1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коњско опавче или пуштена коса?

Дискусија во 'Коса' започната од easyyyyy, 15 февруари 2011.

  1. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Кога мојава коса ќе има лош ден или ПМС ја дрма си знае да е ненормално дива и разлетана на сите страни па понекогаш и до комшии да појде мора да ја фатам во опавче или пунџа ако не сакам мали деца по улица да плашам.
    Преферирам да ми е пуштена особено во зимава - ме топли и можам капа да и ставам амааа ете до расположението на нејзиното височество е.
     
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Може многу да се експериментира со опавче.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]


    Вака на страна многу ми се допаѓа. Идеално за тие што имате таласеста и долга коса. Може да изгледа кежуал, а може да изгледа и гламурозно.
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Tashaa и rossonerka им се допаѓа ова.
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ја носам во опавче најчесто дента пред да ја мијам, зашто пуштена не ја бива. И тоа ја врзувам високо на главата. Додуша не ми стои баш мене косата во опавче затоа што ми е долга до рамена, виткана и степенаста, па кога ќе ја врзам може да се случи од едната страна да е покусо опавчето (не ми е симетрично).... ама си ја врзувам. Порано многу често и во пунџи ја врзував, ама сега не толку.
    А во последно време кога ја врзувам имам навика не да ја врзувам на средина од главата, туку малку настрана (на десната страна) и врз стегачето врзувам панделка.
     
  4. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Хахаха дечки што сум лупнала јас бре, на комплекс сум мислела хахаха рефлексииииииии ќе си се лепнам сама у смешни мислења. :D :D :D Дури и рефлексно сум пишувала хах

    Редактирам и си самоцитирам да се поправам

    Си имам набиено комплекс, мада и рефлекси имам многу па ми реагират беспотребно да се глупирам само :D
     
    На Alanna и angel92 им се допаѓа ова.
  5. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    До пред некое време имав кратка коса, не баш кратка до раменици онака однапред подолго позади пократко, но пред некое време ја израмнив и ја пуштив и сега ми е поприлично долгичка. ;)

    Сега кога имам повеќе можности си играм со косата, некогаш пуштена почесто врзана бидејки ми ее премногу густа и многу време губам пеглајки ја. :| А и башка ми е многу изгорена па избегнувам да ја пеглам и опавчето е совршено решение ;)
     
  6. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Најмногу сакам да носам коњско опавче! Во школо, по град, по дома, абе секаде! :D
    Кога сум in the mood ќе ја испеглам или ќе ја навиткам косата и пуштена ќе ја носам, но тоа повеќе е за време на викендите :)
     
  7. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.259
    Зависи од денот :)
    На лето сум цело време,со фатена затоа што нема смисла да ја пеглам кога пак ќе се извитка од топлото. А на зима ја носам пуштена (пеглана), но се случува да ја соберам во високо репче. Двата стилови ми се допаѓаат, но пуштената сепак ми годи повеќе :hai:
     
  8. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Кога не ме мрзи да ја пеглам ја носам пуштена, но за на факс, кафе, гости кај другарка сум со коњско опавче или пак кокче. Така ми е најлесно да ја средам косата, а и убаво ми стои :$ . Сепак, се зависи од формата на лицето и должината на косата. Секој треба да ја носи така како што најубаво ќе му стои.в :* :emo:
     
  9. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    По навика косата ми е цело време во репче или во пунџа и обавезно венче на глава.
    Ова ми е до некаде лоша навика бидејќи по 200 пати на ден го вадам стегачот за да си ја фатам од почеток косата (кога ќе почувствувам дека се олабавила). Па поради тоа косата брзо се мрси и морам да ја мијам секој втор ден а општо познато е дека колку почесто се мие, толку почесто се мрси. Добро во итни случаеви (Кога брзам некаде) знам да си ги измијам само шишките :D
    Кога излегувам надвор ми е најчесто пуштена со венче на глава, венче морам да ставам бидејќи шишките ми се ни ваму ни таму ниту долги ниту кратки.
    Летно време ми е 24/7 косата фатена во репче и по дома и надвор.
     
