Може да носиш некој додаток, на пример како на сликата и да го ставиш над ушите (на врвот на ушната школка) не позади .
99% сум со пуштена коса, многу ретко ми е собрана, а и кога ја носам собрана не ја носам во опавче туку ми е собрана горе како пунџиче. Сметам дека на тој начин кога веќе ја носам собрана подобро ми стои.
Еден ден ми е испеглана и пуштена, утредента врзана во коњско опавче. И поубаво ми е кога ми е врзана.
Некогаш ја носам пуштена,а некогаш ми е врзана во коњско опавче. Се зависи од пригодата,а во повеќе случаи од времето.Во жешките денови врзана,а зимно време пуштена.
Цело основно и средно ја носев косата во коњско опавче и фризерката ми рече да се научам пуштена да ја носам зошто може да ми се истенчи косата. Сега ако си ја фатам косата многу ме боли главата, па претежно ми е пуштена.