Кај некои девојки дури коњското опавче подобро им стои отколку пуштена, но кај мене таков не е случајот... :/
Да одговарав на истово прашање лани одговорот ќе беше со огромни црвени букви - пуштена коса. Не знам што ми стана годинава, едноставно се заљубив во коњското опавче и сметам дека поубаво ми стои. Скоро секогаш ја носам пуштена косата, ама коњското повеќе го сакам. Не е за секого.
Летото коњско опавче,а зимата бидејќи половина од денот го поминувам во школо повеќе ја носам коњско опавче,а зимата ако ми е многу ладно ја пуштам за да ме топли.
Косата ја врзувам само дома,за да не ми смета. Надвор,нема шанси да ја врзам.Не дека не ми се допаѓа коњското опавче,напротив,но мене не ми стои. Освен тоа,косата ми е преубава ,па нека биде пуштена.
Баш е за секого, исто како и „проблематиката“ со црвениот кармин - секој може да го носи, само треба да си ја најде во случајов најдобрата положба за да го носи. Под „положба“ подразбирам соодветна висина за да делува пропорционално, а со тоа и убаво за око. Ете на пример, имам другарка на која прекрасно ѝ прилега коњско опавче врзано некаде кога се наоѓа позади на иста висина со ушите. Значи не можам да опишам колку убаво ѝ стои, дури и поубаво изгледа кога ја носи косата така него ли пуштена, а јас ако го врзам така изгледам смешно. Исто, на некои преубаво им стои ниско опавче, а мене лично најмногу ми се допаѓа кога го врзувам што повисоко или на самиот тил. Така да, нема „не е за секого“, баш е за секого, само во различни варијанти.