Јас како помала имав проблеми со крајниците, ако кај некој се јави обична настинка од намален имунитет кај мене беше како резултат од воспалени крајници. И ништо земам нишадор- тоа е еден вид прашок натриум хидроген карбонат ако не се лажам , има ставан се наведнувам и истекува гној се додека не протече крв, додека не се прочистат. И сега имам големки крајници ама се трпи и не би ги оперирала.
Не па внимателно се става со прстотДа не се претера!!! Значи пардон за амониумов хлорид станува збор или NH4Cl, ете на пример со цевче за сок се зема и се дува на крајниците. Малку нагризува и разјадува но чувството на леснотија потоа дава елан да се издржи оваа мисија невозможна
Ич да не ти е страв...Се ќе помине во најдобар ред...јас имав некои компликации но никогаш не сум зажалила што ги истадов..тоа беше најдобрата здравствена одлука во мојот живот особено ако имаш проблеми со болни крајници...
Да се надеваме дека ќе биде така Искрено мене најмногу ми е страв од режимот на исхраната што ќе морам да го имам по операцијата и болката во грлото
Брзо поминува, ќе пиеш нешто против болка. Чај од кантарион ден два, течна храна за 5-7 дена ќе биде ок.
Чајот од кантарион ќе ти биде најдобриот пријател...првин ќе го мразиш зошто ќе мораш да пиев по 2 литри а кога ќе голташ ќе боли првите денови ама немој да се откажуваш, понатака како што поминуваат деновите многу помага во смалување на болката...а за јадењето ќе издржиш: сладолед,пудинг,овошен јогурт,пасирани банани, пире и такви лесни работи ќе се навикниш верувај...и многу одмор..немој да се правиш херој како мене и да мислиш дека ништо нема да ти е,зошто јас така си испровоцирав крварење и завршив на шиење..многу одмор,лежење,никако качување скали,нервирање или било што би ти го кренало притисокот,ладна храна и тоа е тоа..првите дененови нема ни многу да ти се прави,ќе спиеш повеќе,за после спушти си серии и уживај и многу внимавај околу 8-9 ден после операција кога паѓаат едни бели наслаги кои што се прават после операцијата, кога паѓаат тие е најкритичниот период..кога ќе поминат тие денови,малку по малку ќе си како нова
Операцијата е стварно многу болна, ама поминува.. Болката не трае 5-6 дена туку 5-6 недели, едвај ќе голташ и едвај ќе спиеш. Не сакам да те плашам ама таа е вистината. Ете ти објаснале погоре што и како треба, ако ти треба помош или совет пиши ми слободно. Среќно
Фала ви многу за информацииве и објаснувањава Сакав само да прашам уште нешто бидејќи во вторник сум на предоперативни прегледи, ќе може ли некој да ми каже што подразбираат под овие прегледи?
Ќе ти земат крв да видат дали ти е добра крвта, која крвна група си, дали лесно ќе ти сопре крварењето и на анестезиолог краток разговор.
ve molam za pomos ja odnesov kerka mi vo drzavna kaj beatrisa popovska i ni kaza deka e za operacija na site krajnici i rekoa ke ni se javat se znae li od prilika kolku vreme se ceka kolku vreme tamu se lezi ima li nekoj iskustvo so taa doktork i dali ke ima bolki posle operacija a ona e 8ipol god vi blagodaram
И јас како помала имав операција на крајници . Но се оперирав во Тетово кај доктор Невена . Бев оперирана како приоритетен случај ,бидејки долго време сум имала пукнат лев крајник , и било опасно да го чувам до слободен термин . Мене ме оперираа со локална и бев свесна за се што се правеше . Оние кои имаат закажан операција , а немаат храброст , не се плашете , не е толку страшно , и јас се плашев , па кога видов што е како е си велам глупава сум била
прво да направат испитувања крвна слика вамте тамте па после тоа закажуваат за еден месец отприлика. и мислам се седи најмногу недела дена таму.
Мене ми е веќе 12ти ден по операцијата, и можам да ти кажам дека операцијата е стварно болна еве мене уште ме боли грлово и од вторник дури конечно почнувам со нормална исхрана. Јас во болница лежев 3 дена, но бидејќи она е 8 ипол години можно е и помалку да лежи доколку нема некои посериозни компликации. Сепак не треба толку да се секираш сестрите во болницава кај што лежев ми кажаа дека децата до 7-8 години поминувале многу полесно од постарите. Со среќа доколку се одлучите за операција
fala ti duso cekam da se javat neznam koga sekoj den na strek sum a iskreno se plasam mnogu a i neznam da ne znaes od prilika za kolku dena se javuvaat bev me vo sredata na pregled pa sega cekame