Не бaрa сoвет. Се фaли и хрaни егo. Мaшките нa негoвa вoзрaст oбичнo се нестaбилни и несигурни, пa мoрa тoa некaкo дa гo прикријaт сo тoa штo ќе се "пoкaжaт" пред другите кoлку се тие силни и пaметни. Е, сегa нa негo не му е дoвoлнo тoa штo се тепa вo шкoлo и удирa девoјчињa без дoбрa причинa, пa мoрa и тукa дa пише зa тoa и дa негирa декa му е пoтребен психoлoг. Дoстa "фрaери" кaкo негo пoзнaвaм зaштo сум приближнo тaa вoзрaст...
Апсаана сургун, гемиџиски ортоми да правиш. А има и една многу ефективна handsfree технологија, од исток - лечи од крадење одма.
доволно кажавте глупости посебно некои членови. Што и да правам е моја работа ако сакам ќе крадам ако несакам нема да крадам битно ако ме фатат ќе се обрукам ако не супер
Чекај малце,ти ја отвори темава за,да те потапшаме за рамо и да ти кажеме:Браво продужи даље?Со која,цел ја отвори?Очекуваше да,те поддржи некој?Или дојде совет да побараш?Ти рекоа да побараш совет од лекар,ти ни викаш:Не сум луд.Скраја,да е никој нема,да,те нарече таков бидејќи не си.Ако отидеш ќе те посоветува како да,намалиш или пак да,престанеш со крадењето.Ако си на почеток престани дур не си станал зависен.Најдобронамерно го пишав постов.Се надевам нема да ме сфатиш грешно.
Барам совет. Не знам како да постапам со една личност за која мислам дека ме краде. Блиска роднина на мм. Куќа до куќа сме, добро е позната по крадење измеѓу нас во фамилијава. Пред извесно време ми имаше земено од торбица пари, тоа не беа мои туку на ќерка ми, бев сигурна дека е таа, зошто бевме многу блиски летото и ми бараше влажни марамчиња кои беа во бебешката торбица а тие беа во друга соба па и реков земи а јас ја заспивав малата. Мене сеуште никој не ми имаше кажано дека ја пушта раката каде ќе стигне. Сега скоро пред нецела недела пак дојде дома (секој 2-3 ден доаѓа) без разлика дали сум и рекла дома сум дојди или не можам имам работа, ја зеде ќерка ми во скут демек да и пуштела цртани, јас не им обрнав внимание бев зафатена ручек правев, и ми вика "детево е без една обетка" Јас сум сигурна дека обетката ја имаше на неа сабајлето и ги проверив, во моментот кога ми кажа ќерка ми беше црвена на ушенцето. Тие обетки беа лабави и лесно се отпуштаа. Ако ја имаше тргнато самата тука ќе беше некаде дома, цела куќа ја превртив обетката не излезе. Се сомневам на неа. Од тој ден не ме ни праша дали сме ја нашле, само ми рече ако де за една таа што ти остана можеш да ја замениш со други две поефтини. Денес, пред нецел час ми пиша, јас се направив дека не сум го видела телефонот, па ми дојде пак непоканета, отидов да направам кафе, си реков во меѓувреме ќе го пуштам свекор ми да не е сама, од страв да не ровари по собава. Тој се понуди ќе го направел кафето и ќе го донесел горе. Ииии се случи тоа што очекував, отидов полека и слушнав штракање и роварење по фиоки, фиоките ни се со шини и јасно и гласно се слуша кога се отвараат-затвараат. Таман си реков ја фатив на дело, ќе и ги удрам клоците, се издадов со тресок на вратата, па кога влегов таа се правеше демек играат со ќерка ми. Не знам како да постапам, што да направам за да ја фатам на дело кај што ровари или зема нешто. Барам совет за случајов, од свој човек да се плашиш да ти влезе дома
Како што си пробала денес, намести ја остави ја сама во соба а гледај ја од страна, моментот кога ќе почне да чепка по работите и да пребарува влези и покажи и каде и е местото. Фати ја на дело и еднаш засекогаш да се откачиш од неа, какви се луѓе има еј!
Снимката не може да послужи како доказ бидејќи не е прибавена по законски пат. Истата може да и послужи колку да и докаже дека знае што прави и да ја откачи.
Абе ајде.... А законски е дома да ми краде. А како ќе и се верува на таа што ќе каже "ми дое дома да ми краде". Тоа така можеме сите, бледо да кажеме. Нема доказ она сега, а ова со камерава е добра идеа нека си проба, не губи ништо.
Едитирав женска, може да и послужи колку да ја разоткрие и откачи, а во постапка пред институции нема да ја земат во обзир како доказ. За жал така е според закон.
Поефтино ќе ме фати да оставам 200 денари некаде каде што знам дека ќе побара него камера да ставам Шала на страна, многу ми е криво што денес се "извади" и јас што се издадов со тропање на вратата.
Спомни и уз муабет дека си добила некоја сума на пари, и си ги ставила на одредено место, кажи и го местото. Потоа демек испадни, и слушај пред врата, слободно упадни и кога ќе мислиш дека чепка. Можеш и нишан да си ставиш, пример некој предмет што би го преместила кога би барала. Инаку добра идеја е и да и ставиш ливче на тоа место каде што ќе пишува, знам што правиш кучко или така нешто. Оваа го спомна една членка, што свекрва и чепкала по долната облека.
Значи јас ако снимам дома, незаконско снимам. Абе ок, не се палете веднаш. Само дадов предлог, не реков да оди да го направи тоа. Денес сите имаат камери низ дома секој снима. Кога ја снимаа дадилката за тепањето на детето никој не изнесе таков став и никој не доби кривична.