Здраво ! Имам синче кое имат 3год и 5 месеци.Овој месец ни е катастрофа цел месец сме на антибиотици .На година и пол ни кажаа дек има трет крајниот од кој навечер многу грчи.но досега некој поголеми проблеми сме немале(освен грчењето ) како што кажав овој месец една недела е добар само со ке прекиниме со антибиотик пак креват тем. ни кажаа дека е од крајниците и дека морат да се вадат.па сакав да слушнам некој со ваков проблем дали има?и дали има некаков лек за крајниците да пробаме прво со тоа . Ви благодарам !
здраво, оперирана сум од крајници пред 1 месец, сите 3 ми ги извадија но сега имам друг проблем, премногу сеќавам стегање во градите дали има врска нешто со ова или погрешно мислам, ако имал некој сличен проблем ве молам да ми пише..
Јас ќе правам операција на крајници за две недели па сакав да прашам нешто.. Дали под целосна анестезија се одвива операцијата и за колку време се будите од анестезијата? И во текот на операцијата што имате на себе од облека? дали по ваша облека или од таму облакате нешто? и за ноктите бидејќи мене ми се правени слушнав дека треба да бидат без лак, гел сеедно. Фала
Не знам како е сега , јас правев одамна операција ( на мои 7 , сега имам 22 год ) , но ќе ти одговорам . Јас бев со локална анестезија т.е спреј . Операцијата траеше околу 20 минути , на себе ја имав мојата облека плус онакво како на забар што ти ставаат , можеби подолго беше малку . Ова за ноктите мислам дека нема врска , но сепак препрашај си го докторот што ќе го изведува зафатот ( бидејќи бев мала , не правев нокти тогаш , па веројатно немало потреба да ме информираат за такво нешто ) . Инаку мене ми беше изведена операцијата со ножици , сега знам ласерски оди . Најубаво прашај си го докторот што ќе те оперира или пак почекај некој/а што е тазе опериран и знае што е а што не е дозволено .
Јас во октомври ги извадив крајниците.операцијата беше со целосна анестезија.незнам точно после колку време се разбудив тоа е различно кај сите.а за облека доле носиш твои пижами а нагоре они ти даваат што да облечеш.накит несмее ни лак за нокти...
Со целосна анестезија прават. Блиска личност сега вадеше крајници, па знам. Гел/ лак на нокти не смее поради анестезијата.
Zdravo prijateli, Mnogu sum isplasena. Ve molam spodelete iskustvo ili mislenje, sovet bi mi bilo od korist... Na vratot na levata strana, malku sum kako otecena, samo na dopir se oseka, ne me boli, osven ako pretisnam... Ne mislam deka se krajnicite.. kako malku poduena limfna zlezda mislam... Ne daj Boze da e nesto seriozno...
Не знам во твојот случај,но јас од кога имам хронично отечени крајници 7 години (утре конечно ќе ги вадам) од двете страни сум како подувана,како топки имам. На изглед не се познава многу ама на допир се осеќа.
Јас ги оперирав завчера крајниците. Сакам да објаснам на кратко целиот процес, можеби на некој ќе му биде од корист. Ме примија во болница ден пред операција (така морало). Тој ден смеев да јадам, пијам до 22.00 часот. Следниот ден ме земаа прва за операција. Прво ми ставија инекција во колк,а потоа во вена.Таа во вена беше језива и одма заспав. Оп.траела 30 мин и уште некои 30 мин сум била во шок соба додека ме освестат. Е сега, болката не знам како да ја дефинирам, на моменти боли страшно, но се навикнав, па трпам. Првиот ден си само на чај од кантарион, вториот можеш и други течности и пудинг. УМИРАМ ОД ГЛАД. Инаку вака ми е се во ред, ми рекоа дека во понеделник ќе ме пуштат(не знам зошто волку многу ме држат). Исто така ми се пуши цигара страшно,ако знае некој кога смеам, после колку време да запалам нека каже. И ако имате други прашања слободно обратете ми се.
Малку задоцнето ама може сепак ќе ти биде одговорот од корист. Јас имав како мала исти проблеми: постојано гнојни ангини, хрчење, проблеми со дишењето преку нос...пробаа моите со се за да се избегне операција: чаеви, инхалации и не знам уште што, ама тоа мене не ми помогна. Ме оперираа кога имав 7 години со локална анестезија и ми го извадија само 3от крајник. Така сметаа моите дека е подобро. После тоа можев да дишам на нос ама ми требаше време да се навикнам. Јас би препорачала да се извади секако 3от оти од лично искуство навистина смета, за другите 2 не знам како е подобро.
