1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Крајници

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од teddygirl, 7 февруари 2012.

  1. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Со крајниците како мала имав многу проблеми, скоро секој ден бев во амбуланта од крајниците а од нив и температура. Еден ден мајка ми и баба ми ме однесоа кај една жена да ми ги пука, јас мала бев :sweat: И десниот ми го пукна а за левиот не давав и малку ми го поткачи и од тогаш ми е поголем левиот. Потоа никогаш не се разболев од крајници до сега, ама Господ во бели гаќи го видов од болка. Една вечер се смрзнав во сред лето и качив температура и бидејќи ништо не јадев не осекав ништо и кога пробав да јадам добив страшна болка во грлото и кога видов во огледало гледам крајниците. Прво бев кај матичната но по 6 дена немаше корист од терапијата, а десниот ми беше оукнал на спиење :x и кога бев кај тој од Уво, нос и грло ми рече дека имам пликови по јазикот, вопалени крајници, гној, авти :headbang: Веќе 8 дена не можам да јадам и пијам како човек. Страв ми е да не ме фати тоа од малечка па па често да ми заболуваат и се мислам кога ќе ми поминат дали да ги вадам? :^)
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.094
    Мене сега ми се појави на едниот крајник како афта, не знам како точно изгледаат тие чепови што ги спомнувате (можеби се и исти што и афтава) и како тоа пукање на крајници? Јас имам пробувано со стапче за уши да го стиснам, меѓутоа си останува,ништо посебно не се случува.
    На лето најмногу ме фаќаат кога ќе се почне со климите. Одмна сум кандидат за вадење ама се нешто се премислувам, ме нечкаат, еден доктор едно, еден доктор друго,ама морам да го решам ова прашање.
    Сега десниот ме боли особено многу, со се ушите. Испитував бактерија, немам, па во согласност со тоа не ми даваат антибиотик,самите од себе да ми поминеле. Не сфаќам како...ама ајде...
     
  3. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.535
    Допаѓања:
    28.740
    Пол:
    Женски
    Искрено како личност што ги има вадено крајниците ве советувам да ги вадите.

    Јас имав многу компликации зошто одбивав да ги вадам, дојдов до степен каде што поради крајниците 80% од слухот ги изубив, и тука беше крајот кај што знаев дека морам да одам.Дека боли после операција, боли , што е и нормално, мораш да пиеш многу течности, таква е процедурата, ама и тоа дури боли.По 2 недели, не осеќав постојано болка, само памтам дека премногу ме болеше грлото кога се прозевав и кашлав, како да ми се кинеше нешто внатре.Ама можам да кажам дека веќе 8 години после операција, посериозно се немам разболено со грло, нос или уво, и да слухот ми се врати, иако нормално сеуште не слушам совршено, ама сама си ги направив проблемите, одложувајќи ја операцијата.

    Инаку и мене ме заинтересира како тоа пукаат крајниците?
     
  4. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Ми бркна во устата со прст под крајникот и го стисна и тој пукна и од него истече гној и се иснаплукав крф. :puke: Многу е грозно и боле. А на спиење како ми пукнал десниот најверојатно е бил полн со гној и кога навечер сум се напила апче сум го претиснала и после тој самиот си пукнал :?: ИБидејќи во претходната терапија имав оспен ој се пие на 8 часа и во 3 нокеска требаше да пијам). Како тоа да не ти дадат антибиотик ? :fubar: Мене одма ме „отруа“ со апчиња :D Ме загрижи мислењето над моето затоа што мене левиот ме боли многу и имам глој и авти ама како помалку да слушам и ме боли и ми се затнува и левото уво, но докторот не обрна внимание на тоа :?:
     
  5. plavata212

    plavata212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    пред некој месец имав гнојна ангина и примав инекции цела недела и се повлече. сега најверојатно заради цигарите пак крајниците ми се со гној меѓутоа температура како минатиот пат немам. што да правам за гнојот да се исчисти освен да престанам да пушам цигари?
     
  6. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752


    нема врска цигарите со гнојната ангина. единствен спас е операциа знам како е ! СО ГОДИНИ МЕ МАЧЕА
     
  7. lovelygirl1

    lovelygirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    8
    Операција на крајници

    Здравко девојки,

    Пред 9 дена ми ги извадија крајниците ласерски. Утре имам контрола ама непријатно ми е да прашам дали можам викендот да се напијам алкохол. Дали некој има информација?
     
  8. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.571
    Пол:
    Женски
    Операција на крајници

    Не знам како е со ова ласерско вадење пошто мене пред 100 години ми ги извадија со обична операција и искрено месец дена вода не можев да се напијам а не па алкохол да пијам.

    Сепак рани се тоа сметам дека не треба толку брзо да се форсираш со пиење и сл.
     
  9. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    3.362
    Антибиотик се дава за да се уништи бактеријата :) . Ако немаш бактерија нема потреба.
     
  10. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Имав гној на ангина во април месец, сега пак, тоа се неполни 5 месеци. :envy:

    Во април кога имав, буквално мислев дека ќе ме снема, не можев да дишам, да јадам, да спијам... 4 пати ме премачкуваа со нишадор. Цела недела не можев да симнам температура. Примав инекции пеницилин и кристал и нормално инфузии зашто не можев да јадам. Значи страшно е!

    Денес кога станав ме болеше грлото, кога видов на огледало...пак гној на десниот крајник. Ако треба пак низ истото да минувам како во април... АМАН !
     
  11. Petunia-Queen

    Petunia-Queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    315
    Јас како мала ептен имав проблеми и ми направија операција. Така да сега веќе маки си немам како тогаш! 8)
     
  12. m.p.m

    m.p.m Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Тие крајници... :@
    Два пати ги вадев, затоа што во Прилеп лекарите ни се закон за се! :@ :@ :@
    Додека ги имав ми правеа проблеми еден тон.Секоја недела температури, инекции, чуда.На првата операција ми го извадиле само левиот крајник другите докторката Виолета не ги ни чепнала.Ми ја препорачаа др.Елена Ристеска од Скопје и морам да кажам дека супер си поминав.Болката после операција е многу нормална но сепак вредеше да се издржи и тоа.Да чукнам во дрво од тогаш се на се имам примено 2 инекции, а поминаа 10 години од операциите :rofl:
     
  13. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    и јас препорачувам операциа на крајници за оние кои што навистина имаат проблем како мене
    секој ден температури гнојни ангини и секој ден инекции примав.
    одкако ги извадив немам гајле.
    Оправувањето е бавно и болно но вреди еден месец да се издржи за цел живот да бидеш раат
     
  14. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    и јас препорачувам операциа на крајници за оние кои што навистина имаат проблем како мене
    секој ден температури гнојни ангини и секој ден инекции примав.
    одкако ги извадив немам гајле.
    Оправувањето е бавно и болно но вреди еден месец да се издржи за цел живот да бидеш раат
     
  15. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    имав хронични крајници што цело време ми правеа проблеми.Цело време бев настината грло ме болеше ми се отвараа едни дупки на крајниците и се полнеа со храна...или со не знам што а тоа многу смрди :puke: И ајде решив на 22 години да ги вадам.Не знаев кај кој доктор да одам и ми препорачаа во Воена болница да одам кај Д-р Горан Караиванов. Докторов е закон морам да кажам зафркант голем. Ми објасни се како треба што треба.Ми кажа дека ми се хронични ако не ми пречат можам и без операција ама јас сакав да се решам еднаш засекогаш. Направив испитнувања што треба крвна слика,крвна група,коагулација,ренген на граден кош и не знам уште нешто со резултатите кај анестезиолог да се види ситуацијата и после пак кај докторот.Закажавме термин арно ама на тетка моја многу и се брзаше и ајде ден пред операција мензис и ништо зошто кога имаш добиено првите 3 дена не може да те оперираат. Отидов на нов термин ден пред операцијата и се ок. Сабајлето ме викнаа ме симнаа во операциона сала и се супер помина. Сега имаат некоја нова опрема некој си ултразвучен скалпер и кога се разбудив одма можев да зборувам само петлето ми беше многу потечено.И се јавив на мајка ми да и кажам да дојде. Првите два денови пиев чај од кантарион и вода само а после почнав и млеко и супа ама се ладно. Инфузија примав со витамин Ц и антибиотик лендацин. За болки не ми даваа ништо...не боли толку многу се издржува а кога не се трпи веќе ми даваа парацетамол истолчен и со водата да го пијам. Морам да кажам дека од персоналот во болницата сум презадоволна,сестрите сите беа супер љубезни кога ќе ги викнеш одма доаѓаат и што е најважно не спијат ноќе :D Хигиената беше на место секој ден се чистеше редовно менуваа чаршафи,вецињата беа секогаш исчистени за тоа немам коментари. Сега сум дома после 5 дена во болница и маки мачам со тоа што да јадам...само чаеви,пудинзи кисело млеко пире супи такви работи никако портокал и лимон зошто јас пробав и зажалив што сум пробала многу пржи од овошните киселини. И нешто многу важно што ми го напоменаа да не се бањам со топла вода зошто се прошируваат крвни садови од топлото и од пареата а местото кај крајниците е пресно и нежно и може да прокрварите,затоа со млака вода само. Тоа е моето искуство се надевам дека ќе помогнам на некој. А јас сега ќе продолжам да си правам список на тоа што ќе јадам кога ќе ми помине ова. Пица, кебапчиња, компирчиња пржени...ммммм
     
    На sandra.s.t. му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752

    Да ти помогнам малку што можеш да јадеш, бидејки знам дека е тешко месец дена немав јадено имав некои компликации со операцијата и имав 10 пари поголема рана од нормалните и еден месц само сокови и чаеви едвај преживеав мислам но што тебе ти е подобро и можеш да јадеш еве ти некој предлог
    палента
    јуфки
    кисело млеко
    пире
    ајвар
    павлака
    пудинг
    јогурт
    банана можеш да испасираш

    избегнувај сокови ( од портокал ) бидејки содржат киселини и го надразнува грлото
    добра си ти јас имав забрана 1 месец да не се бањам никако :rofl: едвај издржав само се трлав со марамици :lol:
    немој да одиш по скали и да се заморуваш, ни да седиш на многу топло...Не дозволувај многу посети или да ти се доближуваат премногу и да те бацуваат...
    да не бидеш во протории кај што се пуше...И нај важното ПИЈ чај од кантарион што е можно повеке течности на секој 3-4 мин пиј бидејки тогаш грлото е влажно и не се осеќа многу болката , ако се засуши се собира некако раната и после тоа потешко можеш да голташ повеке боли.а кога ке осетиш дека конците ке ти паднат голтај по длабоко за да им помогнеш полесно да паднат да не те мачат....Брзо оправување :*
     
    На didush му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Poisson

    Poisson Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    14
    Јас пред 4 дена ги оперирав крајниците и сестрите таму ми рекоа што повеќе да пијам чај од кантарион најмалку 2 литра ,не смеам никако пасирана банана,манџи никако пошо се зачинети и никако топло се да биде на собна температура и поладно ,може да се јаде сладолед,пудинг,чоколино,да се пие млеко,флаширана вода,бисквити со млеко јас не би препорацала баш одма утрето дента да се јаде затоа што без разлика колку се стопени бискивитите гребат и да се избегнува храна и сокови што содржат витамин Ц,лимон и портокал затоа што тоа ја нагризува раната ... најубаво е првиот ден да се пие чај од кантариот а после т.е утрето дента флаширана вода,чај се разбира,млеко и пудик .. Кашички поубаво не затоа што и тие содржат витамин Ц ...Кисело млеко никакооо затоа што тоа е кисело и ќе ја разранува раната..
     
  18. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Сκоρо сеκоја недела имам гнојни ангини, имам огρомни болκи и пρоблеми со κρајниците и буκвално се мачам. Моментално имам гнојна ангина паκ а пρед 5 дена ги испив антибиотиците. На мајκа ми и пуκна филмот и ја натеρавме матичната леκаρκа да ни даде веќе еднаш упут за на уво, нос и гρло и се смилува и ни даде. Пρегледот κај специјалист ми е на 27 мај што значи за 13 дена а тоа е многу вρеме за мене бидејκи деновиве ми се појави нешто во гρлото малκу подлабоκо во гρκланот и чувствувам κаκо да ми е заглавена неκоја џамлија таму во гρκланот и ме " гуши" ме боли и многу ми пρечи. Не знаеме што е тоа па се пρашуваме да не ми е тρет κρајниκ или нешто дρуго полошо недај боже и сега ќе ме пρимаат може κаκо итен случај на уво нос и гρло пρед 27 ми. Навистина сум загρижена и незнам што е тоа толκу длабоκо под двата κρајниκа што толκу ми пρечи. Неκој аκо знае да ми κаже што може да биде тоа аκо доживеал нешто слично?
     
  19. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Јас крајници имам од кога знам за себе, од малечко дете. Ме болеше грлото и воспаление добивав од се нешто, не смеев да јадам ладно, сладолед, газиран сок никако и уште не знам што. Внимаваше мајка ми на се, но без резултат. Дојдов речиси до операција, но докторот мој за уво, грло и нос им предложи на моите да ме носат во Дојран и таму уште да пробам, инаку операција не ми бегаше. Така и испадна го послушавме докторот и во Дојран 15 дена бев првиот пат, а подобрување имаше баш многу. После Дојран јас една година ни крајник ме заболе, ни грло, ниту пак настинав. Продолжив во Дојран уште неколку години и се спасив од операцијата. Се преродив од Дојранско Езеро, вечно благодарна и на езерото и на докторот што не упати таму. После еден доктор хирург инаку куќен пријател ми кажа дека од сода бикарбона крајниците се смалувале и грлото се чистело. Ај реков ке пробам да го видам и тоа чудо. Секоја вечер со чепкалkа за уво, натопена со вода прво и ставено сода на неа им ставав на крајниците директно и чекав така неколку минути , на крај ги плакнев и грлото и устата со сода бикарбона растворена во чаша вода вода. Не знам точно колку беше временски тоа нанесувањето на содата на крајниците многу одамна беше. Резултатот беше фантастично добара, крајниците ми се смалија и воопшто како да ги немав, но по извесен период откако престанав со содата повторно се вратија краниците. Од тој период до сега крајниците ми се во нормала и немам проблеми.
    Тоа е мојата приказна со крајниците, за среќа поминав без операција.
    Дојранско Езеро злато вредно.
     
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.804
    Пол:
    Женски
    Moze li od krajnici glava da boli?