Крајот на врската претставува и почеток на раѓање на спомените... ама не рекле за џабе времето лекува се,не баш се ама барем со тек на време се навикнуваме да живееме без таа личност... секогаш си велам ако не сум со него значи бог чува нешто подобро за мене,не треба да заборавиме на тоа дека на планетава постојат милиони мажи и тој добриот има уште подобар
ОЛЕСНУВАЊЕ !!!! на почетокот можеби е маааааааааааалку ама ептен малку тешко а потоа , како преродена бев
Огроомна тежина... не ми дава да дишам нормално, да голтам.. Се надевам ќе исчезне што побргу.. премногу е тешко. Особено ако си бил долго време заедно,како што е во мојов случај..
Јас мислам дека само треба да помине некое време и после нема веќе да ти биде толку тешко, дури и ќе се смееш на некои работи што си ги правела. Тоа за мене е повеќе навика отколку љубов, да бидеш со некој долго време, а секоја навика е тешка за одвикнување, ама не и невозможна.
dragaaa...jas ke ti kazam deka ednostavno treba da go ostavis,toj ne e za tebe...ne treba da imas custvo na taga i bolka...normalno deka ke go imas ama toa e samo eden period ...normalen koj sekoj covek go mine...nemoj nikako da pagas vo depresija..koga se zatvara edna vrata se otvara nova
Не знам дали е тежина или олеснување, тоа времето ќе го покаже. Ама ја чувствувам тежината. Натежнала како огромен камен во душава. Не дишам. Не јадам. Не спијам...
Тешко ми е додела анализирам каде јас или тој сме згрешиле, дали можело да биде поинаку, дали вреди да се направи компромис. Колку поретко ги гледам тие луѓе, поубаво, брзо ќе заборавам.
Го прочитав ова, а и неколку твои постови од порано. Ти си толку мила девојка, со добар карактер, со дух, со човечност. И сега не знам што и како ви се случило. Но мислам дека ако не се смирите, тој изгубил многу. И затоа главата горе, изболувај го и терај напред.Подобар те чека, ако овој не се врати...
Го прочитав ова, а и неколку твои постови од порано. Ти си толку мила девојка, со добар карактер, со дух, со човечност. И сега не знам што и како ви се случило. Но мислам дека ако не се смирите, тој изгубил многу. И затоа главата горе, изболувај го и терај напред.Подобар те чека, ако овој не се врати...
Тежина дефинитивно , а толку треба да чувствувам олеснување... ама знам дека ете не функциониравме воопшто и се случи тоа што се случи ... и таман ке се залажам супер ми е , ми пројде ова она и оп пак ми ги опседнува мислите ... ако веке неколку месеци не сме заедно на моменти ми е многу тешко , ама некако помирливо тешко , онака тешко ми е ама знам дека да бев со него потешко ке ми беше , па си научив да живеам на некој начин со кнедлата во грло кога ке ми текнат некои работи , со тоа што во касните саати сум најголема лигла на свет ... Продолжив со тоа што најдобро го знам , да излегувам да се забавувам и да се мувам за без врска , евентуално да се дружам со фак френдот од време на време и се смеам повеќе од било кога , ке ми прејде насмевката во навика , па може ке и прејде и во навика секогаш да биде искрена и од срце always look on the bright side of life D
Зависи од врската. Ако врската била добра и стабилна и наеднаш се прекинала тогаш тежината е неизбежна и ќе треба да мине време за личноста биде подготвена да започне нова врска. Најчеста грешка што се прави по прекинот на долгите врски е тоа што веднаш луѓето од инает влегуваат во нова врска во која најчесто немаат никакви чувства спрема сегашниот партнер а се опседнати со животот на поранешниот. Во случај кога врската била држена на сила, со бројни прекини и смирувања, со чести караници меѓу партнерите, врска во која немaло разбирање за потребите и мислењето на другиот и двајцата партнери би требало да чувствуваат големо олеснување бидејќи навистина намаат за што да жалат.
И јас би рекла зависи од врската и од причините поради која што е прекината.Ако врската била измачување за некого тогаш сигурно е олеснување.Но ако било убаво и поради Х причини истата прекинала тогаш сигруно тежина а воедно и животот после таква врска.
