Јас колку што знам Мина го нема овој шампон погоре... Туку од овие: (барем таа така ми кажа) http://zoran-vujcic.blogspot.com/2013/0 ... je-da.html Еве нешто интересно да се прочита за шампонов.
Ме интересира од каде го земаат тие што го препродаваат за 1200 или 1500 денари стварно нема смисла,во Америка овој шампон кошта од $5 до $7 значи во денари не кошта повеќе од 350 ден.нормално дека и препродавачите треба да заработат нешто ама пак да заработат 900 и плус денари не е фер Е сега за шампонот да кажам,јас го купив $4.99 но не го користам редовно така да неможам да кажам колку помага околу опаѓање на коса,можам да кажам убаво мириса и дава сјај на косата, и многу малце се става оти прави многу дебела пена.на моја пријателка сопругот имаше долга коса и тој ги користеше шампонот и регераторот и таа ми кажа дека сопругот и рекол дека никогаш повеќе не би купил друг шампон.
па ане што да прави човек кога има мака така?а на туѓа мака само Македонецот може да се богати и никој друг ајде до 1200 некако се трпи ама 1500 многу е и плус да платиш за пратка многу ќе фати
Го барав, го барав и се откажав. Го најдов спасот во к'ната. Сега косава ми е погуста, пожива, со сјај и волумен. Не се мачете повеќе, за тие пари ќе купите нешто покорисно за вас. Тој шампон е навистина добар, но, не вреди ни пола од тие пари. Го сватив тоа и престанав да го барам. Го најдов решението во нешто поефтино и подобро. Зошто да се мачам и да се нервирам и да дадам 1500 денари на некој што од шампон со цена од 400 денари, прави шампон од 1500 денари? Не вреди. Спојлер Ова го напишав најдобронамерно, можете да имате убава коса со најмногу 200 денари месечно. Јас купувам 5 кесички к'на, бидејќи имам долга коса и еднаш во месецот ја бојадисувам и ме кошта 200 денари. Ем ми е убава косата, ем фаќа убава боја. Малце, оффтопик, али ајде...
Еве и јас да кажам за шампонот бидејќи го имам користено . Зборувам за „ Mane'n tail „ американскиот шампон кој го порачав од фризерското студио Мина, бидејќи само овој можеше да се порача од кај неа, за тој што пишавте погоре во пораките тој е руски и како што сум запознаена тој го нема кај нас во Македонија, го имало во Србија и имам слишнато дека е подобар од американскиот. Вака шампонот е 1 л. 1200 ден , јас го користев од февруари до јули , значи за 6 месеци ми беше доволен само еден шампон бидејќи имам ретка коса , а ја мијам 3 пати во неделата.За овој временски период косата не ми порасно ептен многу од нормално раснење може 2-3 см плус на оние стандардни 1 см секој месец( значи некаде 8-9 см за 6 месеци) , но за тој временски период мн малку коса ми паѓаше само по 5-6 влакна на секое миење , што за разлика од порано кадата ми се затнуваше од влакна и ја чистев по 2 пати на секое миење,и не само што мн малку ми паѓаше туку имав еден куп нови влакна кои раснеа како луди , што фризерката се чудеше како може толку многу нови влана да ми пораснат за толку краток период. Во август не го користев бидејќи бев на одмор , користев wash & go за нормална коса, и воопшто не ми паѓаше. Ама сеа од септември пак почна многу да ми паѓа , исто како пред да го користам Mane' tail, но неможам да си го нарачам пак шампонот бидејќи го немале веќе, и нема од кај да си го нарачам , па се решив да си го земам CYCLE VITAL шампонот за раст на коса и против опаѓање, па ќе видам како ќе делува овој.Ако некој го користел нека пише мислење дали е добар. Позз и да , ако дознаете од кое друго место може да се порача Mane'n tail пишете
Тие што ги знам, кои го користеле шампонов велат дека многу добиле на волумен, нови влакна, но не дека косата навистина почнала да им расти брзо и многу.
http://www.amazon.com/s/ref=nb_sb_noss/ ... %20Shampoo еве линк од амазон,незнам колку би коштало поштарина за до МКД,ама верувам дека нема да ве фати 1200 или 1500 денари.не ги богатете салоните за џабе. само да ви кажам дека намената на шампонот е за да се добие по здрава коса,а не за да расте по брзо косата.и друго прочитав погоре коментар дека демек за луѓе еден шампон а за коњи е друг,нема врска тој е еден шампон и за коњи и за луѓе,еве јас го купив во продавницата во одделот за животни,а и на амазон кога че го внесиш името на шампонот дирекно ти отвора во Pet supplies
Прашував еден доктор за шампонов, дали е штетен и слично. Рече дека е стимуланс, со сила прави промени на косата, а се што е такво не е во ред, зошто не е природно. На една страна беа објаснати сите состојки на сите коњските шампони и дел од нив беа стварно состојки кои не ги ставаат во обичните шампони, беа во поголеми проценти, поагресивни.
