментирала.
    Состојбата во државата ни е хаос, а виновен е народот. Сами си ги гласат епа сега нека трпат. Реков јас ко бумеранг ќе им се врати. И ич нема да ми биде жал затоа што се толку себични за да си спасат работното место подржаваат убијци на деца. Се згрозив деновиве, не од министерот, туку од народот.
     
    На MaryAntoaneta му/ѝ се допаѓа ова.
  13. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Кој ќе си оди??Ни едниот ни другиот во скоро време.Ќе си играат топло ладно,кога ќе ги видиш пак заедно на ручек во некоја кафана,а ние народот ќе си дебатираме и ќе си вадиме очи меѓу себе а они пак ке си седат во нивните удобни фотељи,абе исти политички г***а]:)!!Најдобро кој што може,сака и умее пут под ноге и ауфидерзен од тука!!:nod:
     
    На Nausicaa, kukla21, makedonkamak и 2 други им се допаѓа ова.
  14. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    До пред извесно време и јас вака дефетистички ја гледав политичката ситуација во Македонија. Ама колку повеќе време поминува, толку повеќе сфаќам дека сум грешела. Нема потреба од релативизирање на ситуацијата. Не смее да се става знак на еднакво помеѓу овие опции.
    Луѓето полека сфаќаат во каква ситуација се наоѓаме. Практично живееме во медиумска диктатура, сите го гледаме тоа. Особено тоа се гледа кога излегуваат проблеми и ќе видиш дека немаш каде да се искажеш и кој да те поддржи, едноставно имаме молк.
    Само во последните месеци го видовме тоа неколку пати, со малтретирањата на наставниците, државниот испит и хонорарите. Едноставно ако нешто ти пречи, нема медиумски простор да го искажеш тоа, едноставно си затворен, заробен, и немаш друг избор освен да го прифатиш изборот ОД ГОРЕ.

    Ова премрежие кое се дешава сега не го гледам како избор помеѓу политички опции, туку помеѓу демократија и диктатура. Едноставно и искрено се надевам дека ова ќе предизвика некаква промена, мора да се расформираат овие телевизии и оваа пропаганда, па дури после на чисто поле ќе може да се зборува и да се споредуваат политички опции.

    Читам поназад многу имаат напишано дека Заев не бил речит, не знаел да зборува, дека партијата немала програма, немале потенцијал и капацитет. Искрено не се интересирав многу за политика и јас така си мислев.
    Ама после се запрашав, а кога последен пат реално имам прочитано нешто за програмата на СДСМ? Кога го имам слушнато Заев на реално интервју? Мислењето ми е само она што ми се сервира на партискиве телевизии, а тие во секој момент ги претставуваат во лошо светло.
    Сфатив дека таков став имав затоа што немав шанса РЕАЛНО да си проценам за програмата и за Заев.

    Искрено немаат лоша програма, помалку страв, поевропски настроена, помалку казни, и најважно помалку непродуктивни споменици и згради и помалку кредити потрошени за работи кои не генерираат повраток на средства. А Заев е сосема ОК политичар, не е елитист, баш човек за народот, најважно е што излегува на интервјуа и дуели, за разлика од Груевски, и многу добро се справува.

    Важно е што осеќам дека луѓето полека почнуваат помалку да се плашат и да искажуваат што мислат. А бомбите верувам дека имаат нешто многу големо затоа што Заев рече дека целата политичка кариера ја става на влог и ако овие работи не ја занишаат сегашната власт, нема надеж за нас.
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  15. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Edna bomba i da odat vo nepovrat site i edni i drugi ,site vladeat samo da ne upropastat ama ovie sto podolgo se zadrzaa ne upropastija za na vek...
     
  16. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
  17. MaryAntoaneta

    MaryAntoaneta Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
  18. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    ako sakas pro vladini vesti gledaj televizija(osobeno sitel)
    ako sakas vesti od opozicija ke treba da procepkas online na sajtovi kako
    a1on
    narodenglas.com
    daily.mk
    dr sajtovi, bi bilo dobro da se najdat nekoj so se nadvor od mk a pisuvaat za mk catpat kako merka kakvo info iskaca nadvor od granica

    +Alsat M seuste emituva novosti so se nasoceni protiv vladata (imas makedonski vesti nz kolku saat i nekoj emisii kako taa u cetvrtokot koga gostuvase zaev u 21:45h)

    sloboda/vistina jas licno definiram kako balans pomegu vladini vesti i opoziciski vesti (iako licno go mrazam premierot, neveruvam deka ako opozicijata uspee da go butne od fotelja istata ke ja ponudi na nekoj drug=gladta za vlast e vodecka cel kaj ste partii)
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.152
    Допаѓања:
    156.378
    [​IMG]

    Сакам да ве прашам вам на форумот, во овие спаѓате?
    Ако да, дајте на писмено да ви потпишеме дека супер си ја вршите работата да не страдате.
    И јас да примав плата од јавен сектор или да работев во провладина невладина (оксиморон) организација која е финансирана од проектите на владата и јас ќе лаев и крајот не ќе ми се гледаше.

    Ситниш се збрал на темава.
    Господе помини да си ја собереш вересијава и срам од суштества кои прашање е дали може да се наречат - човечко суштество, зошто толку суштински неморал и неетичност, себичност и алчност. Или пак да отвориме линии за донација, хронично слепило ве обземало, додека државата тоне, народот мизерува, вие уште се ударате во груди величајќи го вашиот диктатор. Срам да ви е!
    Сериозно не знам како спиете. Кога-тогаш ќе те шлапне каде што најмногу те боли, додека патат илјадници ти царуваш и уживаш, што ќе биде кога ќе заврши сето тоа? Не се прашувате што ќе се случи со вас?
    Јас би ви препорачала да се се замислите, оти гледам дека единствен извор на финансии ви се закаченоста на вашиот превелики Грујо. Паметен човек не зависи од власт, впрочем жал ми е за вас.

    За вас е НИШТО сето ова?

    А што се однесува до Заев, никогаш не ми бил харизматичен лик, ни пак има капацитет тоа да стане. Само фино што го објавува ова иако за мене е пресмешно - БОМБА бе... Многу е сериозно, многу е вистинито, но нема капацитет да го изнесе како што треба. Ме фаќа и паника со кого би ги замениле овие крвопијци. За Заев ни во најлошиот сон не би гласала, заедно со Рада.
    Гледам некои од вас бараат стратегиска логика во Заевите чекори, зошто не било ова тогаш и тогаш, туку сега? Што знам, зошто не е важно, важно е што е направено?
    Вашиот извитоперен и расипан ум секогаш ќе бара стратегија во чекорите, зошто тоа е вашиот клуч на постоењето, па мислите дека така треба да прават сите.
     
    Последна измена: 16 февруари 2015
    На BoaVista, calliope, cecilia и 2 други им се допаѓа ова.
  20. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно ги бришам сите на ФБ сто НОН СТОП споделуваат линкови за владините мерки за невработеност,субвенции за земјоделци....да се немало усул,отварам ФБ како да сум го отворила сајтот на вмро,нема смисла ...(facepalm)
     
    На dragan4eDR, MaryAntoaneta и galapce им се допаѓа ова.