Ноормално.. и јас и двете.. и зависи од тоа дали сум решила да ја испеглам косата или да не ја горам толку често.. но некогаш знае побрзо да ми се измрси (зависи од времето) па да ја фатам
Пуштена, освен во оние случаеви кога немам време за да ја измијам. Тогаш практикувам коњско опавче, или пак пунџичка, зависи од косата дали претходно сум ја извиткала или испеглала. Сепак, ако претходно ми е испеглана, практикувам повеќе коњско опавче, ми изгледа многу посредено, а кога ми е извиткана практикувам баш онакво балеринско пунџиче, го обожавам. Како и да е, во 80% од случаевите носам пуштена коса, со патец на средина, преубаво стои.
и двете ама бидејки јас имам виткана коса па така почесто ја носам пуштена сметам дека на права коса поубаво и стои коњско опавче.
Најчесто ми е вака: Само без шишки, со штипка од позади.. Скоро никогаш немам опавче, само вака: Ќе ја испреплетам од позади, со два стегачи.. И секогаш гледам да не ми биде у раздељак те љубим: Кога ја пеглам ваква ми е: Само подолга и мноогу по густа, и баш со вакви 2 шнолички.
Јас косата ја мијам на 3 дена. Кога ми е убава и не мрсна ја носам пуштена. Третиот ден кога малце ќе ми се замрси ја врзувам во репче (коњско опавче) и ставам црна трака, зашто ушите многу си ги мразам. Најчесто ми е високо врзана и пуштено репчето да виси, а понекогаш и пунџа си правам, така со некои разлетани праменчиња интересно делува. Во последно време почнав и без трака да ја носам за до кај другарка на кафе, ама сепак имам комплекс и си мислам ко секој да приметува дека едното уво ми е поклемпаво од другото. Инаку поубаво ми е кога ми е пуштена, затоа што ме стега многу репот и глава ме боли од него. По дома пуштена ја носам, без разлика дали ми е мрсна.
Мечтаам по опавче, но сега за сега немам услови за истото. На мојата глава гордо стои боб фризура која секогаш е пуштена (добро, скоро секогаш). По дома знам да ја врзам во некое смешно репче. Во последно време хит ми е да ја виткам косата
Пуштена, и сметам дека повеќето девојки се поубави со пуштена коса, дури и убаво да им стои собрана. Коњско репче само колку за промена
Само првиот ден кога ќе ја измијам ја носам пуштена,после тоа се во репче.Имам многу долга коса па малку ме нервира кога е пуштена зашто ми влага во врат,под мишки,ми закачува на копчиња од блузи и т.н. А да ја скратам драстично-никако! Така собрана во висок реп многу ми се допаѓа,ми го издолжува лицето,малце го затега и убаво средено ми делува
Опавче, ако претходниот ден сум ја исправила косата, сметам дека така изгледа поубаво. А и мора малку поопуштена да е, да не се нагласуваат ушите. -.-
Косата постојано ја носам соберена(но на повеќе начини) моментално сега и летото во тренд ќе ми биде пунџата...кањското опавче сако кога немам време.. набрзина...а пуштена не сум навикната и саклет ме фаќа(топло ми е )
Почесто ја носам собрана во репче посебно кога е влажно зошто ке ми се прекрши косата од влагата, а кога ја носам пуштена обавезно ја пеглам зошто некако бушава ми е и не си ја сакам таква