Порано само пуштена ја носев, не можев да се замислам со опавче, ама во последно време откако станав плава како поубаво да ми стои отколку на темна коса и си носам понекогаш ама само високо фатено, баш коњско. Инаку, највеќе си се свиѓам со пуштена пеглана коса, навика може...
Јас најчесто ја носам пуштена бидејќи така ми стои поубаво. Обично кога ми е малку мрсна ја носам во опавче бидејќи ме нервира мрсна коса а пуштена да е
Јас сега носам кратко потшишана коса,но порано кога носев долга коса ја носев врзана во коњско опавче со стегач за коса,а пуштена слабо практикував да ја носам бидејќи сакав косата да ми биде приберена,да не ми паѓаат влакна на сите страни,а ако некогаш ми текне пак да ја пуштам тогаш можеби ќе гледам повеќе пуштена да ми биде ако го подобрам нејзиниот квалитет,па нема толку многу влакна да ми паѓаат по куќата,насекаде ги имаше,па морав да се ишишам на кратко за да косата малку ми се одмори и ревитализира!
Секогаш кога излегувам ја носам пуштена,нешто плетенче мало отстрана ќе направам или нешто такво,собрана во опавче само за дома.
Кога како порано ретко ја носев пуштена секогаш ми беше во опавче а сега како ќе ми дојде но сепак преовладува опавчето
Преовладува коњското опавче... Пуштена ја носам само за излегување а и тогаш не можам да ја истрпам косата и одвај чекам да си одам па да си ја фатам... А ич не чини како испадната да ми е кај челото од затегнато што е репчето...
Ја носам во коњско опавче ниско фрзано,како што имам големи уши па и долга коса оваа фризура најмногу ми одговара.
Врзана или пуштена коса? Поголемиот дел од денот косата ја носам врзана бидејќи ми е долга и многу густа. Поради тоа и ја носам врзано. Многу од другарките што ми се ја носат пуштена и понекогаш ме задеваат поради тоа што ја носам врзана. Ама што да правам кога не сум навикната на пуштена. Што да правам? :/
девојки имам малку клапести уши а сакам да ја носам косата во репче ама да не биде ептен ниско...како да ја врзувам а да ги прикријам ушите?