Секогаш сум со пуштена коса,само кога сум дома ми е соберена и тоа кога ми е жешко...Што знам некако мислам дека коњското опавче не ми стои добро,имам брановидна коса и некако е многу издуено..
Многу сакам коњско опавче тала високо на главата, ама за моја несреќа имам високо чело и не ми стои така. Па секогаш ја носам пуштена со испеглани шишки или некогаш може и внатрешна плетенка.
Многу сакам коњско опавче тала високо на главата, ама за моја несреќа имам високо чело и не ми стои така. Па секогаш ја носам пуштена со испеглани шишки или некогаш може и внатрешна плетенка.
мене вака некогаш ориродно ми се витка опавчето повеќе време јас ја чувам фатена во опавче,затоа што е многу густа
Најчесто пуштена, а коњско опавче скоро и никогаш не врзувам. Кога ептен ми е топло или ми пречи косата ја врзувам во пунџичка горе или долу на главата, а од коњското опавче ем ми паѓа претерано косата ем ме боли главата...
Па повеќе ми е пуштена косата, но во топлото време си ја факам во коњско опавче. Па некогаш си ја правам и за излегување .
Јас за излегување секогаш со пуштена коса одам,а низ дома скоро секогаш ја фаќам косата во коњско опавче.
Најчесто пуштена ми седи, ретко кога ја фаќам. Чудно, ама има денови кога се свиѓам со коњско опавче и денови кога не се свиѓам. Денеска сум океј, фатена ми е.
Повеќе сакам пуштена коса, али на овие високи температури коњско опавче. Ужасно ме нервира кога од жештината (испотена) почнува да ми се лепи косата по вратот, рамењата
Јас пуштена ја носам само кога не ми е мрсна, а повеќе ми е мрсна Инаку се свиѓам и така и така, но повеќето велат дека подобро ми стои коњско опавче бидејќи имам многу долга и права коса и опавчето е подолго.
Пуштена посекси се осеќам, да ја извиткам скрос или да ја испеглам, а коа ми е фатена во репче дама права ххх
Јас повеќе си се сакам со пуштена коса иако другите ми велат дека и фатена кога ми е ми стои ептен добро... е сега, зависи од денот како ќе ја носам... сепак, преферирам пуштена коса...
Повеќе сакам да ја носам пуштена, но повеќе луѓе ми имаат речено дека поубаво ми стои во коњско опавче (општо собрана) бидејќи лицето ми е мало, и пуштена коса ми го покрива. Така да, си ја носам секако
повеќе сакам да ја носам пуштена косата но сега поради топлово време почесто ја носам собрана во реп а често и во плетенка онака разбушавена.
Јас почесто ја носам собрана косата, во репче, плетенка, кокче, фатена со шнола, стуткана во разбушавена пунџичка, бидејќи имам долга коса и ми смета ако ја носам нон-стоп пуштена, па ми се зафаќа во прерамките од чантите, во патентите, се плетка и ми се оштетува, а сега и на горештиниве уште пожешко ми е ако ми е пуштена. Затоа ја носам собрана. Ја носам и пуштена, најчесто за излегување навечер или кога сум дома за да се „одмори“ малку, но има и периоди кога воопшто не ја собирам, пак поради тоа. Инаку, ми се допаѓа како изгледам и со собрана и со пуштена коса.
Па повеќе пуштена. Ја врзувам само кога ми е мрсна косата а ретко ја оставам мрсна или пак кога е многy жешко.
Уште од мала имав набиено некој комплекс дека имам клемпави уши, па косата секогаш ми беше пуштена. Ретко кој ме видел со собрана коса. Летово некако се осудив да ја соберам, но во пунџа. Никој не ме гледаше накриво, па си продолжив да ја собирам косата. Сите велат дека сум поинаква личност со собрана коса. Многу брзо се трансформирам и многумина не ме препознаа . Сега не можам да се замислам да излезам некаде преку ден по овие горештини со пуштена коса . Сега за сега, практикувам собрана коса.
Ретко ја врзувам. Повеќе ја сакам пуштена - нек се веје слободно. Инаку знам да изненадам некогаш и да ја фатам во високо опавче, пунџа и да се трансформирам од ordinary girl во lady. ^^ rubbish.