Па пуштена повише обожавам да носам ама на ова време и не практикувам баш..многу е топло бе! Обично ми е високо врзана во коњска "опашка" или по мое репче и пунџата да не ја заборавам омилена ми е
Постојано ја носам косата фатена бидеќи ми е до раменици и ми се прекршува па не сакам да ја пеглам постојано и затоа повеќе ја носам фатена во пунџа или коњско опавче
никогаш ама баш никогаш не ја носам собрана, мн мразам собрана коса не гледам ништо женствено во неа еве дури и на плус 40 степени мене ми е пуштена косата
ЕЕЕ кога би можела самоо да носам коњско опавче Јас цел живот сум со пуштена коса,поради моите проклети клемпави уши,а посебно сега во летниот период ми е многу тешко,затоа кога сум дома ја носам во пунџа или во кољнско опавче а преубаво ми е кога ќе видам некоја девојка фатена во косата во опавче средена,а и многу се привлечни според мене
Пуштена додека не ми стане мрсна, а кога веке не се може пуштена, високо коњско опавче му е мајката. Избегавам да ја мијам често затоа обавезно ја оставам мрсна барем еден ден.
Зависи од расположение и од тоа колку време имам на располагање. Ако немам многу време, ја фаќам во репче со некој убав стегач со цвет, машничка или слично. А ако имам повеќе време да се спремам, и правам цел ритуал - ја мијам, ја сушам, ја фенирам, ја пеглам... Сега во последно време повеќе сум расположена да ја носам пуштена
Многу ретко ја носам собрана, од причина што после ме боли главата, или па ако ја соберам мора да е лабава. Пуштена ми е цело време, не ја пеглам само ја фенирам.
Во зима повеќе ја носам пуштена, а во лето скоро секогаш ми е врзана во опавче. Мислам дека подобро изгледам врзана, така ми велат сите
И јас ко помала абе за жива глава не ја пуштав косата . Цело време ми беше врзана. Е кога ја пуштив, абе колку и да било топло не ја врзував . Се чудам сега и на самата себе каква бев. Е сега почнав почесто да ја врзувам ради праксата. Таму неможам да одам со пуштена коса, па ја врзувам во коњско опавче високо. Или понекогаш кога немам време ја врзувам во несредена пунџа А кога имам време, се спремам ја правам, ја оправам и ја носам пуштена. Ми стои и врзана и пуштена. Патец на страна. Во скоро не сум проверила како ќе ми стои на средина, но знам дека пред некое време бев жива смешка .
Дефинитвно поубаво ми стои пуштена, зимно време нон-стоп ми е пуштена, ама летно време понекогаш, не се издржува колку е жешко, и да сакаш неможеш да ја пуштиш.
Сега почесто косата ја носам пуштена бидејки ми е пократка, и немам тежина на главата Инаку имав долга, скроз права коса која ја носев и собрана и пуштена но со пуштена ми беше потешко бидејки ми беше (не многу густа) но долга, и често ми се кечаеше на краевите и неможев да ја откачам
До втора средно никогаш не ја пуштив, секогаш ми беше собрана, освен за коњско опавче друго незнаев Е од тогаш пак ја немам собрано, еве веќе 8години само преку лето можеби и кога работам ја собирам со шнола.