Кратки панталони со висок струк Елегантни и софистицирани, панталоните со висок струк ќе бидат супер модерни. Нема да направите грешка ако веднаш си купите ваков тип панталони затоа што ќе се задржат како тренд и наредната сезона. Можете да ги комбинирате со сатенска или свилена кошула за поженствен и посериозен изглед. Кратките панталони оваа сезона ќе имаат висок струк и ќе бидат неверојатно удобни. Најмодерни се панталоните од лесни и тенки материјали. Дали имате вие кратки панталони со висок струк? Што мислите за истите? Дали ви се допаѓаат?! Можете да ставите и слики!
Обожавам вакви, штосни, интересни, пред се - сезонски. За удобност неможеш баш да кажеш. Имам слични како на сликичката, па ако се здебелиш малку, кога седиш - притиска, но сепак зависи од моделот. Моите имаат копченца што се закопчуваат, не како украс. Веќе имам 4 пара, со се се комбинираат. Дорбо, не баш со се. Кошулки бели, црни, некои со принт, со шари, со маички - рамбовки. Исто така добро стојат на хулахопки со шари.
http://weheartit.com/entry/29368294 http://weheartit.com/entry/29354046 http://weheartit.com/entry/29331166 http://weheartit.com/entry/29239730
Кратки панталони со висок струк Ги обожавам кратките панталони со висок струк. Омилени ми се,а поготово во некоја боја јака. Сега брзо си купив едни праска боја.