многу девојки заради одсуството на самодоверба или некој таканаречен нивни комплекс,ретко се осудуваат на "коњското опавче",а некои други пак сметаат дека така изгледаат подобро _______________________________________________________________________ колку често вие практикувате да ја носите косата фатена и како мислите дека изгледате подобро?
Најчесто косата ја држам соберено, но понекогаш и пуштена знам да ја носам. Сепак зависи од пригодата
Јас баш сакам коњско опавче! Кога косата е фатена во висок реп, значи повисоко од вообичаено, ми делува многу самоуверено и секси. Порано кога имав многу долга коса со прави шишки, постојано си носев опавче, некогаш повисоко, некогаш ниско, опуштено. Така најубава ми беше. Но, сега имам кратка коса, која е невозможно да се фати во реп. Така да, ја носам пуштена цело време, права или благо таласеста. А баш би сакала да можам да сменам понекогаш, и да фатам опавче.
Речиси секогаш ми е врзана во опавче и тоа високо врзана. Понекогаш и пунџички си правам. Така се чувствувам поубаво. Кога сакам да изгледам романтично и секси ја оставам пуштена бидејќи ми е виткана.
Преку ден скоро секогаш ми е врзана во опавче, понекогаш повисоко, понекогаш пониско. На излегување преферирам да сум со пуштена коса, исфенирана или испеглана.
Баш е секси цура со коса во високо опавче! Баш делува самоуверено! Јас ја носам некад пуштена, ако врне тогаш во опавче зашто косата ми е како буфче, така да многу практично е опавчето, ем не ти се гледа несреденоста на косата, ем знае со додатоци со интересна шнола, венче, така да изгледа модерно, a и растурено опавче е супер.
^Росонерке како на првата слика си ја носела ли косата? Одамна ја имам најдено сликата на гугл и ептен ми се допаѓа а и се чудам зошто вака не сум си ја до сега врзувала. Инаку ја носам врзана во реп само кога ми е мрсна а мене почесто ми е мрсна отколку посна затоа не ја сакам таква. Си имам набиено и рефлекс и кога ќе видам девојка со врзана коса ми асоцира на мрсна коса
Јас патам од тој комплекс и затоа во ептен РЕТКИ СЛУЧАИ можат да ме видат со врзана коса. А дома е друга приказна
Јас постојано сум со пуштена коса, не памтам кога последен пат сум имала врзана во реп коса. Единствено во летно време може низ дома да ја приберам ако ми е жешко, но секое излегување од дома со пуштена . Инаку ми се допаѓа и прибрана коса, а и убаво е за да се размени, сепак ај можеби ќе се одлучам некогаш. Некако не си се допаѓам многу така
Ma не сум нормална, ќе земам ќе ја направам така несредено опавче и само ќе се погледнам 10 пати во огледало и на крај ќе земам чешал и ќе се залижам. Се си мислам дека ќе речат оваа кога станала од спиење се исчешлала ли? Ама кога сум ја правела така се не ми излегувала убаво, а дома кога си седам случајно ќе ја разбушавам и во опавче и поубаво од сликава ми испаѓа. А кога сакам така да ми е, епа тогаш косата неќе!
Штрумфета, ме пресмеа, знаеш ли што е рефлекс, а што комплекс и се појавувало рефлекс бе , сори, ама ќе паднев
Многу сакам коњско опавче високо врзано.Најчесто ја носам така кога ќе ми се замрси малце косата бидејќи тогаш најлесно ја собирам и изгледа многу убаво. Исто и пуштена ми се допаѓа особено кога ми е тазе фенирана...мх мх
^ Хахахах, и мене ме насмеаа. А инаку јас реп кујзнае од кога не сум носела, можеби уште од четврто. Косата секогаш ми е пуштена, ама буквално секогаш. Некогаш сум си правела реп, повисоко или пониско, само да видам како ми стои ама неможам да трпам да носам, незнам зашто, ме стега некако. А убаво ми стои, ама зашто косата ми е степенаста, ми висат прамени од сите страни и неможам да ја гледам таква косата и секогаш си ја носам пуштена.
Секојдневно и за на работа и за по дома ја собирам косата во реп на различна висина,па и пунџички си правам.За вечерни излегувања ја пуштам,па поинтересно им доаѓа на блиските,за промена да ме видат со пуштена коса.
Никогаш во репче, воопшто не си го сакам одразот на лицето во огледало со фатена коса, така да ја носам секогаш пуштена , дури и дома
речиси секогаш пуштена.. ретко во репче бидејќи главата ме боли (само кога ми е мрсна косата а немам време за да ја мијам)..
Јас со фатена коса само по дома!!! Ептен сакам високи извртени пунџички,високо опавче,ниско опавче...Дома застанувам пред огледало и ја фаќам косата во пунџа,со рацете ги стегам ушите и прекрасно ми стои.Многу се нервирам што ми се клемпави и грди Никогаш не сум носела опавче,зимава се охрабрив и два пати така ја износив ама сепак немам толку самодоверба,а сакам да изгледам убаво.Секогаш сум со пуштена коса,а многу сакам да ја фатам еден ден во високо опавче... Се надевам еден ден ќе си го решам проблемот со ушите,сакам да се оперирам и ич не ми е страв,уште пари да најдам
Јас па не знам зашто но од помала се имам научено се косата да ми биде собрана во реп И долго време неможев и да речам неможам да се одвикнам од тоа, и сега кога сум дома косата секогаш ми е во репче или пунџичка. Само да го пречекорам прагот од дома и барам ластик!!! Не знам но поудобно ми е така! А иначе се трудам скоро секој ден да ја носам косата пуштена , да ја заборавам таа проклета навика глупава!!! Мислам дека ми успева И си мислам со кој памет сум шетала со собрана коса нон стоп!? ххахаха И иначе и јас имам клемпави уши и за чудо тоа е единствениот комплекс кој го немам