  10. Squirrels

    Squirrels Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    23
    Најчесто ми е во репче,не дека имам долга коса ама ме нервира пуштена,особено на училиште...е сега за излегување ја пеглам,ама и таму ме нервира додека играм.. :)
     
  11. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Јас сум за пуштена коса. Скоро секогаш ја носам пуштена, ама не заради комплекси. Така ми е поубаво. И коњско опавче ми стои, посебно кога носам шишки, ама често знае да ме боли главата кога ја фаќам во опавче. Затоа ретко ја носам така.
     
    На Niniii4 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Бушава ми е и тешко се смирува (освен со пеглање). Затоа фаќањето во репче ми е секогаш решение. Ја врзувам на страна, на средина, комбинирано со плетенка ...
     
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    38.209
    Пол:
    Женски
    Јас често си ја носам соберена,ме нервира кога ми се мавта на сите страни пошто ми е долга и најчесто ја врзувам високо горе и на матурската планирам така да ја носам...еве мене како ми се допаѓа
     

    Прикачени фајлови:

  14. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    5.916
    Па зависи , кога како ... кога ми е пеглана никогаш не ја врзувам , ја носам пуштена , а кога немам време да ја пеглам едноставно ја собирам во опавче и мирна ми е главата :) и јас имам прилично долга коса но опавчињата не ми се омилени :) поекогаш и за викенд ја носам во опавче искомбинирана со некои позабележливи и подолги обетки :)
     

    Прикачени фајлови:

  15. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Па почесто ја носам врзана,зашто ми е долга и ми смета,но некогаш и пуштена ја носам за некоја пригода и така :)
     
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Моментално и токму денес, баш вака ја носам. Бушаво фатена во вакво репче, малку натапирана со лак заради шишките, не толку свежо измиена (имам прилично сува коса па ја мијам на секој 3 ден) а сепак свежо и пристојно за на работа.
    Едноставно многу сакам да ја носам косата во репче или во бушава пунџа. Знам дека не е здраво да се носи вака постојано, па затоа ако ми е преку ден во репче - дома кога ќе си дојдам, ставам венче и ја пуштам, но во глобала навистина фризурава ми е наједноставна а и најубава поготово ако носам некои впечатливи обетки кои сакам да ги истакнам :)
    За среќа имам долга коса, па можам да си дозволам експериментирање на тема - коњско опавче.

    Инаку во зима мразам да ја носам пуштена косата. Кај е виткана, кај е бушава, на моменти ни виткана не е заради студениот воздух, па е шашаво прекршена, ако ја испеглам пак се електризира многу лесно бидејќи е сува. Море ставај во реп и мирна глава! :)
     
    На frutini, rossonerka и girl1985 им се допаѓа ова.
  17. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Уууу јас обожавам долги коси и зато си имам мерак да си ја носам пуштенаааааа. :angel:
    А и не знам , поубави ми се жените со пуштени коси. :angel:
    Имам виткана коса и грев ми е одма кога ќе ја измијам да ја фатам во репче па да ја уништам.
    Ма пуштена, нека се вее. :lol:
    Ја мијам на 3 дена, па последниот ден правам плетенка или настрана или обична одназад, зошто не ми е тогаш за пуштена да ја носам.
    Поретко ја фаќам во коњско опавче.
     
  18. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    почесто фатена ми е косата веќе многу време си ја носам така а знам понекогаш да ја испеглам и да ја оставам пуштена ама така побрзо ми се мрси и затоа пак ке ја соберам
     
  19. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    Секогаш ја носам пуштена или шишките со машничка фатени... ама многу сакам да ја носам во реп, ама немам храброст бидејки имам така полни образи и мислам дека не ми стои :( :( ... што мислите вие??
     
  20. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Јас ја носев врзана косата кога ми беше мрсна ама и подолга, инаку ја носев се пуштена....сега кога ја скратив, ептен кога ми се измрси а немамм време да ја измијам ја собирам со шноличка инаку не :lol: