На почеток претставува тежина. Самиот факт дека не си повеќе со личноста со која си делел се толку време, убива... ама буквално! Но како поминува времето сфаќаме дека подобро е што веќе не сме заедно. Преку некои работи не може да се помине, затоа и се става крај! Ми текнува јас каква бев првиот пат кога раскинав со дечкото со кој идев скоро 2ипол години. Сега си мавам шамарчиња за истото! Никој не е повреден од самата јас. Така да girls keep u're head up, секогаш има подобри од претходните!
Хууу . . . кога би дала совет на некого околу крај на една сериозна врска сигурно би бил:Ако осетиш дека вака повеќе не оди,подобро е да не се мачиш и да раскинеш.Сигурно ќе најдеш некој подобар и ќе бидеш посреќна со него.ЖИВОТОТ Е ЕДЕН Ама тоа само кога јас би советувала,што не е случај за мене.Јас пред скоро година раскинав сериозна врска од 9 месеци.Може не беше многу долга,но бевме верени!И се се очекуваше да бидеме заедно,запознавање со родители,тие меѓу себе итн.Кога раскинавме,ја бев скршена.3 недели не сакав да помислам на дечко!Ниту се смував со некого,едноставно се затворив во себе,благоречено.Го чекав да се врати,но ништо од тоа.И у секоја врска него го барав. Сега повеќе не е така.Среќна сум со овој дечко и го сакам,а и тој мене.Бар во мојата ситуација беше чиста тежина,но за него сигурно ГООЛЕМОО олеснување!
Вакаааа девојки имам 18 години, имам врска од 3 години и на некој начин сакам да бидам слободна, да излегувам ги знаете сите добро тие работи ама од друга страна си викам како ке реагирам ако го видам со друга, како без него денот...и незнаммм што да правааам дали со срце или со уммм ?
не е само за излегување, не се однесува баш најдбро, во врска со вреѓање т.е почит кон мене. И мислам дека ми е навика зошто по цели денови сме заедно.
Епа тогаш одалечи се од него и ќе видиш дали е само навика или љубов. Побарај некое време да се разделите и ќе видиш што всушност сакаш.
сум се одалечила но тој не ми дозволи да видам, постојано се јавуваше ме бараше молеше, така да немав шанса да видам дали ми е навика -.-
Секој сака слобода,па дури и во брак партнерите сакаат да имаат одредена слобода. Ако се сакате еден со друг и ако отворено разговарате се ќе се среди. Мислиш дека и тој не сака да излегува самиот и да се издува со друштвото. А за блондираново, не те разбирам, Ти сакаш да раскинеш со него?
Сигурно си има добра причина за разделбата нели janafilth? Од каде знаат другите што се се случило меѓу вас, дали он бил добар спрема тебе толку како што сите велат? Зошто се малтретираш со нив? Ти знаеш како ти било со него, не тие. И јас излегов од ваква врска пред еден месец и сите ми велеа нема да најдеш подобар од него, сите машки се гадови, тој шревише те сака, го остави факултетот заради тебе. Сите зборуваа, ама не знаат како ми бесе на мене додека бев со него. Беше превише љубоморен, превише нервозен,напнат, не можеше да разбере дека не може да ми се јавува на секој саат и многу други работи. Ако бил совршен како што зборуваат сега, јас би останала со него нели? Па со кое право ќе ми кажуваат колку бил добар тој? Јас сум уште помлада од тебе, а тој ме тупеше со запознавање на неговите, па дека само јас и тој сме битни, ние ќе сме го граделе животот и не треба да комуницираме со никој Не знам како било кај тебе, ама штом ти рекол дека не те сака, неможеш да го држиш сосила да го молиш и теглиш. Подобро отколку да се мачиш. А еден ден тој за тебе ќе стане само воздух и бледо сеќавање.
Хмм.. интересна тема . Прекинавме тригодишна врска, причините ги знаат само најблиските, со никој друг не коментирам за тоа. Никој не треба ни да го интересира, а за тоа што го зборуваат другите, баш ми е на таа. Од почеток ми беше многу тешко, додека да прифатам дека веќе, ете, сме раскинале, друго е, одделени.. ме убиваа тие зборови кога одекнуваа во мојата глава. Најмногу олеснително беше тоа што не раскинавме со караници, викотници и дофрлување недолични зборови за кои би можеле подоцна да зажалиме. Останавме во добар однос, се слушаме понекогаш, едноставно останавме добри пријатели. Понекогаш размислувам дали тоа е океј или не, важно така се одиграа работите и добро ни е.
