Здраво.Нова сум на форумов.Гледам дека оваа тема не е актулена веќе една година.Сакам да прашам за вадењето на крајници.Дали може во лето?Препорака за болница и доктор?И колку време останавте во болница?колку години имавте кога ги вадевте крајниците и како поминавте?
Здраво. Веќе две години имам проблем со крајниците. Бев и во општа болница и кај приватен доктор и според лекарствата шо ми ги препишуваа немаше никаков ефект и крајнициве продолжуваат да ме болат. Особено овој период. Поточени ми се, полни се со гној и крв. Не сакам да испробувам домашни лекарства, а да одам пак на лекар не знам колку би ми помогнал. Сакам да ве прашам дали ако кај специјалист своеволно побарате упат за вадење на крајници ќе ви дадат?
Истиот проблем го имам и јас, со тоа што доктор ми рече или операција или ќе си живееш така, твој избор. Само што и после операцијата се појавувале други проблеми и не се решавам, инаку кај мене почна нон стоп без разлика на сезона да се влошува состојбата. За на државно не би знаела но би требало да ти издадат упат, јас на приватно бев и таму секако за пари без проблем те оперираат. Со среќа.
Досега од тие што ги познавам немале проблем после правење операција на крајниците. А и овде читам дека немале проблеми некои.. А и да имам проблеми сигурно нема да бидат колку сега шо се. Секоја година ме фаќаат и ај ќе помини, си седам вместо, си тупкам, појди ваму на лекар, појди таму, бабини деветини испробај и само време си губам! закажав на лекар утре и ќе барам упат. Не се издржува ова појќе.
Јас сум правена пред 7 години, имав некои потешкотии и компликации со операцијата ама после тоа се препородив....од тогаш до сега само 2 пати сум примала антибиотици а претходно секој втор месец пиев по едно кутивче..е сега ми се јавија други проблеми на пример тоа што порано ми загнојуваа крајниците сега ми мава на синуси почна секоја година септ - ноември еднаш да се разболам со потечени синуси, затнас нос и слично ама не е ништо споредено со тоа претходно што го тргав...ако си решена јас ти препорачувам да си се направиш..крајниците се добар одбранбен механизам ама ако функционираат како што треба...ако ти гнојат секој месец, џабе ти се..јас пред операција пиев лоратидин една доза и една доза антибиотици по препорака на лекар и пак кога ми ги извадија ми рекоа внатре биле полни со гној..иначе тогаш си зедов од матичен упут за специјалист во ск, па специјалистот ми закажа операција
И јас мислам дека добро си направила. Исто и мене. Си ги гледам со гној се внатре еднаш дури и го стегнав едниот и протече најпрво крв, па гној.. колку и да имаш проблеми после ваѓање сигурно не се поголеми отколку пред да ги извадиш..
Во понеделникот ги извадив крајниците ,денес ме пуштија дома.кај секого е различно ,но моето искуство е позитивно, многу лесно поминав.пред операцијата многу се плашев како ќе биде што ќе биде.болките не се страшни,само кога голташ боли,слична болка како кога ти се потечени крајниците.најважно од се е да пиете чаеви и течности.јадењето е проблем стварно нема што да се јаде гладна сум цело време..ајде уште некој ден.. Секој кој се мисли и се плаши дали да ги вади би му рекла да се реши зашто стварно не е страшно како што кажуваат некои..
Си решила голем проблем..сега многу пази се, ти зборувам од негативно искуство...јас се пазев 7 дена и на 8миот фатив од скопје да патувам 180 километри за дома, кога стигнав дома качував скали, излегов на шетање и после 2 дена завршив на втора операција...7-10 ден се најкритичните денови бидејќи ќе почнат да ти паѓаат белите наслаги кои ти се на крајниците и многу често се јавува крварење тогаш...затоа одмор, не се форсирај, без нервози, притисок кревање никако и почекај барем 2 недели да се вратиш на нормални активности, за твое добро
Zdravo, sakam da prasham dali nekoj imal vakvo ili slicno iskustvo... pred skoro eden mesec se pravev operacija od dvata krajnika i se beshe super bev i na kontrola doktorot mi rece deka se e zazdraveno nema nikakov problem, megutoa vcera imav strasna glavobolka i povrakav pa zabalezav kako da sum povratila zasusena krv. Dali e mozno da ima ostanato vo grlovo krv zasusena zatoa shto seuste osekam kako neshto da mi smeta go grlovo. Dali e mozno toa da bide krv zasusena ili seuste ne sum naviknata na ovaa sostojba bez krajnici?
Здраво, пред 4 дена ми ги извадија крајниците. Имав компликација при операцијата, не ми се запирало крварењето при операцијата, и наместо 40 мин, мене 2 саати ме правеа. Фала му на господ и св. Архангел Михаил ( тогаш ми правеа операција) поминав добро. Е сеа сум дома, не боли мн, како што прочитав погоре како кога се загноени крајницитр, преку ден пијам парацетамол на 4 саати, ама ноќе ми се суши устата и апче на 2 или 3 саати. За јадење не сум мн гладна, ама стрв ме фаќа . Е за зборење зборам разбирливо е, ама вчера мн се напрегав и цела ноќ болки имам. И сеа зедов да јадам ( банана со сладолед и малку млеко, изблендирана ) и ме пече мн. Едвај чекам се да помине.
здраво.Син ми (6) треба се оперира што е можно побрзо бидејќи има многу проблеми со гној на ангина .би сакал да прашам за препорака на доктор .Ваши искуства .Благодарам
Јас бев во Штип кај др. Марија Хубрева и сум мн задоволна. Во Штип вообичаено сите го бираат др. Србиновски, ама јас со мојава докторка бев мн задоволна.
1200 за 4 ноќи спиење таму, по 300ден од ноќ, ништо повеќе. Секој вторник оперираат. Само треба да отидете да ви закажат термин, и се прават едни испитувања пред операцијата крвна слика, хемостаза, ренген на бели дробови.
Анестезијата е целосна, и операцијата е ласерска. Се отстрануваат со горење на ткивото, нема шиење ласерски се лепи раната.
Гладувам. Ептен сум пребирлива со храна и јадам тоа што во моментот ми се јаде. Сега смеам само сладолед и пудинг од ванила (не знам зошто, наводно ќе се видело полесно крварењето ако е ванила) или блендирана супа. Колку и да јадам, гладна останувам, ми се гади, повеќе ме боли грлото, а аналгетикот ме раздразнува да кашлам. Ќе полудам вака, навистина не знам што да правам...