Здраво, одамна е мислењето ама ако видиш, пиши ми. Дали тоа што ти било како заглавено, провери од што ти било? Или некој друг да не имал слично искуство?
Со истото и јас се мачев. 9 месеци ако не и повеќе ме болеше грлото константно. И имав чувство дека кога голтам ми се превртува нешто долу во грлото или како да имам топче. И ме болеше. Бев на државно, бев кај др. Шапеска (мислам од охрид си затоа ти ја кажувам) . Сменав матична,па бев во систина. Правев брис можеби секој месец. Првично ми излезе стрептокок па потоа беа чисти,па пак стрептокок. Антибиотици еден куп се изнапив прво оспен па по еден месец пак оспен, па по два месеци амоциклав... добив и кандида на јазикот од антибиотиците и стрес бидејќи бев убедена дека имам нешто страшно... грлото не ми поминуваше.. она во што сите доктори се сложуваа беше дека клиничката слика ми е добра. Дека немам температура, крвната слика ми е добра,црп добро, и дека дефинитивно крајниците ми се за ваѓање ама да почекам да се смири коронава. Јас сфатив дека таа грутката беше од психичка база. Дефинитивно барем кај мене. Од стрес. Баш зборував со доктор исто дека и него му се има случено . А грлото ми помина од кога забременав и кај 6тиот месец ми се појави бактерија во мокрачата па пиев сумамед,и од него ми се исчисти. Значи по мое сепак бил стрептокок некаде подлабоко скриен .
Здраво девојки, ве молам за искуство. Се работи за дете 4 години. Од како тргна в градинка постојано е болно и пред два месеци почна да грчи премногу во спиење, но и преку ден се слуша некое чудно грчење во носето и гласно дишење. Бевме на орл и ни кажаа дека има зголемен трет крајник 80%. Препишаа сируп за алергија и спреј синомарин. По два дена од орл прегледот детето се фати бронхит и пиеше Трицеф и венски прими урбазон. Тој период мислам дека малце се среди грчењето. Но, пред две недели пак се појави и во спиење и преку ден. Бевме Битола на преглед (меѓутоа само физички го виде детето како изгледа) без камери и детални испитувања и ни препишаа кортико спреј. Многу се плашам, некогаш во спиење како да го вовлекува градниот/стомачниот дел при дишењето. Ве молам споделете искуства... Како сте го излекувале третиот крајник. Искрено јас би сакала да се оперира, но сепак доктор треба да го каже тоа..
Јас имам оперирано трет крајник како мала, 7 8 години имав. Лесно поминав, мислам дека беше летен период, сладоледи јадев. Можеби зимски период е подобро. Не е страшна, рутинска процедура е, и мислам по 3 години возраст се прави. Што ви рекоа друго?
Фала ти на одговор. Барем знам дека не сум била единствена. Јас имам чувство на нешто како залепено, како лушпа од пуканка, ама и крајникот десен ми е зголемен и тука ми е осетот таков. Немам болка, само непријатно чувство кога подголтнувам. А кога јадам, си велам ете готово го снема, и кога ќе завршам, пак се враќа. Што ми текна вака да се задумам, се нервирам, ми доаѓа грлово да го раскинам. Брис за стрептокок каде земаат? На матичен сигурно не. И дали имаше ти кашлица, исфрлаше секрет, шлајм? Јас немам обично кашлица, ама ми се собира шлајм.
Кашлица ретко, а шлајм сеуште ми се слива од носот во грлото. Не се сеќавам дека воопшто ми секна.. ако за тоа најдеш лек извести ме плс.
Бев на лекар. Ми даде спреј морска вода, ринокко, хисера капсули. Прскам и про анги. И малку ми е подобро при голтање, немам толку притисок. Ама и исфрлам повеќе шлајм, се трудам сѐ да исфрлам што седело внатре
Често ми се воспалуваат крајници ,свеста ми се врти ми се гади крв плукам од уста и лоша миризба имам од устата.пијам тајлохот , парацетамол и силно се препотувам.Имам испитувано крајници но докторите викаат не се за вадење и немам ништо лошо со трет крајник
Otorinolaringolog najubavo poseti si ako nema podobruvanje na sostojbata,pozdravche i pobrzo zakrepnuvanje
Какви доктори ти рекле дека не се за вадење, општ лекар? Според нив никогаш не се за вадење, а да одиш на орл друго ќе ти кажат. Ова баш и не е нормално што го опиша, јас искрено да ти кажам трпев до 21 година, се разболував секој месец и ги извадив. Наредните 10 години освен настинка, ништо посериозно ме нема фатено. Ич да не се мислиш особено ако имаш лош здив којзнае колку ти се лоши.
Ви благодарам на одговорите ,а лош мирис имам само кога ми се воспалени .Ќе одам на Otorinolaringolog
Вчера се оперирав од крајници во 8-ми Септември. Имав хроничен тонзилитис и за помалку од 5 месеца примав антибиотици дури 5 пати. Преттоа сум немала никаков проблем со нив, почнаа како возрасна да ми се прават такви. Едвај ја чекав операцијата искрено, зошто од толку лекарства почнаа и други проблеми да ми се јавуваат. Засега немам болка освен кога голтам ама не е страшна, верувам ќе стане малку полоша како што ќе заздравуваат ама тоа е. Пијам течности многу, колку и да е тешко. Вака ушите и вилицата не ме болат ниту главата. Секој кој мора а се плаши, мој совет е да не чекате воопшто. Може да стане многу комплицирана состојбата и подобро е да се помачите две-три недели ама после да сте мирни цел живот. Ќе пишам update откако ќе оздравам за како се одвива заздравувањето. Кој има да праша нешто, слободно
Прво бев на список во Државна од крајот на Ноември. Меѓутоа докторката се разболе, а потоа кога дојде рече дека имаат пациенти што чекаат уште од 2020. Потоа се префрлив во 8ми Септември во Јануари, ама исто рекоа била долга листата и накрај отидов на приватна дејност во 8ми Септ. Морав зошто не неможев да чекам, бев без работа и постојано болна..
Здраво дечки. Денес ми е 10ти ден. Првите 3 дена немав болка, лежев во болница. Ми даваа инфузија. После 4ти,5ти и 6ти ден имав болки кога и да пробав да спијам. Болки што се многу јаки, буквално како да голтав жилети. На 4ти ден имав ептен малку крв и испаничив ама не се влоши за среќа После 7ми и 8ми не чуствував ништо болки ,освен кога голтав малку неудобно беше и можев да спијам цела ноќ. Вчера и денес ми е супер, грлото ми е како ново и наслагите се 70% паднати. Сладолед почнав да јадам на 7ми ден и МНОГУ ми помогна на грлото и намали оток на увулата. Изгубив некои 3 кг ама сум вратила 1-2. Многу течности пиев и тоа помогна. Се надевам ова ќе е од помош на некој што се интересира!
И ласерски ако ги ваѓам ? Пример во приватна ? Ептен ми се за ваѓање ама мислев ги ваѓаат и си одиш...