да се ке биде добро ке голташ подобро од кога и да е но после еден месец од операциата... а мене ме јадат пустиве синуси цела вечер си ја трескам главата од земја кажувајте лек
И јас имав проблем со синусите и таа докторката ми рече демек да земам дома во теџере да сварам вода, во водата да ставам сол 2-3 лажици и потоа кога малце ќе се подолади водата, ама сеуште да излегува пареа од неа, да земеш да дишеш од таа вода со крпа покриена над тебе ...мене барем ми беше подобро незнам дали и ти си го пробала овој метод на инхалација
Не ги имам извадено , ама како што трга работава ке морам да ги вадам. Не ме болат пречесто ама коа ке почнат да ме болат едвај зборам. Еве од вчера ме болат , па и јас будала , пиев ладна кока кола од мекдоналдс и јадев сладолед. Дури и ми се гади од што ме болат
Јас оперирав на крајта на Октомври во Ремедика кај проф. Оровчанец и тоа на повозрасни години бев... на осмиот ден почна како река да ми блиска крв од уста, веднаш ме примија за ревизија на операција и наводно ми пукнале конците па ми ставиле нови. И двете интервенции беа со општа анестезија. Иначе болката по операција е поднослива, таму ми даваа парацетамол за болки кој многу малку помага. Но ибупрофен сируп 2-3 лажички по потреба навистина мноогу помага, болките исчезнуваат !!!
јас ги имам оперирано крајниците уште како дете во 3 одд.. многу лесно поминав...од тогаш да чукнам во дрво , незнам што е тоа да те боли грло или пак да се затниш...тогаш и синусите ми ги излечија...така да едно големо ЛАЈК за оние кои се мислат дали да ги вадат или не Спојлер се разбира зборам за оние кај кои крајниците им се оболени...да не се рабереме погрешно ...вадете ги веднаш!
Јас памтам кога мене ми ги извадија крајниците имав 8 години и во болница ми даваа првите денови само супа,а потоа леб,виршла и чај,а како за десерт мислам дека ми даваа пудинг.
Девојки се извинувам шо досајгам, Јас треба да ги вајгам сите 3 крајници..И некои ми викаат да не одам зашо после тоа одма главата кје ме болела и лесно кје ми поминуе воздухот низ тоа грлото дури и ја несватив убаво..Сеа ве молам кажете ми шо да правам..А и се плашам гласот дали кје ми се промени.Или тоа само е привремено?
Имам проблеми со крајниците, нонстоп ми отекуваат, и сега планирам да ги вадам, само незнам во која болница, дали некој знае во војна болница за колку време откако ке отидеш со упатот ти закажуваат за операција, пошто планирам да ја правам операцијата после велигден па да знам кога да одам да си закажам Поздрав
Знам дека темава не е баш нешто читана ама ај да си пишам Како мала имав 3 крајник и нон стоп бев со гнојни ангини и чуда пеницилини едно чудо сум примила,сите доктори ме пракаа на операција освен еден пријател на татко ми кој важеше за голем доктор тоа време ни под разно операција ми мкнеше човекот некои сирупи од америка уф само кога ке се сетам колку беа гадни ама бре стварно таа година кога ги пиев веке ми се повлекоа и бев раат едно 15 год освен настинки онака ,ама лани почна нешто чудно да ми се дешава грлото ми е цело искинато и како јагода едниот крајник голем другиот помал и од време на време имам по некоја бела тоцка дали е храна или којзнае што е и пулсираат ненормално од време навреме ке ме заболат ама некако чудно ги осекам од надворешна страна како ме болат кај вратот,и јазикот ме запекува не е кандида пошто не ми е обелен е тоа цело време си се повторува веке една година бев на орл и докторот ми вика хронични крајници демек тоа биле чепови кога ке ми се појавеле да сум отишла да ми ги пукал ме фати страв и не одам а знаете и дека сум анксиозна и веке со сто мисли во главава моја,така да нај арно ке беше да сум ги оперирала
^^^ веќе имам пишано на оваа тема и еве го моето размислување... нема зошто да бидеш анксиозна и да се плашиш, нема ништо страшно во пукање на чеповите( белите точки) само е малку болно и грозно ...редовна процедура..и мене истото ми го правеа се додека не ги извадов.. а за вадење крајници никогаш не е касно така да наредниот пат кога ќе одиш на лекар разгледај ја и таа опција поздрав и секое добро
Јас приметив бело како храна собрано на едниот крајник. Го извадив со беби стапче и го немаше неколку месеци, ама еве сега пак се створи. Сега не можам никако да го извадам, ама никако. Ни со беби стапче ни со гаргара. Не ме боли, не го ни осеќам, ама не сакам да е таму, а не знам како да го тргнам.
Цела година веќе имам проблем со крајниците. Цело време или ми се отечени и ми го затвораат целото грло или пак синусите ме болат. Значи аман веќе. И така полека се решив да ги извадам, ама кога ќе помислам на операцијата косата ми се крева. Од ваши искуства каде е најдобро да одам и навистина ли е толку болно?
не е болна операцијата меѓутоа првите часа по неа се ужас...мене ме тераа да пијам два литри чај од кантарион во еден ден а јас неможев ни плунка да си голтнам...уф како ги колнев што ме тераа да пијам ама ми викаа што повеќе течности ти поминува низ грлото дека побрзо ќе ти заздрават...болката продолжи уште 10 дена а потоа имав некои компликации,прокрварев ама сето тоа беше моја вина бидејќи ми советуваа да одмарам две недели а јас после една недела си заминав на пат и процесот на болка кај мене се продолжи на скоро еден месец ама да не те плашам не важно тоа,важно е дека мора да се одмара две недели најмалку...качување по скали никако,само со лифт затоа што така се крева притисокот и има поголеми шанси за крварење особено во најкритичните денови околу 7-8 ден... јас се правев операција во април затоа што ми кажаа дека операции најчесто прават само пролет и есен..не смее ни да е мн топло а ни мн ладно...И покрај се што поминав во тој месец после операција,вагањето ми е најдобрата одлука што сум ја донесла во животот...крајниците колку што се корисни кога се здрави толку се и штетни кога не се здрави...мајка ми до ден денес се кае што не ги извадила порано затоа што и направија реума,проблеми со прстите и сл па така ако имаш сериозни проблеми со крајниците,операција ти е најдоброто решение...јас пред да ги извадам секој месец бев со гноеви и антибиотици,неможев да каснам сладолед ни на лето,ама од кога ги истадов надокнадив за се
сигурно ќе поминеш супер а за испитувања знам дека правев анализа на крв,потоа се сретнав со анестезиолог и бидејќи претходно имав проблеми со алергија ме пратија да правам алерго тест за анестетици..и тоа беше тоа колку што се секавам
Јас имам постојано тахикардија, а уште пак и кога ќе помислам на операцијата... Се надевам дека ова нема да ми направи проблеми при операцијата. Слушнав дека се правеле алерго тестови и дека имало процедури, но крајниот резултат после операција сакам да биде кога ќе се разбудам да немам крајници