Секако дека е тежина,особено на почетокот.Не можеш да се навикнеш,ти фали се што е поврзано со него,се подсетуваш само на убавите мигови...Тешко е бидејќи долго време си бил со таа личност,си ја сакал.Олеснување би било доколку не си ја сакал таа личност или многу те измачувала врската. Секако дека се наоѓаат и други,но секогаш ќе се подсетуваш на таа личност,и на моменти премногу ќе ти недостига. Сепак во животот никогаш не се знае,што си е пишано ќе си дојде.
Сега се наоѓам во слична фаза.. раскинавме со дечко ми со кој сум во врска 3,5 год. и тоа онака за безвезе од ианет никогаш не сме се карале за нешто посериозно и не е ништо официално извесен период му немам слушнато ни глас ниту пак сум го видела чувствувам дека би ми било олеснување ако ставиме конечен крај на врската дека овие години не се за сериозна врска има 19 год. Мислам дека можеби некој друг би ме сакал повеќе иако знам дека овој сега ме сака но не ја искажува доволно љубовта онака како што од секогаш сум копнеела за такво внимание.. Ааа да и многу повеќе ме кочи тоа што немам салам другарки најдобрата има дечко не е за по журки некои не излегуваат и што би правела јас ќе станам крајно депресивна дома еве овие неколку денаа му викам да излезиме на кафе на журка негде а тие не сакаат други си одат со дечковците и на крај изгледа нема да издржам домаа па ќе му се вратам на дечково, друга варијанта не гледам
Се зависи од врската како и причината за крајот на врската.Олеснување би било кога веќе врската станува доста наптаната,караници или нешто слично и за да не го разгоруваш огнот едноставно се повлекуваш,да се посредат работите,ако можам да кажам сами и после тоа застануваш стабилно и размислуваш вреди ли да се бори за врската или пак едноставно добар потек е направено.А тежина е кога имаш некој кој го сметаш за твоја половина му веруваш,во него гледаш човек со доверба, и истиот тој човек го гледаш,те остава поради друга. Има ли поголема тежина од ова На мене еден ваков случај ми остави силно сеќавање што верувам дека цел живот ќе го паметам.Се случи пред околу12-13 години но на се се сеќавам како оваа година да беше.Една моја другарка на нејзината 13 годинишна воздраст,се запозна со еден и за толку кратко време за заљуби во него,што заборави и која е таа,изгуби друштво,се изгуби самата! Имаше проблеми и со нејзините дома мала си ова она,а за да ситуацијата биде уште по тешка и дечкото и беше кошмар Ја сакаше да,но тоа не беше доволно беше болно љубоморен не ја пушташе сама,како трет родител.А и таа бре дете глупо,немој ако го остави не ќе најде друг,неможе без него,а како пак да можеше со него .... И кога веќе нивната врска беше прифатена од нејзините родители отидоа во Скопје да студираат заедно,таа планираше и семојство со него А тој мангуп еден си најде друга и ја остави неа Другарка мии,целосно се изгуби кога си дојде во градот,сите ја прашуваат КАКО СИ?Најтешко прашање за неа,како и да беше ајде помина некое време и таа се омажи за еден со кој се знаеше 3-4 месеци,а тој пропалица пијаница сега имат и дете а тој ја малтетира постојано,таа стана имуна на се што и да и се случи не реагира живот било охххх мила мојааа тоа ли е живот,но тоа е тоа потешка судбина од нејзината не сум видела,жално навистина жално
Според мене мислам дека е ОЛЕСНУВАЊЕ. Може ако осетам ќе сменам мислење, но сега засега сметам дека би било олеснување. Ако нема љубов би било олеснување, но ако раскиниш а уште има љубов, и ако и двајцата сте немоќни да ја поправите и наново да ја изградите врската, тогаш би било голема тежина.
На почетокот можеби е тежина бидејќи си се навикнал на него, се те потсеќа, меѓутоа доколку веќе било монотоно, и врската немала иднина, со текот на времето мислам дека станува се поголемо олеснување. Сепак зависи од причината поради која се прекинала врската. Ако е во прашање неверство, тогаш ќе биде тежина дог период....