ЗДРАВО нова сум на форумот па сакав да ве прашам за совет? вака имав сериозна врска од година иполн почетокот беше добро но ете го изневерив дозна и ми прости е оттогас значи почна неподносливото на секој збор што ќе го кажам лажам на се ми викаше да се кнам во дечињатаа на сестрами ништо не ми веруваше не смеев да излегувам од дома без него значи само до кај другарка и кога ќе си дојдам пак исто се измачувам година ипол и денеска бев на колоквиум ме тера да се кнам дали сум застанала со некогоо машко не смеев здраво да направам со машко а не па муабет и се испокараме оти ми се смачи од неговот понашање и раскинавме и сега знам дека ќе се јави ама незз сто да правам немозам веке вака.знам дека не бев во право што го изневерив ама кога ми простил мислам нема причина вака да ме нервира плсс за совет
Oливера,каде ти беше паметот кога го изневери ?со неговото однесување белким ти е јасно дека не ти простил и секогаш ќе го јаде црвот.требало да раскинете одма штом дознал за неверството штом немал искрена намера да ти прости,но барем се обидел и не го обвинувам.не се измачувајте и двајцата,дури и да не го изневериш повеќе , и да не прозбориш со машко доживотно што теоретски не е можно,сомнежот секогаш ќе постои.затоа секој по својот пат,оти иронично е да се каже дека се сакате и можете да поминете се заедно.некои работи едноставно не се простуваат,а неверството е една од нив. извини ако бев груба,но научи ја лекцијата
Јас сношти си ја прекинав да ја наречам сериозната врска, не толку сериозна колку што беше долга... и не знам што сега, што понатаму... толку не сум плачела од кога починал дедо ми... тешко ми е и можеби се однесувам како тинејџерка во пубертет, ама почувствував како е да изгубиш некого кој ти бил се. Исто како тој да почина ете исто така изреагирав. Се надевам дека побрзо ќе помине...
И јас доживеав неверство, дури беше многу полошо.. Не го оправдувам зошто вака се однесува, ова е премногу, но пробај самата да се ставиш на негово место, запрашај се дали ќе имаш доверба повторно како некогаш? Мене ова ми се случи пред година и неколку месеци, ме изневери на самиот почеток, му текна дека се кае, па молеше, колеше ајде простив. Не простив поради него, туку поради самата себе, зошто уште го сакав и ми беше тешко. НО, и кога се смиривме јасно му дадов на знаење дека нема да биде ништо како што било. Довербата исчезна, тој беше виновен. Се претворив во инспектор, но сепак тајно се трудев да го испрашам за се`, не толку очигледно и воочливо иако и самиот знаеше што ми беше целта. Ова неговово е претеризам, но стравот повторно да биде повреден мислам дека му е посилен од љубовта која што ја чувствува. Премногу се внел и вложил најверојатно во вас и она што сте го имале, а она што го добил за возврат го убило на некој начин и го претворило во нешто што јас верувам дека не е. За почеток зошто не седнеш и не направиш муабет со него, ама издржан муабет? Зборувај му искрено, од срце, кажи му дека никој не сонува за врска како вашата, дека знаеш дека си погрешила, дека се каеш и дека ти е жал, но дека повеќе никогаш не би направила нешто што би го растажило и повредило. Пробај вака, доколку си сигурна дека го сакаш и дека нема да изгубиш контрола повторно.. ако го повредиш уште еднаш, верувај ќе се претвори во монструм.. И тој има срце. И за крај, не знам колку време ви има поминато од оваа случка да речам во врската, но треба и самата да знаеш дека довербата не се гради толку лесно. А може и тоа што дознал од друг за неверството, да е дополнителен „зачин“ во веќе лошата ситуација. Размисли и тргни првенствено од своите чувства, дали би имала нерви да градиш нешто од почеток. Зошто веќе нема врска колку време сте биле заедно, туку колку од тоа време ви било вистински убаво и квалитетно искористено. Среќно.
Sve zavisi od vrskata,kolki i da se osekjas slobodno,ili tazno sekogas se tuka spomenite da te rasplacat,ili bar da te nasmeat od srce
Се зависи нормално од врската, како се одовивале работите. Во мојот случај беше олеснување, и тоа големо, ама спротивно од тоа за него беше тежина. И така како и во секоја врска, секоја различно ја поднесува разделбата.
Според мене, крајот на една сериозна врска секогаш претставува тежина. И како да не биде, кога сте поминале години со една иста личност, сте поминале убави и помалку убави мигови, сте ги делеле соништата, желбите, сте правеле заеднички планови за иднината, и кога сето тоа во еден миг ќе се сруши, не може да претставува олеснување. Можеби времето што минува ќе донесе олеснување, но после раскинувањето е сепак само тежината што останува во душата...