Јас сум размислувала да пробам да украдам нешто од продавници ама не сум го направила немам храброст за тоа за жал...
јас сум размислувал да ја украдам Елена комшика ми на некој ден ама цело време е со маж и ..... немам храброст за тоа
Јас попрво би умрела отколку да крадам, без разлика дали од личен или општествен имот. Моите кога бев мала ме учеа дека глад се трпи ама срам не. Не е страшно да побараш и да кажеш немам, страшно е да се фалиш дека имаш а да крадеш. До сега ниту сум крадела, ниту сум сакала некој да ми даде милостиња. Да, сум работела се и сешто и секој денар поштено сум го одработела. Секоја работа што можете да ја замислите е почиста и помалку срамота отколку да украдеш нешто, за мене не постои поголемо дно од лоповлукот.
Откако ми собраа една многу драга ситница, веројатно мислејќи оти ситница дека нема да ми значи и да забележам, со која ме врзуваат посебни спомени, а сигурно никого не збогатила и не му помогнала за што било, кој и да ја земал, почнав посебен вид на револт да гаам према вакви луѓе. Колку ми значеше тоа нешто говори и тоа што го памтам и по 15 години. И што е најинтересно, си има во светов луѓе како зависни од тоа, ќе отидат негде, ќе соберат нешто, не дека им треба, од навика и не гледаат на тоа како на проблем. Врие од клептомани кои не ни помислуваат дека треба да се лечат, пошто токму така, болест е.
лошо е да те фатат и не е убаво лош фпечаток оставаш.не чини крадењет. Ама ако не те откријат и ако не му било многу важно на другиот и имал доволно пари добро ида пари. Пари и нешто така добро идат
Од вакви како тебе си патев , во прва година средно ми го украдоа телефонот додека бев во салата натпревар имавме ракомет , душата ми плачеше по телефонот не дека немав пари да купам имав, ама од вакви како тебе зошто да крадат да земаат, ви се лепат рацете , таа работа не носи ништо убаво во животот. Ем ке те фатат ,ке го кркаш чотекот ем страм невиден. Бараj си совет од психолог разговор добар, ке се искажиш дали е поради нешто што си немал како мал и затоа си почнал по тие работи..
Sega za sega vozdrzhuvaj se i ostani na toa. Obavezno zapishi fakultet posle sredno. Ne mora mnogu da uchish, samo zavrshi go i vo megjuvreme baraj nachin da vlezesh vo politika. Kje ti se ostvarat site snishta.
Јас еден ден бев во Сончев Брег. И ми се пушти една арапка и ме носи позади у џбунови и ми се соблака цела гола и со прегратка кон мене ми вика: Земи се од мене. Земи ми ја невиноста. И јас и ги земав (украдов) гаќичките и избегав. И тоа не беше "крадење". Позајмив само. Па после и ги оставив на улица во СБ за да си ги најде.
Не можам да дадам совет на дечкото зошто познавам луѓе у моја околина што го прават истото(или поубаво да речам луѓе од Македонската околина) Ама сакам да кажам пример кој е казнет и се слушува скоро секој ден тука во америка. Работам во бутик за брендирана облека. Доаѓа девојка и ми подава МК кошула ја земам и гледам бројот на тикетата не е иста со бројот на кошулата, арно ама ние имаме систем каде можеме да ги видиме производите на слика и да видиме како изгледаат, таа кошула не беше ни слична со таа што ми ја подаде она. и кажав и и објаснив не сакаше да прифати и ја сакаше цената на таа што е ефтина. Целиот тим проба да и објасни се караше со нас па моравме да викнеме менаџер и loss prevention team да и наплатат за кошулата.женскава почна да се тепа со нив им фрлаше пари во лице и се шо најде до рака им фрли... my point is пробала да ги смени тикетите за да ја земе кошулата за 13$ наместо 69$ овдека тоа е крадење исто. Ситуацијата заврши со исфрлање на девојката од бутикот. У Македонија нема правила и нема закони затоа покрај сувото гори и суровото.
И ти од кај знаеш другиот колку имал и дали му требале? Може требало да му ги позајми на некој. Вака чим размислуваш се гледа дека не си само алчен, туку и рамнодушен и без чуство на вина и совест. Уште не си бил луд за на психолог . Море оди барај си го чарето кај психолог/психијатар, октолку тука по форуми совети да бараш. И искрено друг совет не можам да ти дадам со оглед на тоа што не гледам од твоја перспектива, не знам што имаш во себе, па крадеш и се правиш фраер.
A znajs deka ubo prajs? Ijas se mislam da pocnam da kradam. Ej ubo mi tekna. Znajs kolku e naporno da rabotis I da zarabotuvas? Neznajs. Pa sega I bez rabota sum. Taman! Napred kolega
Како дете имам украдено кикирики од пазар, ме влечешее татко ми за рака , му се брзаше а го премолив и видов- не видов , џебот полн ! Скоро им кажав ми се изнасмеаа дете глупо Иначе крадењето е сериозна болест , имам искуство со роднина мн блиска , ни крена злато од веридба на моите(не е клептоман) , па малце и беше и кај брат и продолжи. Се што е украдено е проклетија, исто како и матни бизнис зделки и сл. Може во моментот имаат , ама поколенија после нив глава не креваат. Знам мн такви примери.
Клептоманија е неодложна желба за присвојување на некој предмет, пропратена со интензивна анксиозност која се намалува по неговото присвојување. Најчесто е симптом на опсесивно-компулзивна невроза. Значи клептоманијата е болест затоа дефинитивно ти треба помош, ако сето ова е вистина што го напиша.
Е ок биди си клептоман и оди си зад решетки. Тамо е супер, посебно храната е одлична. пс поздрави ги бубашвабите од мене.