Тежина....Ако со некој си поминал долго време,си бил заедно и во добро и лошо,самиот крај е тежина и болка.Се те потсетува на него,се надеваш дека ќе ти се врати дека пак ке бидите заедно,а од друга страна пак кога ќе се потсетиш на болката која ти ја нанесол-во себе си малку посреќен што ја нема таа личност до тебе.Поминувам и јас низ истото,измешани ми се сите чувства,се надевам дека ќе помине и ова
Кога врската иако е долга почесто се раскинува и смирува мислам дека крајното раскинување е олеснување. Две долги врски, едната 2 години, другата еве сеуште не сме одлучиле што како ама трае 3 години и 8 месеци. Во двете врски беше лепење и лепење. Кога раскинав со првиот ми беше тешко, раскинавме пред Велигден, после многу планови останав дома сама иако сама го ставив крајот. Сите беа некаде, а моите само ме сожалуваа зошто сум сама. Ми беше тешко многу. Пробавме после тоа да се смириме ама не одеше и на крај ми олесна зошто се тргнав целосно од него. Цела врска беше измачување, па нема зошто слободата да ми биде тежина. Со сегашниов исто, лепење и лепење. Првите раскинувања ми беа тешки, претешки. Но, после отрпнав. Сега веќе не ги ни сфаќам нешто сериозно. Последното раскинување ми беше олеснување, ко да се спасив од некој товар. Зошто постојано го гурав да прави нешто. Тој е пасивен, човек без амбиции и без идеи. Постојано ајде ова, ајде она. Сега изгледа двајцата го чекаме оној вистинскиот крај кој мислам дека за двајцата ќе биде олеснување. Тежина можеби би било ако нема никакви знаци за прекинување на сериозна врска, но ако постојано се лепи тогаш е олеснување.
Минатиов петок мене ми раскина дечкото со кого одев 2 и пол години. И чувствувам тежина. Не ми даде некоја конкретна причина за тоа што ми раскина, се беа само пусти изговори. Пред една година, исто овој период ми раскина и тоа траеше кратко. Јас многу го сакав и се смирив со него. Тој еден месец додека не бевме заедно постојано бев во очекување да ми се јави и кога го направи тоа јас истрчав, затоа што знаев дека сакам да бидам со него. Овојпат плачев само првиот ден, а од тогаш се немам расплакано. Не дека не ми е тешко, но тој не сфаќа што изгубил. Јас сум интелегентна, убава, забавна особа. Бев тука секогаш за него, се правев за него. Ниту една девојка не би го трпела тоа што јас го трпев. Ова што го пишав сигурно ќе го заборавам во првиот момент кога ќе ми се навратат спомените. Се изнаслушав лоши работи за него од моите блиски, но некако ништо од тоа нема влијание врз мене. Јас нема да прекинам помалку да го сакам заради тие зборови, ниту пак тоа ќе направи да се чувствувам подобро. Ми треба време за да заборавам и за да бидам спремна пак да сакам. Не верувам многу во тоа „Клин со клин се избива“. Со тоа само се залажуваш себеси и го лажеш другиот, а вистината е дека сеуште тагуваш и размислуваш за него..
Јас имав една долга врска , и еден брак кои ги прекинав зашто не идеше... И можам да кажам дека е и олеснување и тежина во исто време... Со врската неколку пати се обидов да прекинам, но наоѓаше начини да се смириме бидејки многу се приврзав за него , и затоа излегував уште неколку месеци и го гледав само како се однесува и како ме нервира, без да знае што си мислам, за да ми се одмили тотално, се однесував ладно , но бев покрај него, се дур не ми се олади скроз срцето, и тогаш прекинав одеднаш и тоа ми беше олеснување.... А за бракот , иако реков дека ќе се разведам , со месеци си чекав дали ќе видам некои промени кај него, и си чекав така , мирна, си набљудував, се надевав, се дур не дознав дека додека мене без никакви промени за да се смириме ме убедуваше за тоа, тој почнал да си пишува со друга Тоа ми беше еден од најтешките денови , се осеќав како да ме прегазила кола во душата ( чудна споредба , извинете) И кога дознав потоа ми киснеше под тераса на дождот, ми оставаше наши слики на колата со писменца, колку ме сакал итн... Ми отежна со целото негово однесување ... Беше тешко, да, но знаев дека е правилен избор ,па сега сум посреќна.....