И двете. Се сакам во двете комбинации, освен ако косата по некоја случајност ми е заплескана - ја врзувам во репче.
И двете Сега повеќе ја носам пуштена, затоа што ми е пократка, а кога ми беше долга скоро секогаш бев во опавче
И јас сум за двете, но кога ми е фатена во коњско репче тоа мора да е пеглано бидејки онака ептен ми е бушаво
Во 90% од времето косата ми е врзана во опавче. И кога сум на работа и кога сум дома не можам да функционирам нормално ако нешто нон стоп ми се плетка пред очи. Косата ја пуштам само за ``свечени``моменти , за излегување или кога си идам од фризер.
Како ми се сака така . Како ќе ми текне, и како се чувствувам во моментот, иако да бидам искрена, клучна улога игра моменталната состојба на косата. Сакам кога ми пуштена поубаво се чуствувам, но за да ја носам пуштена морам да ја испеглам, а не сакам често да ја пеглам, па затоа почесто си ја носам фатена, некогаш пунџичка, некогаш репче, некогаш плетенка. Се зависи од тоа колку време имам на располагање.
Коњско опавче или пунѓа хехехе а пуштена ми е само додека се суши... изгледа мојте кога ме воспитувале заборавиле дека треба понекогаш да имам и пуштена коса а сега веќе навикнав за да не ми пречи е постојано фатена ...хихих
Порано кога имав шишки неможев да се замислам со врзана коса ич не ми стоеше ..а сеа веќе кога ми се пораснати носам кога ќе ми текне зависи и од времето ако дува многу ја врзувам оти долга ми е и ми лета на сите страни иако ушите ми мрзнат исто ја врзувам и кога ми е мрсна
Мешано. Не е убаво нон-стоп косата да ви биде врзана, па затоа повремено ја пуштам. Зависно од ситуацијата.
Повеќе ја носам пуштена ама ако ми е мрсна косата а сум во брзање ја собирам Сепак многу ми се свиѓа коњско опавче врзано горе
Пола-пола. И така и така ја носам, зависно како сакам Вчера баш ја носев фатена во долго репче, и мислам дека така поубаво ми стои, него ли пуштена, барем така ми имаат речено Пуштена ја носам повеќе кога ми е пеглана, затоа што имам многу виткана и густа коса, па морам цел ден да се справувам со неа ако не ми е пеглана, а ми е пуштена. Кога ќе ја испеглам и ќе ја фатам во т.н коњско репче, и' ставам и силиконски капки (ги имам на АВОН тие зелените), за да ми смали електрицитет на косата и евентуално да ја смирам да не ми биде разлетана. Кога ми е пуштена а не ми е пеглана, најчесто ја носам на страна и и' ставам цветче некои во неа, и завршена работа Еве сега добив идеја денеска да ја носам пуштена, виткана со цвет во неа