никако цигари, не ни помислувај...не за друго може да ти го иритираат грлото па да си направиш поголеми проблеми....обавезно чај од кантарион да продолжиш да пиеш недела, две стварно многу помага...само јас си знам колку го колнев зошто секое голтање ми беше хорор ама после неколку дена тоа беше единственото нешто што ми ја смируваше болката...за подобар ефект пијај го ладен...за јадење ќе ти се јади и ќе си трпиш тоа е тоа,сега во незгодно време си се правела операција, јас се правев во април и беше прилично топло и се отепав од јадење сладолед....само слушај ги докторите, колку и да ти се јаде само течна храна најмалку 10 дена и никако замор и кревање на притисок....слушај паталец кој си направи проблеми со прерано форсирање на телото и завршив на шиење и втора операција....еден месец е тешко после цел живот раат
Добро а дали имаше болка во ушите? Јас првиот и вториот ден супер поминав ама вчера цееел ден ушите, вилицата, заби, јазик, се ненормално ме боли. Парацетамолот ме смирува само на саат, два и толку. Еве денес повторно со истите болки се разбудив.. Не се издржува.
Искрено незнам ни што ме болеше од што се ме болеше....јас голтав кетонали како бомбончиња искрено, на сред ноќ се будев за да пијам апче од што не се издржуваше...ама не го препорачувам кетоналот си го расипав после тоа желудникот од него...ако си уште во болница барај да ти ставаат инекции во инфузијата така и побрзо делува ама тоа е...болката ќе трае...затоа во претходниот пост ти напишав внимавај, чувај се, никако качување по скали, напор, особено околу 8-9 ден има едни како наслаги на грлото ќе ти се лупат внатре и тогаш е најкритично да одмараш тие денови..зошто јас баш тогаш прокрварев, па никако не запираше па мораше да ме праат втора операција па шиење па не одеше, па тампон ми редеа и испадна два месеци да неможам да се опоравам и да се вратам во нормален ритам
Да за кетоналот знам дека не смеам пошо имам и гастрит, па само парацетамоли ама кратко време ми делуваат. Аххх се каам што се оперирав!
немој!!! воопшто..значи јас во рок од 10 дена морав два пати да подлежам на генерална анестезија и можеш да замислиш каков шок беше тоа за моето тело, изгубив и време од на факултет, морав да седам дома сите кога шетаа бидејќи не смеев да седам на многу топло, се капев еднаш во неделата итн ама ниту еден ден не сум се покајала за одлуката да се оперирам....иако после операција ми се појавија др проблеми, тоа што ми маваше на грло почна да ми мава на синуси, па алергии ми се појавија и чуда претходно што сум ги немала ама ништо не е пострашно од тоа секој месец да пиеш антибиотици, сите коски да те болат од гнојни ангини и слично бидејќи незнам за кај тебе ама кај мене тоа беше секој месец....пиеј повеќе чај од кантарион, на почеток боли ама после премногу ми ја смируваше болката, секако ладен, лежи одмарај и ќе видиш дека после 1 месец ќе ти е мило што си се оперирала
Јас дека ич не сум навикната да седам дома и ме фаќаат депресии тешки, мислев две недели ке треба да лежам дома, ама еве сите викаат месец дена и мислам ќе спобудалам. А инаку со крајниците немав некои посебни страшни проблеми, ми отекоа пред 5-6 години и ми останаа такви, ми се собираше храна и тоа мирисаше понекогаш. На ладно знаеа некогаш да ме заболат и затната бев. Ама сите лекари ми кажаа да ги вадам, па сега се решив.Со синуси сеуште не сум имала прпблеми, а со алергии имам.. Немам трпение, тоа ми е најголем проблем и еве само 5 дена се поминати и јас се нервирам што не ми поминува болката, гледам на дечиња со мене што лежеа од втор ден немаа болка,ама они имаа по 8-9год, а јас 23.. Како и да е, ти благодарам на одговорите
Јас имав хронични проблеми и зато ги оперирав..и јас прилично касно, на 20 год се правев операција...а мајка ми на 50 ама таа се правеше ласерски во приватна клиника и болка 0, само некој месец имаше чуден осеќај и вкус во уста ама и исчезна потоа и тоа беше тоа...таа помина многу полесно од мене иако беше многу постара....абе јас кога се правев правило беше 2 недели ама од 8-10 ден беа најкритичните..мене ме фати 1 месец одмор бидејќи имав 2 операции ама после тоа се си продолжи како порано...знам дека е тешко ама стрпи се малку, одмарај, гледај серии, уживај после ќе си каков нов човек