Значи секој кој го користел овој шампон има различно искуство и различни ефекти , кај некого се позитивни и повеќе делува кај некого негативни и помалку делува. Мене не ми беше целта јас да добијам на должина односно да имам подолга коса , туку да ми се намали паѓањето на косата и да ми излезат нови влакна , и за среќа тоа го постигнав , ама додека го користев шампонот.Напраив месец дена пауза, и сеа пак ми паѓа, штета што не можам да си го нарачам пак од кај Мина, иначе да ви кажам јас не би ризикувала да го нарачам како што некои кажаа на пазар 3 или на амазон , некако не ми се сигурни. Јас од овој шампон сум задоволна и ако го најдам пак некогаш кај Мина пак ќе си го нарачам, до тогаш ќе пробувам со други шампони. Позз
А што таа Мина го измисли шампонов и Таа го произведува?Затоа таа ти е нај сигурна? Или можи ти е роднина или ти си таа? За на пазар 3 незнам ништо и не можам да гарантирам,а преку Амазон купувам веќе цели 5+ години производи за коса,лице,облека,книги и што ли уште не,а да шампончиња,пудри и кремови детски за керка ми,плус на секој производ имаш коментари од обични луѓе како нас што ги купиле работите што кажуваат свое мислење дали се задоволни или не,е до толку ми е сигурен Амазон,( се извинувам за оф топикот)
Погрешно ме разбра, не ми е ништо мене фризерката, од кај неа се нарачува , таа не го произведува, ама сакам да кажам дека мене тој шампон од кај неа ми делуваше ,а за другите места незнам какви шампони нудат , и за нарачките од амазон и пазар 3 кажав дека не ми се сигурни бидејќи никогаш не сум купувала на тој начин и дека неам искуство .Јас само си кажав за мене, секој за себе си знае, нели е така. Несакам да убедувам некого и да правам реклами за нешто, само ги кажувам ефектите кои се забележаа кај мене.
Јас ги искористив и шампонот и кондиционерот, прекрасни резултати косата ја прави како свилена со неверојатен природен сјај Двата ги купив по намалена цена од 1000/1200 ден не се сеќавам точно по 300мл беа го препорачувам
Нема резултати. Не фрлајте за џабе пари. Можеби малку ќе ја зајакне (или до психата е), ама нема ништо посебно. Ем шубе ти е, состојките не се испитани за луѓе, туку за животни.
Врска нема шампонов. Резултати? Па, ако не си миела коса недела дена, ќе забележиш видлив резултат Додуша и со свински сапун ќе добиеш сличен резултат. Најголема помош за здрава коса е вашето генерално здравје, хормонски баланс, добра диета, па било кој шампон, со добар омекнувач, и помалку фарбање, фенирање и пеглање што се може. Не си ги фрлајте парите на ова. Не вреди. Обичен сапун. Испитан е на луѓе инаку. Заради употребата од страна на луѓе. Ама за алергични реакции само е испитано.
Сум го користела 3 месеци додека бев во Америка, ама беа големи шишиња од 1 литар (шампон и регенератор) и немаше шанси да си ги донесам дома. Предобри беа и многу ми помогнаа со опаѓањето на косата. Таму ослабев 10 кила, значи дефинитивно беше до шампонот, а не до здрава исхрана и добар имунитет. Ги барав на нет да си купам, ама не ми се плаќаше повеќе шипинг отколку што чини самиот шампон. Ако се наоѓа низ Македонија, дефинитивно го препорачувам. Во прва прилика ќе си го купам повторно.
И какви резултати имаше за 3 месеци ? Јас го користев 2 месеци, ама косата не ми порасна ништо посебно, ниту ми ја згусна. Ем, многу ми се мрсеше. Како најефтин шампон да имав ставено на глава! Неколку другарки го нарачавме заедно, ама ниту една не се пофали на добар резултат.
Значи ефект на растењето и на густината немаше, не дека нови влакна ми никнаа. Ама опаѓањето дефинитивно беше драстично намалено. Јас вадам по една топка коса од тушот после секое миење на косата, иако пред да ја мијам ја чешлам и ги вадам паднатите влакна. Во секој момент да поминам со прстите низ косата обавезно ке извадам влакна. Во периодот додека го користев шампонот косата речиси и престана да паѓа сосема. Само на чешлање имаше на четката влакна, ама сосема малку што е неспоредливо со тоа како нормално ми е. Е сега, таму бев на сонце секој ден и нон стоп носев капа на глава, и затоа косата ми се мрсеше многу и ја миев секоја вечер (што најверојатно го убрза и засили ефектот). Тогаш не размислував многу за тоа, ама ете може ми било мрсењето и од шампонот, ама пак мислам дека тоа што бев по 10 саати на сонце на 40 степена повеќе имаше ефект. Сепак, полесно мислам дека би се снашла со мрсна коса, отколку да почнам да ќелавам Имам ген за многу коса, па и покрај тоа што многу ми паѓа, башка имам виткана коса, не се приметува колку ми е изретчена. Друг проблем со косата немам, така да и да има некои нус-ефекти, пак си стојам позади тоа дека шампонот помага против опаѓање на косата и си вреди да се проба.
Конечно го нарачав пред некој ден. Кој знае кога ќе стаса, ама здравје за неколку месеца ќе пишам резултати